July 22, 2008

Јазична полиција

Бугарска заебанција, ама нашиве озбилно ќе ја сфатат

Ако ова не е тоталитаризам, мислам еклатантен пример за нарушување на секаква слобода, не знам тогаш што треба за да се разјасни каков режим имаме на власт:

Стопанствениците што својот рекламен материјал ќе го напишат на латинично писмо ќе платат високи парични казни. Нема да бидат поштедени ниту оние кои, на пример, наместо продавница ќе напишат „шоп“. [A1]

Сите македонски фирми, институции, општини, медиуми… наскоро ќе мора да почнат сериозно да се занимаваат со правилна употреба на македонскиот јазик. Оние што се задолжени за рекламните паноа, на пример, доколку бидат напишани на латинско писмо, ќе платат висока казна. Фирмите, излозите, кафулињата, рестораните… своите натписи ќе мора да ги транскрибираат од латинско на кирилско писмо, освен оние странски фирми чии имиња се еднакво исти насекаде во светот. Одделни емисии во електронските медиуми, пак, наместо на англиски јазик, отсега ќе носат наслови на македонски јазик. [Утрински]

Колку дена поминаа.. колку закони се донесоа.. брои некој? Страшно. Што е следно? Мењање на календарот - 24ти Цутник, 7551 (по античко, пардон древно - македонскиот календар).

July 21, 2008

Блог препорака: Леви Љупчо

New World Order - блог на Леви Љупчо - млад, гневен, освестен. Сеуште трага по правата идеологија (а при тоа промовира своја). Не ебе жива сила, со еден збор - растура. Освен МКлевица, Солза и Мара, еден од ретките левичарски блогови во морето наци(онали)стички шлаем на Блогерај.

Мојот омилен пост од неговиот блог: Фашизмот одново се раѓа. Дрско и генијално.

July 20, 2008

Од насловната на “Авги” од пред некој ден

Статијава излезе пред некој ден (мислам дека 17ти) на насловната страница на грчкиот левичарски весник Авги. Потпишани како ко-автори сме јас и Димостенис Пападатос (Димос сепак ко уреди текстот бидејќи знае грчки :) ). Неговата намера беше текстот има пред се ироничен тон. Благодарност за преводот од грчки на македонски до Томи од Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива.

СРЕДБИ

SICKNESS HAS FUN

На Анастас Вангели и Димостенис Пападату – Анагностопулу

ДОДЕКА водачите на нашите земји разменуваат писма и комплименти во вид на паралелни монолози, покриени од страна на регрутираните средства за јавно информирање, а со оглед на тоа што не се наоѓа во нашите краткорочни планови да станеме премиери на нашите земји, помисливме да ставиме неколку мисли во еден заеднички текст, со цел да покажеме дека понекогаш, како и да гледате на работите, пореметеноста може да биде и забавна.

Во силната Грција се случува нешто веројатно предвидливо.

Една Влада која се дави во скандали и во социјално незадоволство, и една партија исто така корумпирана, без доверба и подбивна каква што е ПАСОК, се натпреваруваат во патриотската лутина по повод писмото на Груевски испратено до грчкиот премиер. Ако не постоеше национализмот на другите (Македонците н.з), ќе требаше да го измислиме, затоа што сега се дава прилика да се посочи кон него како национализам кој го минира мирот, а кога станува збор за “нашиот” (грчкиот н.з,) национализам, тој е патриотизам, потполно легитимен иако директно заканувачки: “Крајниот национализам (на другите) жнее бури ”. Госпоѓа Бакојани не алудира (се надеваме) дека одиме кон војна, но како и да е, не беше сигурно една изјава на солидарност, барем не кон оние во соседната држава кои не се согласуваат со Груевски.

Со истата “логика”, етничките малцинства надвор од Грција треба да се заштитуваат според меѓународните стандарди. Во Грција, пак, живееме една светска уникатност: овде не постојат етнички малцинства. Додека за некои пак “славокомунистички бегалци”, не е можно да се враќаме 60 години назад и да зборуваме за конфискација и спонзорирани етничко-социјални друштва. Демек да гледаме само напред, па и ако за тоа треба ANT1 да го оживее ЈЕНЕД (поранешен канал на армијата н.з.): “Скопјаните ги покажуваат нивните намери ” со средбата во Лерин. Лоши намери од нив; вооружување од Саркози за нас. Или да погледнеме напред како господинот Папатемелис, кој, ако не постоеше Македонското прашање ќе го паметевме само по забраната за работа на ноќните клубови после 2.

Во горделивата Република Македонија, пак, неодамна открија едно племе од Хунза во Пакистан, вистински наследници на Александар Велики. Тоа посебно племе, живееше изолирано две илјади години, чувајќи ја тајната на Македонската империја. Еден куп “научници” кои се вмешани во случајот даваат “неверојатни” факти: Македонците и Хунзите делат ист генетски код, нивните јазици имаат заеднички корени и нивните традиции и симболи доаѓаат од античко време… Кралското семејство, односно кралот лично ќе испраи порака до народот на 18 Јули на еден голем хепенинг на централниот плоштад во Скопје, ќе бидат прошетани низ земјата, ќе сретнат високи официјални личности , но и челникот на Црквата, а во целата еуфорија дури и се спомена отварање на Музеј на Македонската Култура во Пакистан, за Хунзите да имаат еден спомен од земјата на нивните предци. Тоа што Хунзите се муслимани, дека беа освоени од Британците - генерално, нивната комплицирана историја - изгледа не загрижува никого.

Натаму, во центарот на Скопје осамнаа постери: “не одете на одмор во земји што го негираат вашиот идентитет”. Станува збор за една кампања за зацврстување на националниот идентитет, а веројатно и на внатрешниот туризам: на другите постери на кампањата пишува “Ја сакам Македонија”. Бизарноста е во тоа што од најтуристичкиот дел на земјата, Охрид, истите тие денови, беше јавено за напади и изнудување пари од скопски туристи, како кулминација на една тивка нетрпеливост помеѓу Скопјаните и Охриѓаните веќе повеќе години.

А што се однесува до Македонците од Егејот, за тоа колку некој навистина е трогнат од нивната судбина сведочи фактот што на пример, за скржавите луѓе се користи терминот “Егеец”, како анегдота. А за правата (кои неминовно им следуваат н.з) - политичарите се сеќаваат на нив само кога треба да освојат поени од тоа.

July 20, 2008

Клетви од големите Македонци

Ова е чист патриотизам, љубов кон татковината, искрени емоции, милина..

July 19, 2008

Прашање за размислување

Доколку убиените Пакистанци во Раштански лозја беа Хунзи, дали тогаш случајот има елементи на братоубиство (освен што е замешан Брат Љубе)?

July 19, 2008

Апсењето на Заев беше најавено уште пред неколку месеци, ама кој да си поврзе

Гусарот, отворен поддржувач и апологет на владејачката политика, нам познат по блогот “Долу влада!” (зад кого застана голем дел од блогосферата кога имаше фрки со полиција заради својата онлајн дејност), уште на 14 јануари објавил ваква вест: До СДСМ

Веста се состои од сликава:

И, одоздолу: “Затоа, уживајте во празнициве!”

Од ова недвосмислено се гледа не само намерата да се апси, туку и ќефот и сладострастието со кои целиот чин е пропратен (малтене фетиш).

А ако некој каже дека режимов не е во најмала рака авторитарен - па сликава всушност е адаптиран постер на Репортери без граници, по повод Олимпијадата во Кина, како потсетување на тоа дека тамошниот режим масовно крши човекови права (конкретно, апсење новинари). Ако нашиве пропагатори се гордеат со нешто што во светот се користи за еден друг режим да биде изведен на столбот на срамот, ондак јасно ви е за вредностите кои овде се сервираат. И тоа Гусарот е новинар, а адаптира постер кој е првенствено наменет да упати критика на апсењето новинари.

Оригиналната слика

Јас не сум член на раководството на СДСМ, ама кога глеам како се промовираат некои идеи, и како после тоа се спроведуваат, ме фаќа страв.

July 17, 2008

Збогом Брус Ли

Вчера го зголемија буџетот на тајната полиција за 60 пати. Никој ништо не образложи. Дали ќе се работи 60 пати потајно, или ќе се следат 60 пати повеќе луѓе, не знам.. тоа е увод во дистописко сценарио.

Го уапсија вториот човек на опозицијата и најпопуларниот градоначалник во Македонија. Презумпција на невиност нема. Кој е следен?

Опозиција во парламентот нема. Непречено чекориме напред во преродбата. Демократија цути.

Претседател на Врховниот суд е човек со еден месец искуство како судија, а воедно кум на претседателот на Собранието. Нема ништо спорно тука. Подобар кандидат бил од другиот.

Од илјадници блогови, катаљарда се опседнати со Хунзите, го бараат античкото во себе, му се поклонуваат на кралот, а само пар блогери пишаа критички став према тоа прашање. Јанко сепак најде за сходно во колумна да ги опее тие 0,1% кои мислат различно: “(…) Деновиве, јадот и бедата на тнр квази-енџио-авангарда на левицата се собрала на последниот за нив медиум - блогерајот и врескаат скоро во хистерија за доаѓањето на Хунзите кај нас (…) Драга моја јадна вавангардо, чии слуги сте? Зарем ви е подраго да работите за било кој педофил-бирократ од западот одошто било кој наш човек кој народот го почитува? Без поговор прифаќате се однадвор, а омаловажувате што ќе дојде одовде. (…)”.

* * *

Признавам, страв ми е. Ми трепери тастатурава. Имав гз на 18 години во весник да пишувам колумни со наслов “Алфа збира” во периодот кога Алфите почнаа да пируваат низ Скопје.. имав гз да пишувам за краставиците на Бучко, за скандалот Ел Масри и сл. Дури имав храброст и на претседателот на државата лично у фаца да му спукам работи за НАТО пред некој месец на средбата со студентите на Правен (на Правен долго ќе се збори за тоа).

Ама многу ми требаше да го објавам текстот “Психологија на ВМРОизмот” неколку дена пред изборите, и никој не го ни примети. Можда сум имал среќа (пошто ако го приметеа ќе ме жигосаа и потепаа), а може се’ е до тој степен лоботомирано да не ни се забележува дури и порадикален став.

Сепак останува обврската кога мислиш дека нешто не чини да приговориш. А првиве денови од Преродбата 2.0 мене ми мирисаат на тоталитаризам. Страв ми е, никогаш не ми било страв да кажам нешто јасно и гласно како што ми е сега. Ме пукаат паранои, се колебам по сто пати, стотици постови се ненапишани, колку повеќе гледам вести, толку повеќе се револтирам, но се јавува и Трпе во мене - “ведната глава сабја не сече”.

Ова е мој очаен обид да приговорам на се’ што се случува, да приговорам на тишината и молкот на оние кои се свесни за тоа и да најдам бар еден истомисленик. Амин.

July 17, 2008

Заборавен лик

[слика земена од тука]

го заборавив текстот
а мислев не се заборава така лесно
ги заборавив сите зборови
запишани
избришани
проголтани

заборавив на сите стихови
заборавив на секоја буква
на сите мигови
заборавив
а мислев не се заборава

заборавив дека
треба да се лови секој миг
да се доживее
да се зачува секој восхит
секој стих
да се зачува длабоко
да не дозволиш
се’ да се заборави

да испари
до последен стих
до последен здив

***

заборавив дали те заклучив
не знам
не се сеќавам
знам само дека одлучив
да те удавам во заборав

така е полесно
така не ме боли текстот
од секоја песна
од секој стих

но само едно сеќавање
само еден миг
повторно надоаѓа слика
повторно надоаѓа крик

тешко се забораваат некои ликови
тешко си заборава
кому си посветил
толку многу стихови

***

го заборавив текстот
мислев не се заборава лесно

сега мора да испеам нов
посилен
жесток

July 16, 2008

Од настапот на Fighting Windmills на Exit 08

200-300 луѓе на нашиот стејџ, пола саат рокање, атмосфера на ниво, Бука заврши со најбесното свирење валкајќи се по земја, Нина го скрши бубањот, Ена успеа да се справи со техничките проблеми на виолината, Бумбарчето весело леткаше на сите страни, а јас разуздано пирував. Публиката добро реагираше, играње, шуткање по малце, тие шо ги знаеја песните ги пееја со нас..

Рок ѕвездата да се запази (у позадина MTV лого):

Ко ќе пристигне официјално видео или сл. благовремено ќе биде постирано. Ваљда ова беше моето опростување со бендот (летово нема више свирки, а од есен јас заминувам), и ваљда у некој друг пост ќе пишам што ми значи и како јас го доживувам.. у секој случај, супер искуство, добра промоција, и гачки што ќе се раскажуваат еден куп.

July 16, 2008

Хунѕини крилјя как да си метнех?? - Малку Разум

целосно пренесен текст од блогот на рокси, мора да се прочита, задолжително

ЛИНК ДО ТЕКСТОТ

Ако сте мислеле дека колективното лудило , национал хистеријата , епилептичниот антички фантазам, која ги зафаќа луѓето од време на време во земјава (или пак никогаш и не престанува) , нема да може да прејде на еден друг пофанатичен ниво , сте се излажале.

Веќе подолг период на Скајнет каналот во својата емисија Македониум, водителката Мара покрај снимената репортажа за Бурушите од Хунза регионот ( ги викаме, хунѕи) се навраќа често на темата Хунѕи, со евоцираање на нашата поврзаност со нив, тие како вистински потомци на Александар Македонски, ние како вистински потомци.. и така се до моментот кога и свечено ја најави датата на нивното доаѓање.

Гледајќи ја репортажата, слушајќи ги разговорите кои таа ги води со своите гости во емисијата македониум, потоа гледајќи ги нејзините ангажирани следбеници и милитанти низ интернет просторот како ја рекламираат, актуализираат и пропагираат темава, таман сте помислиле, темава ќе остане во Треќе око, Арка, Дисковери каналот и слично., разбирате дека сте во заблуда и дека парадата е започната.

Спротивно на тоа што верувате дека во едно нормално разумно граѓанско општество ќе се случи, дека ова би останало во рамките на некаква соработка со еден наш институт со тамошниот, наши антрополози, археолози професионално ќе вршат студии, напротив, Хунѕите се повикани како гости на државно ниво, Македонската Православна Црква е сериозно ангажирана во проектот и во Соборниот храм ќе се врши некаква церемонија, а еден од тие свештени лица и посебна молитва составил по повод настанот, гостите се повикани, за да сето тоа благословено се пресели на плоштад во една голема прослава во чест на Хунѕите , поточно (Е)Мирот на хунѕа со својата жена , кралицата Рани Атика.

Еден од главните авторитети цитирани во врска со тоа тврдење дека овие Буруши од Хунѕа регионот се директни (акцент на директни) потомци од војската на Александар е д-р Илија Чашуле кој работел на темава и престојувал 2 месеци кај луѓево.

- Читајќи некои пренесени текстови од И. Чашуле кои често пати се цитирани кога се зборува за неговото истражување, лично мислев дека се занел во теоријата и романтичарски земал навистина да тврди дека нашиот јазик е сличен или има сличности со бурушаскиот. Доволно е малку повнимателно читање на тоа што тој го вели и очигледно е дека тој како лингвист , оди многу подалку во истражувањето во мислата, и заклучува дека бурушаскиот јазик има допирна точка со Бриг јазикот, практично е негов наследник , но со кој и ние имаме на некој начин со тоа што Бриг јазикот потекнал од овие краишта и се зборувал и во Мала Азија во пре антиката , па отишол уште подалеку (накај индија) оддалечувајќи се од нас ( последново е мој заклучок)

Понатаму И.Ч вели “Секој од балканските јазици може да се разгледува и според тоа што зачувал од старите балкански јазици (бригискиот, тракискиот, старомакедонскиот, итн.).“ Од она што Чашуле кажува на моменти се гледа дека е внимателен со тврдењата во врска со јазиците, нивната сличност и потекло, за на крајот дури да отиде во тотална крајност и митологија и каже дека …. Некаде во 13 век пр.н.е. дел од Бригите од Централна Македонија, според Херодот, се селат во Мала Азија и таму ја разгрнуваат една од најголемите светски цивилизации, денес позната како фригиска (бригиска). Од нив е царот Мида кој се претворал во злато, големиот баснописец Езоп е фригиски роб, Гордиевиот јазол… тие процутеле на територијата на денешна западна и централна Анадолија. Некаде во 7 век пр.н.е. Лидијците, а подоцна и Кимеријците ја совладуваат и речиси ја сотруваат фригиската цивилизација, потоа следуваат Грците, па Римјаните.

На самиот крај заклучува дека и самиот тој ги вчудоневидел и самите буруши –хунѕи.

“Еден од нив дури ми рече дека старите велеле дека се дојдени од Бурса, односно од Турција.
Јас, пак, им покажував дека нивната лексика е речиси иста со бригиската. Одеднаш народот и јазикот за кои се сметаше дека немаат врска со ниеден друг, излегува дека ја продолжуваат една од најголемите цивилизации! Кога им го објаснував тоа, тие беа вчудовидени“.

**********

Сето ова во колку останеше во сферата на репортажа, дебата помеѓу лингвисти, антрополози, историчари ќе беше сосема во ред и ќе беше дури од голема важност особено резултатите од тие разни истражувања, студии, размена на информации помеѓу стручњаци во оваа област од повеќе факултети-институти низ светов.

Затоа што се она што денес го откриваме, декриптираме и запознаваме од периодот на антиката ни припаѓа на сите нам, човештовото, а не да служи за некакво исполнување и разгорување на некаков квази-патриотизам, барање на вистината и докажување на светот кои сме.

Ова го потенцирам пред се затоа што невладината организација на Мара , 16’9 и некакви ликови како Ниче Димовски ја водат целата пропаганда на едно секташко ниво, со секташка формулација на самата тема која е прерасната во идеологија и која според мене само уште толку го заглупува обичниот човек, создава колективно лудило но од друга страна зајакнува авторитети (Мара,Ниче и подмладокот..) кои пак како во сите луди времиња ваквите воскреснати практично библиски елементи ги користат за некаква лична себе-глорификација од која на пат се да извлечат голем профит.

Мал дел, транскрипт од емисијата Македониум од 07 јули 2008.

Мара: Што е важно со нивното доаѓање?

Трње: Планот е да се изгради македонски културен центар во Хунза каде што нели, младите луѓе и воопшто целиот народ во Хунѕа ќе се образува малце на повисоко ниво.. за моменталната Македонија и целиот нејзин историјат со кој долго време биле отсечени они знаат за едно време од Александар Македонски но овдека уште има многу други херои.

Мара: Така. . Повеќе пати сум кажала , само ќе допринесе осветлување на тие бланкови во нашите македонски души ќе значи составуванње на еден вистински мозаик и ќе значи нешто можеби најважно.. а , ..веке,, .. нели… достигнување на едно ниво на резултати, со научни, научна тежина, научна вистина и пласирање на таа во светот. А…… за нас овде македонците ми се чини дека горе долу (после таа наша прва средба во 2005) луѓето слушнаа, луѓето го исперцепираа тоа , на вистинскиот начин и се свесни за таа конекција, она што ни претстои сето ова како наша вистина е да го пласираме во светската јавност.

Ниче: Така е… Тие доаѓаат, да го исполнат аманетот на нашиот и нивни цар Александар III Македонски, да му покажат на целиот свет тука сме меѓу своите, тука се нашите корени. Ние македонците.., отсекогаш сме биле домаќини, ги примаме со отворено срце и душа. Јас би ги повикал сите Македонци на 18 јули на плоштад да ги пречекаме како вистински Македонци. Да се осетат како меѓу своите , да направи една голема прослава после 2300 години и тоа да биде незаборавно, затоа што ова е една голема шанса која е неповторлива. Значи, како што реков , постои една шанса ..шансата ни е сега дадена . и нема назад.

Мара: Така.. ние сме тука со цел наш капацитет нели , да го вообличиме тоа во конкретен дочек во конкретно идни проекти што ќе произлезат од оваа средба и во потенцирање на македонското , секогаш кога сме ние во прашање, 16‘9.
(во еден друг момент на разговорот)

Ниче: Никогаш не постои шанса за прв впечаток, затоа ќе ги пречекаме со симболот на империјата , со 16 крако сонце на жолто на црвена основа и ј јас верувам дека луѓето ќе го ја бакнат македонската земја во која ние живееме , нарочито ние истражувачите.

Мара: Така.. а

Ниче: Ништо не е случајно. Ако е нешто случајно некој однапред добро го смислил.

?

**********

Во колку додека го читате дел од транскриптот од емисијава нешто не ви е јасно и мислите дека се грешка во куцање или пропусти некои, вистината е дека овие елоквентни wannabe историчари-научници етнолози навистина водат ваква дискусија и си зборуваат на нивен некој јазик.

Некои од вас додека го читаа ова сигурно го забележаа она што авторитетниот Ниче го кажа: “нивниот и наш цар Александар III Македонски“ што обично некој ја познава оваа тематика не би го кажал , особено затоа што Александар не бил цар, затоа што етимолошки титулата цар се појавува во славјанскиот свет дури во средниот век од страна на руските дворови, и самиот збор е извлечен од латинскиот caesar.

Непростиви пропусти кои се направени од страна на Мара и овие сателити како Ниче и другите се тие што по секоја цена се форсира и истакнува некаква автентичност на овие луѓе хунѕа кои се од средниот Хунза регион

(во горниот хунѕа регион живеат Гоџал а го зборуваат јазикот Wakhi кој е поврзан со иранските јазици како и таџик јазикот)

(во долниот хунза регион , живеат Шинаки а го зборуваат Шина јазикот)

Имено, во репортажата на Мара таа истакнува како овие луѓе Хунзи (Буруши) (нашите браќа и сестри) живеат во изолација “сами во својот микрокосмос“ (како што евоцира Мара во репортажата) , ја пренесувале вистината 2300години за Александар, живеат потполно сплотени со природата одвоени од цивилизацијата и туѓите влијанија и со самото тоа тие се автентичен доказ за оставената култура (аманет?) од војската на александар.

Она што забораваат и едноставно не сакаат да кажат , низ репортажата или разговорите е тоа дека овој Хунза регион како кнежество е оформено во 15век , 1869 год. влегува во Jammu-Kashmir и опстојува така што за сите каравани наплаќа такса за поминување низ хунза регионот , пари кои одат директно кај Mir-от кој пак им гарантира сувереност. Ова прекинува во 1881год. кога ова кнежество паѓа под британска контрола во периодот кога британците ја креираат Gilgit Agency основана за пружање отпор кон руските претензии во централна Азија.

Луѓето од овој регион кога го спомнуваат Александар го викаат Искандер како што е во исламскиот свет.

Инаку зборот Mir кај нас е дојден од рускиот и значи мир или свет, додека Mir е титула која доаѓа од арапската титула Емир. Во многу јазици се користи Мир (а не Емир) кои се или биле под исламско влијание како што е пашто, урду , персијски и значи водач на група или племе во Иран, Авганистан и Пакистан.

Првиот Mir во Хунза регионот e Salim Khan и Shah Sultan Kan.. за кои датите на нивното владеење не се точно познати. Потоа листата е долга..

Salim Khan II

Shah Sultan Khan

1710 – непозната дата Shahbaz Khan

непозната дата- Shahbeg Khan

1750 - 1790 Shah Kisro Khan

1790 Mirza Khan

1790 - 1825 Salim Khan III

1825 - 1863 Ghazanfur Khan

1863 - 1886 Mohammad Ghazan Khan I

http://www.travelpod.com/travel-photo/hunza/shangrila/1058168520/hunza_valley-pakistan.jpg/tpod.html
1886 - Dec 1891 Safdar Ali Khan 15 September

1892 - 22 July 1938 Mohammad Nazim Khan K.C.I.E

22 July 1938 - 1945 Mohammad Ghazan Khan II

1945 - 25 September 1974 Mohammad Jamal Khan

Имено ова кнежество е оформено во периодите на исламските мисионери и инвазии од втората најголема бранша во исламот позната како Исмаили Шиа Муслимани следбеници на Ага Кан . Познати се и како шиити. http://en.wikipedia.org/wiki/Shiism

Денес Aga Khan IV (роден во Женева,Швајцарија) преку својот Aga Khan Development Network помага со финасии за агрикултурата и локалната економија.

Да се зборува и претендира дека овие луѓе се во изолација и не преживеале исламизација преку инвазија од арапскиот свет, не преживеале британски колони војска кои го контролирале цел пат од тибет, и патот на свилата, марко поло трупи, и сето ова само во периодот од 10век до 20век не земајќи ги империите кои доминирале во 10те века кои претходеле на ова.

Многу е поверојатно дека сме ние директни потомци на Хуните отколку што се Хунзакутите на античките македонци.

Зборот хунѕа на бурушки значи стрела и ова е нивното знаме

За нас останатите на кои не ни треба да носиме црвена маичка со испечатено “Ја сум македонка“ или “I love Macedonia“ и “донесовме Хунѕи“ за да го афирмираат својот идентитет и докажат/покажат пред актуелниот непријател Грција (најверојатно и некои други) што се и кои се ни останува само прашањето – А што сега ?

Во период кога за да се биде дел и се учествува некако во играта на големите кои ја водат ’империјата’ треба колективно преку институциите да се работи на подигање на граѓанската свест, модернизирање на земјата, искоренување на корупција, кланови,мрежи.. вклучување кон тие европски тела како што сите мали земји направија (естонија,латвија,словенија..) ние правиме правиме чекор и се оддалечуваме од цивилацијата.

Она што се смета за реформа и работење кон реформите потребни за да бидеме поблиску до денешниот модерен свет, по се изгледа е правење биста за Јустинијан први (со кој памет??) и скулптура на воин пред зградата на Ибни Пајко, се носат Хунѕи по плоштади, се гради нова црква на плоштад, се прават плејбек концерти ЗА МАКЕДОНИЈА во кое сите се облечени во црвено-жолтко и малечките знаменца се набутани дури и во виолините на свирачите, огромна неколку метарска биста се прави за Александар Македонски ама во Украина… сето тоа некој го плаќа , на журката и нема крај.

Истовремено училиштата ни се распаѓаат и можеби на пат е и тоа да се приватизира, здравствениот систем е во армагедонски колапс, јавната администрација е античка трагикомедија со хичковски the end, низ медиите се води најдолен шовинизам и примитивизам што од гледачите кои се јавуваат низ емисии и се натпреваруваат кој повеќе ќе викне “јас ја сакам маконија!“ “јас сум македонец!“

за да се тоа биде овековечено со реплики како таа на Јанко буреко , “да и го закачам на Бакојани“ , “бакојани нема видено пенис“ и липотимичниот транс на Миленко со неговите гости историчари со кои си прават муабети за топографијата и топонимија од 454г пред нашата ера, поставуаваат прашања Зошто европјаните се плашат од нас се плашат да ја признаат нашата супериорност и големина?, и така …

Ние сме најсилните, најпаметните, најписмените, воено најголемите стратези во светот ама светот тоа сеуште не го знае.