September 1, 2008

Владата доследно ги спроведува законите

Само што бев да испитам, не може да се купи пиво нигде (зборам за продавници, трафики, супермаркети).

Со нови вести, деновиве.

August 29, 2008

Ветераните од Ирак против војната со перформанс на Демократската Конвенција

Со цел да им ја прикажат нивната верзија на приказната на граѓаните. Видеото е од каналот на Мајкл Мур.

Iraq Veterans Against the War is conducting an Operation First Casualty exercise here in the streets of Denver because the first casualty in war is truth and we are out here to bring that truth home to the people who need to see what’s being done, in their name, overseas.

Останавме ние, Американците, Тонга, Монголија и Сингапур и уште некој.

Малку посеверно од Ирак, Грузија и Русија ги прекинаа дипломатските односи. Руските и американските воени бродови се на дистанца помала од 200 км.

Во меѓувреме, дома се случува ова.

Од време на време снемува струја. Не е на арно.

Ова чисто онака, да се разбие августовската улежаност.

August 14, 2008

Грузија ја порази Русија (со слики)

At the press conference, the Russian players sat looking sullen. At one point Russian player Uryadova muttered that they hadn’t lost to Georgians but to “our Brazillian friends” after being asked repeatedly about the war and pressure to win. ‘We were not actually playing against the Georgian team. We were playing against our Brazilian friends here,’ Uryadova said. [link]
Натурализирани, што и не е толку важно, Грузијкобразилките ги поразија Русинките.. во секој случај, многу поубава глетка отколку она што се случува во Грузија. Имало малце препирки, но за мене тоа е у втор план. Ова сепак се многу почовечни слики од оние што го преплавија светот последниве неколку дена.
August 13, 2008

Beirut - The Gulag Orkestar

They call it night,
they call it night
and I know it well

July 30, 2008

Движење за социјална правда - Ленка

Завчера беа удрени темелите на левичарската организација “Движење за социјална правда - Ленка”.

Мај 2008, на Правен Факултет

Март 2008, анти-НАТО протест

Како што вели Рене (еден од членовите):

Во оваа време кога во нашата земја успеаја да наметнат неолибералистичко едноумие, кога националистичките страсти успеваат да ги распалуваат на толку евтин начин, кога ги гледаме од високо теократските (исламски) земји, а ние забрзано чекориме во таа насока, кога агресиите и окупациите на народот успешно му се продаваат како мировни мисии – едноставно неизбежно е левицата да го крене својот глас. […]

Она „Ленка“ доаѓа од истоимената песна на Кочо Рацин. Ако се сеќавате на песната, Ленка е работничка која социјалните услови ја принудуваат да прифати работа која е штетна по нејзиното здравје и која не ја сака. На крајот, нејзината работа ќе успее и да го одземе нејзиниот млад живот. Песната е одличен пример за разликите во животот во капитализмот: само поради тоа што има повеќе пари, некој може да ужива во сите убавини во животот, а некој ќе се отепа од работа и пак нема да може да живее достоен живот. За да нема такви работи, мора да има социјална правда!

Покрај тоа, со името му го даваме конечно заслуженото признание на „нашиот најголем поет“ Рацин. […] Една од работите што беше најтипична за Рацин беше неговото гесло: „Ќе победиме!“ Иако живееше во период на диктатура во Југославија и на наплив на наци-фашизмот во Европа, Рацин секогаш ги бодреше своите партиски другари со неговото „ќе победиме!“ Затоа и јас викам, ако Рацин можеше во 1930-тите оптимистички да вика „ќе победиме“, тогаш можеме и ние денес среде ова неолибералистичко едноумие и националистичко оргијашење сепак да порачаме: ЌЕ ПОБЕДИМЕ! [Левичарски блог]

Јуни 2008 - свирка на факултети

За мене “Ленка” има и дополнително значење, затоа што како женско лично име е и statement против патријахалниот дух и мачоизмот.

Во оваа организација се обединуваат иницијативите “Не пиеме нафта! - Повлекување на македонските војници од Ирак!”, дел од активистите кои ја покренаа иницијативата “Не за НАТО! Не за Македонија во НАТО!”, македонските активисти од Антинационалистичката Антимилитаристичка Иницијатива која беше водена заедно со грчките активисти, како и студентското движење за одбележување на 1968 и трибините и свирката “Пред и по нас”. Идеолошките профили се разнородни - социјалдемократи, демосоцијалисти, троцкисти, анархисти, феминисти, ситуационисти - но обединети врз основа на заеднички цели и ургентноста на денешната политичка ситуација. Наскоро ќе биде пуштен во функција и веб сајтот на организацијата и ќе бидат отворени вратите за нови членови.
Редовни активности се планираат многу скоро, а се надевам дека конечно во Македонија ќе се роди автентична прогресивна мисла и вистинска левица, која во овој период кога и де факто не постои опозиција (и таа што остана малку во парламентот кукавички напушти кога е најпотребно да се застане на патот на диктатурата), ќе успее да го амортизира налетот на злата патријахално-конзервативно-романтичнонационалистичко-црнокапиталистичка фаланга, која во своето лудило, успева да го убеди народот дека и најгрешните потези ги прави за општото добро. Луѓето велат “кај нас такви работи не проаѓаат”, но јас велам дека има доволно вакуум-простор.. кога можевме да организираме свирка на факултетот, кога можевме во Атина да говориме на македонски под име Република Македонија, кога можевме да добиеме почести од регионални и глобални левичарски организации и медиуми, зошто не би можеле да имаме поголем ефект во реално време, на реалните проблеми! Сега за сега можностите се тие, но предавање нема!
ЌЕ ПОБЕДИМЕ!

ПС. Оние кои се заинтересирани за членство, додека да биде пуштен во оптек сајтот на организацијата, нека остават коментари, или нека пишат мејл сеедно, ќе ве имаме сите в предвид.

July 29, 2008

Онака, осеќам дека треба да се заокружи една целина

Со ова у позадина:

Нарушено здравје ко старец (да ме чуе некој како кашлам), живчан&дефокусиран (се осеќа и по блогов), исцрпен (да ви даам слика?!), наизменично сјебуван, систематски, од повеќе страни, највише од сам себе (отвори категорија “поезија” или “патетика”, лелееее :) )

И НИШО НЕ МИ ФАЛИ, можда само малце поише елан?!

Сум заборавил колку блогов може да биде вентил, особено коа се собрало.. а се собрало :) да ми кажувал некој што ќе ми се дешава и како ќе размислувам сега, па пред едно 3 години, ќе сум го напраел будала.. (отвори категорија “активности”)

Како и да е, прогласувам одмор и десетина дена пауза, ваљда ќе се оздраам, опраам и ќе залечам лути рани од ножеви, копја и сабји..

И аман више да не пишувам поезија некое време.. пресисав.. али како тргнало.. злото се мултиплицира :)

Да не го дрвам, во меѓувреме слушајте Силви Бонд и пазете да не ве уапсат.

* * *

Се’ си мислам дека учев погрешен факултет..

July 27, 2008

Силви Бонд со свежи песнички

Силви Бонд е најсимпатичниот музички проект на светот, во кој јас се обидувам да бидам вокал..

Силви Бонд се (од лево на десно): Филип Вирановски - Бумбар (бас, клавијатури, тарабука, труба), Филип Букршлиев - Бука (електрична, акустична и сурф гитара како и вокали) и ја (вокали)

Снимивме убав материјал, за натака ќе видиме.. спонтано :)

Шест траки качени се на MySpace, па кој сака, нека чуе..

July 27, 2008

Малце блуз за вакви денови

Да одмориме од диктатори и диктатури: Muddy Waters - Mannish Boy

Read the rest of this entry »

July 27, 2008

Работници, кој ве ебе!

Со последните измени на Законот за работни односи, што Собранието ги усвои деновиве, продолжува трендот на намалување и кратење на работничките права во Македонија. Клучните промени се однесуваат на:

- Договорите за работа на определено време се продолжуваат на пет години (претходно четири).

- Работодавците веќе немаат обврска да им исплатат отштета и заостанати плати и придонеси на работниците што ги отпуштиле, а судот ги вратил на работа.

- Скратување на правата на работниците што работат ноќе, при што работодавецот смее да им наложи неограничено да работат во трета смена.

- Укинување на обврската на Фондот за ПИОМ и Фондот за здравство да му доделат фотокопија на вработениот од неговите документи за осигурување, со што работникот нема увид дали му се плаќа социјалното осигурување.

- Работниците веќе не можат да бараат паричен надомест за неискористените денови од годишниот одмор.

- Годишниот одмор е сведен на 20 дена.

[линк: Левичарски блог]

July 27, 2008

Прашање за логичко заклучување

Подобар парламент е оној кој
а) расправа, отвара прашања, заглавува во (критички) дискусии, ги претставува интересите на граѓаните
б) носи закони со ненормално темпо, без дискусија, ги легализира предлозите на Владата

(хинт: зборот Парламент етимолошки потекнува од францускиот глагол parler што значи “зборува”)