July 16, 2010

За кандилата во политиката

По повод митингот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и говорот на Груевски.

Реториката проследена со верски, но и со суеверни моменти, како и со милитантен и националромантичарски занес е тотално анахрона и некомпатибилна со принципите на современата политика. Современиот политичар треба да е рационален и да решава конкретни проблеми, а не да пали кандила. Средствата со кои тој се легитимира се неговото образование, а не камата и кубурата. Припишувањето свети атрибути на сопствената етничка припадност, латентниот иредентизам и очигледниот национализам манифестиран од подмладокот на владејачката партија водат кон заклучокот дека најголемото „проклетство и немир“ за народот е тоа што во иднина ќе го водат политичари со ментален склоп типичен за 19 век. – оценува Анастас Вангели, магистер по изучување на национализмот и аналитичар во Центарот за истражување и креирање политики.

[01.06.2010, Време]

July 15, 2010

Во политиката нема место за Господ [интервју со надополнувања]

Што е, според Вас, заднината на посетите на црковниот врв на МПЦ на седиштата на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ?

Мислам дека нема некоја посебна заднина. Мојот впечаток е дека сите засегнати страни во случајов се однесуваат типично за досегашната воспоставена политичка практика во Македонија. Посетите на лидерството на МПЦ во седиштата на политичките субјекти и негувањето на политичките врски се еден од домените на дејствување на МПЦ, се типични за нејзиниот профил. Црквата во Македонија има изразена политичка функција и изразена бизнис функција, а помала екуменска и духовна улога. Одржувањето блиски контакти и со владејачката партија и со најголемата опозициона партија е навистина мудар политички потег- впрочем, партиите се менуваат на власт, а МПЦ останува, и мора да се грижи за сопствената иднина.

Од друга страна, во период на интензивна политичка мобилизација (без оглед на тоа дали е тоа за избори или не), интересот на партиите е да остварат контакт и соработка со што поголем круг на субјекти. Во најмала рака, добриот однос со МПЦ, која е најголема верска институција во државата, е од симболичко значење за политичките партии. Тоа значи дека и партиите го поттикнуваат политизирањето на улогата на Црквата, и тоа не затоа што ја гледаат Црквата како институција од духовно значење.

За СДСМ посетата на делегацијата на Црквата беше одличен пропагандистички момент затоа што се доби впечаток дека СДСМ му излегува во пресрет секому. На долг рок, СДСМ може да ја искористи сликата на партија блиска до Црквата, или на партија во мир со Црквата за привлекување на верници или поклоници на МПЦ, и со тоа да го наруши монополот на ВМРО-ДПМНЕ помеѓу конзервативните гласачи. Read the rest of this entry »

July 15, 2010

Вера и политика

Каков е односот помеѓу верските заедници и политиката? Што го загрозува мултиконфесионалниот карактер на државава? Ни се заканува ли меѓурелигиски конфликт?

На 02.04.2010 (или бар тој е датумот кога се качени видеата онлајн), заедно со професорот Цане Мојаноски, Есад Рахиќ и Африм Тахири од ИВЗ бев гостин во “Патот кон” на Алсат. Во мојот настап зборев за градењето верски објекти на јавен простор и зборував за правата на атеистите (мислам дека тоа е еден од ретките моменти некој да зборува на таа тема во јавна дебата во Македонија). Пробував да го испровоцирам малку претставникот на ИВЗ, меѓутоа, тешко е со политичар да се излезе на крај.

Линкови до емисијата:

July 15, 2010

Dynamics of Disillusionment

Before During After
State of coziness and ultimate comfort. Your illusions serve as determinant of your goals, formulate means to achieve those goals, directly set your criteria for what’s good or bad. You might not be immediately satisfied with the position you are in, but you are fulfilled because you at least have illusionary ideals, which are unquestionable and often attributed with sacred features. Basically, you know what you want, even though you may not know how to get it. State of awkwardness which gradually turns into anger, and ends in grief. You start questioning things, and question them retrospectively. You find an astonishing quantity of flaws in your reasoning and try to deconstruct the false image you have created. Your intuition boosts, you become more aware of the plurality of possible interpretations of facts. You become a bit paranoid and less enthusiastic. Basically, you don’t know what you want anymore, nor you know how to act. State of apathy with some traces of cynicism. At the end, you replace one illusion with another.
July 13, 2010

Октоподот Пол и нашата ограничена перцепција

Пред некој ден ја чув оваа досетка, за октоподот Пол и за фрустрацијата на секојдневното живеење во Македонија: му дале да бира помеѓу ВМРО и СДС.. и на крајот умрел од глад.

Меѓутоа, оваа „зезанција“ е тежок fail. И мене на прва ми се допадна, но кога размислив подобро следново ми падна на памет.

Приказната за „предвидувањата“ на Пол е дека тој всушност бира школка од еден од двата сада кои му нудат. Школките ги бира, секако, за да ги јаде. Во нашиов случај тој не се решава ниту за школката на ВМРО ниту за школката на СДС и поради умира од глад.

Објаснување зошто Пол умира од глад е дека тој е принципиелен или пак доволно глупав за да не ги одбере ниту ВМРО ниту СДС затоа што се „исто говно“ иако школките му се поставени само во садовите; ако сака да преживее тој мора да брцне кај една од партиите (што за него не е опција).

Тажно е што во приказната не е предвидена школка надвор од садовите. Потсвесното во вицот е прилично искрено: Пол сака да јаде за да преживее, останува само опцијата ВМРО или СДС и тој е „осуден“ на тој избор. Со тоа „вицот“ се става во функција на малодушноста на граѓанинот на Македонија, кој изборот не го гледа подалеку од политичките партии. Не постои ниту за спремност да се замисли школка надвор од садовите.

June 10, 2010

Деконструкција на митот за МПЦ

[оригинално објавено во Глобус 02.03.2010]

Со повикувањето на митологизирани историски наративи, МПЦ и нејзините сојузници си прават само лоша услуга

Пишува: Анастас Вангели

Еден од клучните моменти во развојот на македонското општество во последните десет години е зголемената улога на верските институции во јавниот дискурс. Од нив, секако предничи Македонската православна црква (по ново, со суфиксот Охридска Архиепископија). Read the rest of this entry »

June 10, 2010

Отоманските корени на Македонците

[оригинално објавено во Глобус 12.01.2010]

Отоманскиот период е последниот слој на историјата до каде може да се бараат корените на македонската нација

Пишува: Анастас Вангели

Се чини дека дебатите околу „потеклото на нацијата”, или популарно речено, околу „корените”, во етничкиот македонски кампус се толку присутни, што веќе за нив и не треба да се дава некој посебен вовед. Определен дел од учесниците во јавната сфера и граѓаните, сметаат дека со политиките на т.н. „антиквизација” се отвара дилема дали етничките Македонците имаат предоминантно античко или пак предоминантно словенско потекло. Во таа поделба, освен несмасните политичари, им помагаат врховните државни научни институции. На пример, во официјалната „Историја на македонскиот народ” во издание на Институтот за национална историја, се вели дека при интеракцијата на доселените Словени со античките Македонци, античкиот момент преовладал; во привремено повлечената „Македонска енциклопедија” во издание на Македонската академија на науките и уметностите пак, се тврди спротивното. Премиерот Груевски, од друга страна, при промоцијата на археолошките откритија пред две недели, овие дебати ги осуди како смешни, а потоа, во неколку пригоди кажа дека всушност и другите народи кои живееле на овие простори во минатото се важни за идентитетот на Македонците денес.

Read the rest of this entry »

June 10, 2010

“Anti-myth award” for 2009

I am late for months but still.. the people from the Globus magazine have manifested their appreciation for my work by selecting me as one of the top 10 significant non-politicians for 2009 in their special New Year’s edition, featuring a Vanity Fair-style triplet front page. This is what they have written about me [with a subsequent translation in English]

Антимит

Со разбивањето на стереотипите, па и заблудите на македонската наука токму околу таканаречениот македонизам, Анастас Вангели не само што го привлече вниманието на овдешната интелектуална и политичка јавност, туку се најави себеси како доминантен интелектуалец, чии размислувања не се обременети со ниту еден од македонските митови. Тој е еден од оние млади интелектуалци кои даваат надеж дека во оваа земја ќе може да се реализира и една здрава дебата.

Anti-myth

By dismantling stereotypes and the fallacies of Macedonian [social] science, Anastas Vangeli not only attracted the attention of domestic intellectuals and the political community, but announced himself as a dominant intellectual, whose thoughts are not burdened with any of the Macedonian national myths. He is one of those young scholars who gives hope to this country, and will be subject to a healthy debate.

The full article in Macedonian can be found here.

December 23, 2009

Македонската “антиквизација” како копија на грчкиот модел на градењето на нацијата

“Антиквизацијата” е тема која што ја истоштува јавата дебата во и за Македонија веќе втора година за ред. Критиките кои беа дадени околу процесот на “антиквизаторските” идентитетски политики воглавно секогаш беа поврзувани или со недостатокот од снезитивитет по однос на националното прашање, и оттука со споровите со Грција; или пак со недостатокот од прагматичност при алоцирањето државни пари, во контекст на економската криза. Во овој текст, ќе се обидам да ја ставам антиквизацијата во еден малку поинаков, можеби и малку авто-референтен контекст на еден поширок мета-процес кој опфаќа цела лепеза идентитетски политики и историски интерпретации (кои во еден претходен текст ги опишав како “неомакедонизам”), а кој всушост се занимава исклучуво со “помакедончување”, односно национализација на општеството.

Read the rest of this entry »

December 23, 2009

Демитологизирање на сеќавањата за југословенското минато

Наспроти желбата на расчистување со комунистичкото минато, стои реалноста дека тоа ќе станува се’ повеќе актуелно

Пишува: Анастас Вангели [оригинално објавено во Глобус на 24.11.2009]

Во Македонија подолг период тече процесот на ревизија на минатото. Тоа не вклучува само отварање на прашањата за „потеклото на нацијата” и далечното древно минато, туку и за историскиот развој на државата и поскорешната минато. Во тој поглед, најзначаен предмет на интерес претставува Македонија во рамките на Југославија (периодот од завршувањето на Втората светска војна до осамостојувањето). Третманот на таа епоха од историјата е променет и навидум ускладен со владејачките политики (најавени како „десничарски”, подоцна редефинирани како „конзервативни”). Последен настан од оваа низа е отстранувањето на петокраката, симболот на Народноослободителната борба од државниот грб на Република Македонија, единствениот државен симбол кој имаше континуитет од основањето на државата, до пред десетина дена (името, знамето и химната биле неколку пати подложни на промена). Read the rest of this entry »