Малку за македонско-грчката средба во Скопје и она што се случуваше викендов
Сеуште сум под импресии од настанот кој што се случи во саботата, и сеуште немам зборови за да го изразам она што го доживеав. Затоа еден мал брифинг за сите оние што утнале..
Станува збор за македонско-грчкиот дијалог, антинационалистички и антимилитаристички настан, одржан во Скопје, во содејство на македонски и грчки организации и групи граѓани.
* * *
Трибината во Хотел Континентал помина во добар ред. Местото го добивме на бафтаана, во последен момент – Точка која што ни е стандард место за вакви работи беше пребукирана, a Мала Станица и катаљон други места тешко достапни; затоа на крајот мораше да се фатат врски и испадна така. Но, Континентал како фенси место му даде поинаква тежина на настанот, познат е и за медиуми и за граѓани, а и имаше доволно простор. И покрај лично мојата голема скепса, местото се погоди сосем солидно, и мислам дека не влијаеше во насока на инхибирање (јавност, отменост и сл.) и не го промени текот на настаните.
Луѓе дојдоа повеќе отколку што очекував, иако до крајот се разотидоа (трибината траеше добри 2 и пол часа, ако не и повеќе).
* * *

Што се однесува до говорниците:
Анти – Александар бил касап. Право во целта.
Сиси Вову – Осврт на солидарноста на грчките активисти, осуда за грчката официјална политика.
Кире – Лесно е да го познаеме туѓиот национализам; својот го нарекуваме патриотизам. Најконтроверзен од сите.
Димос Пападатос – Говор на место, целосна критика на НАТО идиотизмот, национализмот и капитализмот.
Понатаму, се вклучи и стариот волк Никос Јанопулос – “не сум лингвист, ама се разбирам во соживот, затоа велам дека македонски јазик постои” и сл. Како за крај, добар цитат од Монтескје кажа и Златко: “Ја бирам Европа пред Франција, и Светот пред Европа; затоа што Французин сум случајно, но нужно сум човек”.
* * *

Понатаму следеше дружење со гостите цел ден и цела вечер, за сабајлето да си заминат назад во Грција каде што, според тоа што го разбравме од вестите, биле жестоко осудени како предавници и шпиуни. Се надевам дека сите се во ред и не се соочувале со потешкотии во средбата со граничната полиција.
* * *
Демонстриравме солидарност, поддршка за хуманите идеи, меѓународна соработка и разбирање, и храброст да застанеме против лудилото промовирано од обете влади и на широко прифатено од масите и кај нас и кај нив. Со надеж дека од ова позитивно искуство ќе извлечеме што е можно повеќе поука и вештина за организирање слични акции, за сега остануваме на пораката “Не за национализмот, не за милитаризмот, ДА ЗА СОЛИДАРНОСТА”. На ред е заминувањето на група македонски активисти за Солун и Атина за организирање на меѓународни настани од овој тип и таму.
Благодарам Миша за сликите.







chote Says:
Риспекат апсолутен, ептен ми е криво што не можев да дојдам… али апсолутна поддршка!
П.С. Тој до тебе Енко ли е?
Posted on May 19th, 2008 at 8:14 am
Shepard Says:
не е
грк е, ама многу личи на него
Posted on May 19th, 2008 at 10:00 am
кнсис Says:
Сварно биле Грците осудени дома? Имаш некој линк, вести нешто, да ставам и кај мене на блог?
Posted on May 19th, 2008 at 12:03 pm
Shepard Says:
епа не разбирам грчки.
но со другарот што беше кај мене дома, на нет гледавме МЕГА вести и кажа дека тонот бил осудувачки, демек предавници. исто збореа и другите.
исто така солунскиот митрополит на неделната проповед ги нарекол предавници и ги анатемисал (не се заебаам, озбилно).
Posted on May 19th, 2008 at 12:35 pm
Сатаниел Says:
Чекај, чекај сега и тебе дедо Стефан една анатема ко ќе ти фрли… хехе, ќе те стигне казната Божјо-патриотска.

Браво за настанот, хипици едни, ем да се ижуркате, ем да се прошетате, ем да ве даваат на вести со убава порака.
Абе да им кажете на Грците следниот протест на Миконос да го прават, може и јас ќе ви се ставам.
Posted on May 19th, 2008 at 11:21 pm
Shepard Says:
да вииш каков грк имаше,
тестостерон ФУЧЕ, МАЖЈАК прав
и тоа лидер на некоја младинска таму.. абе она рачишта големи, глас дубок, а насмевка една нежна.. милина
Posted on May 20th, 2008 at 6:12 pm
Global Voices на македонски » Македонија: Посета на грчки пацифисти Says:
[...] Анастас Вангели ги објави своите впечатоци од анти-националистичкиот и антимилитаристички грчко-македонски дијалог кој се одржа минатата сабота – на македонски и англиски. Учесниците во Грција биле прогласени за предавници и анатемисани од солунскиот митрополит во неговата неделна проповед. [...]
Posted on May 22nd, 2008 at 8:35 am
Сатаниел Says:
Тех, сега ми кажуваш..
Али без гајле, баш тој викенд ми се погоди да се опнеме со еден друг Грк.
-Се надевам веќе го прочита ова, иако го немаш искоментирано:
http://blog.com.mk/node/157857#comment-829210
Posted on May 22nd, 2008 at 10:37 pm
Shepard Says:
видов, неам време сеа да пишам, спремам еден поопширен текст на оваа тема, само 2 куси флоскули:
- ако си против национализам, тогаш се бориш против национализмот што ти е дома;
- најлицемерно на свет е македонскиот национализам да се потхранува со грчкиот антинационализам. најлицемерно е да се замижи пред сопствениот национализам. викаш мораше влог – да, мораше. дури и премал беше. другариве од грција да беа македонци, ќе беа далеку погласни од нас во критиката на сонциња, лавчиња, фронтови за обединување, агенција за млади и спорт и тн.
Posted on May 23rd, 2008 at 9:11 am
Сатаниел Says:
Не велам ниту јас ниту кнсис дека треба да се замижи пред нашиот национализам, туку само дека е пуцано на слепо, при што ништо не е погодено. (освен можеби тоа за Агенцијата за млади и спорт, за кое не знам ништо поточно, па и не можам да кажам, ама така ми личи)
Вака само се добива впечаток дека сте се окозиле чепкајќи по архиви и обидувајќи се да ги демаскирате скриените иредентистички намери на македонскиот национализам, а во реалноста тој воопшто ниту ги има.
Мое мислење е дека соодветно би било да му одговориш на кнсис во постот, точка по точка, аргументирано, како што и тој го има поставено својот приговор.
Posted on May 23rd, 2008 at 11:47 pm