Купус Деликти, Расолникот
Шетал Купус Деликти – Расолникот по блогосферата, шетал, по блогови, по кровови, и дошол до нужникот на Вуна Блогвински, Скроластичарот.
Глеа тука у нужничево смрди ли смрди, базди.. се нурнал у шољата, и ко глеа – бариера. Фактичката јама запушена, се збрале фекалии, блогалии, се нафатиле по ѕидовите, корне. Висат од сите страни, дури и он се умазал у нив. Ко се видел Купусот у блогледалото, шо да види, цело лице намачкано со блогалиите. Епа така ти е, кој како шетал, помини, замини, по блогосферата, си се деблогизирал у дотичното нужниче. А блогокметот Вуна, седи и офка на страна, го болел меот, капс лок имал.
И вика Расолникот, ова вака не иде. Ќе му градам блогосферска канализација, со парите од блуџетот на блогерајот, а и ќе му поседам на гости, еми ја Купус Деликти сум, ја ако не го натерам да се деблогизира, кој друг.. Блесав и тој ко скроластичаров наш, одма закупил блогоплац, да се вдоми, за да може да му гради канализација, ама ко за беља, морал да му плаќа ќирија на Вунана, за блогопостирање на плацот. Шо да праи неверникот, мора да се покори на блогопоседските закони. Арно ама, закрепостен блогјанин, немал доволно блогиникански долари, а ни американски, и останал закрепостен на плацот на Блогвински.
Затоа и од денес натака може да се види како шета заробен во четири меѓи, по блоговите, по постовите. Наводно останал, за да му помага на Вуната да се празни од многу блогоречено запек шо го стегнал.
No related posts.


