Breaking News: трет дел (и смртта на Купус)
Се извинуваме што нашата редакција успеа така непрофесионално да запостави две битни теми: Ајкулата и Купус Деликти.
Имено, зградата во Хшоунж, Скопје, и натаму е под вода, а граѓаните мака мачат со правните служби. Секојдневно се дознаваат нови детали околу непотопениот стан на влашкиот бизнисмен Концепти и дубарите на неговиот соработник, адвокатот од истата провиниенција, Лажнар.
Сепак, случајот веројатно се придвижи во правилна насока, кога специјалната нуркачка единица на МВР – „Планктон“, ја презеде ситуацијата. Имено, по наредба од Џанго, тие презедоа брза и одлучна акција во која се истакна младиот Санде Кртина. Тој, вооружен со харпун, храбро и се приближи на ајкулата која беше на сред мрестење во мезанинот, и од врвот на скалите и` упати смртоносен удар, право во срцето. Неговиот харпун ќе биде повлечен од употреба и ќе биде сместен во Музејот на град Скопје, како трет по важност предмет за Македонија, после црешовото топче и тастатурата на Вуна Блогвински, Скроластичарот.
По повод големиот подвиг, Санде ни изјави:
„Ја стресов, матер и ебав!“ (мислејќи на ајкулата, и како тој го доживеал задавањето на смртоносниот удар).
Во зградата на улица Будевајн Зенден, сега се преземаат крајните подготовки за испумпување на водата од становите и останатите простории. Како што бевме информирани, пумпите од САД веќе се испратени со брод за Солун, а до Први Мај ќе бидат на преминот Богородица, кога делегација предводена од претседателот Црвенковски, ќе оди свечено да ги подигне и притоа ќе се одржи пригоден шопинг во тамошниот фри шоп.
Сепак, настанот беше надополнет со уште една контроверза. Овој пат главен протагонист беше Купус Деликти, вазалот на Вуна Блогвински, кој на јавноста и` стана познат како деликвент кој без трошка респект дизајнираше неколку темплејтчиња за блогерите ширум Блогерајот, а потоа и ја злоупотреби тастатурата и конекцијата на Блогвински за да испрати свој расказ на Електролит конкурсот. Вуна беше гневен, а Расолникот се даде во блогство, во страв од разлутениот блогокмет.
Расолникот Купус, сепак, беше фатен од неговиот господар, и крвнички истепан. Сведоците велат дека Блогвински го направил салата. Во тешка состојба, Деликти легнал на своето буре за да здивне од немилосрдноста на кметот, меѓутоа заспал и потонал во него.
„Купус Деликти се удави во сопствената расолница. Несреќен случај.“ – ни изјави Блогвински, кој сега се соочува со тужба за нанесување на тешки физички повреди на својот вазал.
Куризитет претставува тоа што доколку Деликти постхумно добие награда на конкурсот Електролит, овластено лице да ја прими истата е токму неговиот доживотен и до вечноста блогопоседник, Вуна Блогвински.
Related posts:
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


