West Coast Niggaz Ready To Bang

Туки Вилијамс, стар генгста, од `60 и `70, еден од најмаркантните фаци на подземјето на ЛА, еден од најголемите противници на Тријадите, битната фаца на Крипс (тие што ги почнаа немирите во 1992 во ЛА) утре треба да биде погубен.
Од 1980 е во затвор за 2 убиства. Во меѓувреме, акумулирано прошол 6 и пол години во самица поради инциденти. Од 1993 наводно е смирен, и ја напиша Апологијата (Life in Prison), која му донесе номинација за Нобеловата за мир. Лани му снимија филм во кој го глумеше оскаровецот Џејми Фокс. Инаку, и син му на Туки е осуден за убиство, и тоа пред неполн месец.
Вуна став: Ако Шварценегер реши да го испече својот некогашен идол во бодибилдерството (сериозно, постои таква изјава), тогаш Републиканците ќе примат уште еден голем автогол. Фраерите од гетата едвај чекаат да запалат некое Порше, или да упаднат во дворчето на некој дебел оќелавен стрико на Беверли Хилс. Припадниците на Крипс (според нив се праени Гроув Стрит Фемилис од ГТА Сан Андреас) а и другите банди (и завојуваните) отворено се заканија дека ќе се повтори 1992 ако не се помилува Вилијамс. Туки ужива и поддршка и меѓу голем дел од јавноста (не само црнците). Ќе биде големата. Пола од ЕмТиВи и спортските фаци му имаат изразено поддршка. А сето тоа значи многу изгубени гласови. Веројатно, ќе има повеќе колатерално оштетени отколку среќни ККК и СС фаци (со раздељак меѓу зуби).
Во моментов низ Калифорнија би требало да има масовни протести.
Линкови:
Сајтот на Туки
Википедија
Гугл њуз за случајот (секоја минута излага нешто ново)
No related posts.


