Редефиниција
Нит рој BVLGARI се беше вдал
Периодот на иницијација беше свршил
А разумот одамна заспал
Жална вест: Блог-е-рај умре. У коментари пријавување за блага пченица.
Закопот ќе се изврши виртуелно и помалку тајно. Мали дечиња со лопатчиња (ко за на плажа) ќе го закопаат некаде во колективните наши вијуги и ќе остават брановите од свежи идеи да ги избришат и последните траги од чудовиштето Блогенштајн.
НО,

Кога блогот умре, се роди блогот кој без врска (а со врски) се здоби со капитал Б и стана Блог! Со чистота и личота, прегледен код, му дојдоа наречниците (истите оние што тотално ја утнаа прогнозата за сега веќе пцовисаниот ко џукела вошлива блог со мало б) и рекоа:
Пу да те сере Кокошката (Оскар)!
Од денес, сите блогетери кои останаа виртуелни сирачиња под отворено небо, бездомни, безимени (но не и безгласни), небаре се жртвите од Катрина, (да се напомене дека исклучиво по своја воља) ќе бидат згрижени од страна на Бригадата за Лесни Онтолошки и Гносеолошки Захвати (БЛоГз или БЛОГ у ГЗ, како милувате).. ќе им биде сервирано интегрално лебесто четиво со чај од правопис за доручек; аргументирајуча супа со фиде од мртви идеали за ручек и попара од аудио-визуелни лектири за вечера, изричито пасивен оброк! Интерактивноста и физиолошките потреби ќе се обавуваат по слободна воља, но под извесен надзор (со дужното поштовање на сечива интима)..
Смртна казна за оние кои се самоубија! Екстра гориво за оние кои согореа! Нови лењири, без бројки и цртички за сите! На новиот фалусоцентричен Блог нема да си ги мериме; ќе си ги координираме!
А, дојде и ГУСТАВ – да ни напише УСТАВ!
Преамбула: Блогетерот е автарх; а притоа не е ни Бог ни Ѕвер (нити тиранин)!
Член Еден од Уставот на Густав (Климт): Блогот е минско поле по кое се шета внимателно и секој покрет се става во служба на безбедноста, како на Едниот, така и на сите.
Член Два: Под безбедност се подразбира запазување на интегритетот на личноста; интегритет значи слобода на израз; а (активната примена на) слободата на израз се толкува како обелување на образ!
Член Три: Блогетерот е должен свесно, чесно и одговорно да си го упражњава суверенитетот над сам себе и да не го напаѓа суверенитетот на останатите на било кој начин!
Заклучок: Не биди ној! До успех преко трња, крв и зној!
Wer nicht für die Kunst ist, ist gegen die Kunst! Wer nicht für das Blog ist, ist gegen das Blog!
Секој „компромис“ на сметка на вредностите претставува опасност од компромитирање на самото постоење..
No related posts.


