Ода на детето
возрасните имаат национални чувства
возрасните се фундаменталисти
овде и сега присутни бегалци
со душа разјадена од глисти
сакаат само да ебат или бар се преокупирани со тоа
возрасните сакаат богами и пари
за да можат да пијат и да се догираат
цел живот им се сведува на и евра и денари
зависници кои без материјалното крахираат
се занимаваат со глупи блогови и срања
наместо да се радуваат што се живи
секој некого оговара а на друг му се клања
а таков е системот па и не се они криви
а јас иако со крајна психоза да не створам дете
по никоја цена не сакам да го изгубам она во мене
затоа и го живеам секој ден ко да е последен
не ќутам иако прифаќам компромиси
уживајќи во секој миг наивност и радувајќи се ко кретен
оставам мојата среќа од други да зависи
нека детето во мене ме брани од суровоста на светот
а јас единствено ќе го пазам да не земе бомбона од непознати
сепак фала ти дете од внатрешноста што не ми оставаш простор за суета ниту двоумење ниту ми дозволуваш да лажам… ми ги затвораш очите доволно силно да видам дека ја сакам… и затоа во овој момент баш во овој момент покрај се` покрај сите обвинувања и покажувања со прст на цел глас крикнувам „кој те ебе свету, да, јас ја сакам“ и се надевам дека ќе можам бар вечерва да склопам очи мирно…
No related posts.


