Државата и (не)безбедноста

II.

Најпожелната состојба за луѓето е општеството.
Неправедноста и насилсноста на луѓето во општеството предизвикаа потреба од власт.
Власта, беше наметната на човештината поради нивните бројни гревови, почивајќи на нивната глупост, нивните грешки.
Власта начелно требаше да излезе на мегдан со неправдата; а таа понуди нови прилики и искушенија за вршење неправедности.
Концентрирајќи ја в себе силината на заедницата, таа овозможува дивјаштво и таксирати, угнетување, деспотија, војна и поробување.
Преку втемелување и продлабочување на нееднаквостите; таа присвојува злокобни страсти; всадува нагони кај луѓето, да крадат и мамат.
Власта начелно требаше да ја сотре неправдата, но она што таа го стори е тоа што ја запечати непрвадата во човештината за век и веков.

III.

Неотповиклива цел на власта е сигурноста; безбедноста.
Средствата со кои власта се користи се рестрикција; ускратување на индивидуалната слобода.
Блаженството кое го нуди делувањето според самосвеста, заедно со гаењето на останатите задоволоства, нужно зависат од индивидуалнта слобода.
Без независноста човек не може да постане мудар, ниту корисен, ниту среќен.
Следствено, најпожелната состојба на човештината е онаа во која е воспоставена општата безбедност, но преку исклучиво најмалото можно чепкање по индивидуалната независност. [Вилијам Годвин]

Јас кога ќе видам полицаец не се чувствувам безбедно. Многу повеќе се плашам (не е параноја, имам и реални директни и индиректни искуства) отколку било што друго. Сигурност не ми влеваат ни разно-разните „батки“ кои фигурираат ко агенти за обезбедување. Додуша, ко ќе ги видам како ми шетаат низ факултет, уште толку ми се ствара мачнина. А сигурен сум дека не сум ни единствен. Многумина се удавени во страв и немоќ…
Па, не ми останува ништо друго освен во манир на збрчкан, брадосан анархист реторички да запрашам:
Ако основната функција на државата како институција е заштита, односно обезбедување и осигурување на човековиот живот и слобода (согласно хипотетичкиот општествен договор), и ако државата како таква не ги исполнува обврските преземени со договорот, односно граѓаните не го добиле она што им следува со тој договор, не е ли тоа сигнал дека нешто треба да се преземе во поглед на заштита на сопствениот граѓански и пред се` човечки интерес? Мотивот на човештината да прејде од природната белум-омниа-контра-омнес состојба во организираното општество и преку покорување на власта да го прифати државното уредување како начин за себеостварување е токму стравот – останува да се преиспитаме (како луѓе, независно од било каква припадност), дали не само постоењето, туку и поткрепувањето на стравот од страна на државата (преземајќи репресивни акции) не е доволна причина да се бара алтернатива. И, кога државата со постоењето на агенциите за обезбедување го губи монополот во областа која и` е примарна согласно со договорот со граѓаните – безбедноста и сигурноста, не е ли тоа дополнителен знак за нејзин неуспех и неможност да ги оправда очекувањата?

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment