Скопје [Spote RAP për Shkupin]

Два рап спота на тема „Скопје“ (не знам за шо зборат али многу се добри, еднаш имаше линкано и Моби):

Ајде, еве уште еден.. ко за споредба.. Тони Деген, слика и прилика за тоа што значи ш-у-п-а-к :

Edit: рефренот на првата песна отприлика иде: Скопје, многу на тебе мислам Скопје, Скопје, од се` срце пеам за тебе, никогаш од ум нема да те избришам. Насловот на втората е „Од Скопје доаѓаме“ (фала Принц за преводот). Превод на третата: Скопје мој град, а ја сум сељак.

No related posts.

RSS Feed for This Post21 Comment(s)

  1. BugS | May 3, 2007 | Reply

    Каков безрбетник еј, не ми се верува…

    А досега се чудев на тоа колку една моја другарка е фасцинирана од овој феномен. I can see clearly now.

    “Јо рап,
    те мавам со стап,
    во моите песни има,
    многу опасна рима.”

    Малиов е стварно во зенот на својот дебилизам.

  2. tha Ca$peR | May 4, 2007 | Reply

    ЧАИР РЕПРЕЗНЕТ!!!

  3. ASN | May 4, 2007 | Reply

    Добро бе, зошто го чепкаш другар ми? Не можам, а да не го бранам… Јеби га, пораснав со него. Заедно почнавме, го знам многу пред да биде Зен…

    Но, многу побитно, не мислам дека песната е толку лоша. Го пипа најбитниот момент у Хип-Хипот – хронотопот, кон-текстуалноста, а и она што Гуру го нарекува реп-лика за реп-утација….

    Језда е патетична и наивна во извесни моменти, ипак има моменти на некаква мимикриска фанк-субверзија, нешто што и на многу поквалитетни рапери кај нас не им успеало…

    А, можда и сум субјективен… Јеби га….

    П.С. Сакаш да ти пратам од песна од мене и Тони Зен? ;)

  4. Shepard | May 4, 2007 | Reply

    па ај прати.

    инаку како да не го дирам бе.. ааааааааааааа.. бегај ајде.. шо ми е гајле шо сте другари, не го бива и тачка.

  5. ASN | May 4, 2007 | Reply

    Хехе… Не го бива и тачка :)

    Јеби га. Имав едно цд тука.. Не можам да го најдам сега…

    Иначе, шо те бендисуе од македонски рап?

  6. tha Ca$peR | May 4, 2007 | Reply

    се освен тони :) ))

  7. Shepard | May 4, 2007 | Reply

    чиста околина, саф, mosaique, џака, рнс и чат пат уш по некој.

  8. dasaf | May 4, 2007 | Reply

    хе. првиот тип е занимлив. вториот не го гледав. ама и третиот е океј. има поприлично зезанции на место. не е некое хип хоп остварување, ама тоа со големите очила и со жаре е топ :)

  9. Арангел | May 5, 2007 | Reply

    Лее дај да го убиеме овој Тони Зен пак се накурчив у курац!!

  10. ASN | May 5, 2007 | Reply

    Не знаев дека си фан на Чиста…. Посебно по хомофобичните изливи на Ицко, а и замонашуењето на Веле… Ми делува ептен контра твоите принципи….

    Инаку, викаат пишувањето ја уништило хомеостазата на оралната култура… Дава перспектива, не за друго, ја покажува минливоста на парадигмите, создава еден нов вид на меморија…
    Снимката останува како “трага”….

    Чуј ја, на пример, оваа верзија на Стиховна Гимнастика од 1993:

    http://www.soundclick.com/bands/pagemusic.cfm?CurrentPage=2&bandID=175416

    Ја менува перспективата, нели?

  11. Shepard | May 5, 2007 | Reply

    коа сме кај хомофобија, да го глеаше тони зен ко рече на лила шоу како ќе мавал по педери ко по боксерска вреќа :)

    а за веле скелеку скас, па поштуем монаси

  12. bunteski | May 7, 2007 | Reply

    абе баталете го Тони Зен, брат ми ме ПОТЕЧЕ, како и сите другари на школо.

    башка предпоследната “кој сум јас?“ отсликува типична криза на идентитет кај еден младич =)

  13. ASN | May 7, 2007 | Reply

    цццц…. трагедија, еј…боксерски вреќи…. него, ај тоа… бил кај Лила…

    јеби га, шо да кажам….

    На мак-рапов му треба KRS фигура… Смиљко беше најблиску до тоа, а после него се соочивме со сериозен дефицит у авторитет, морален и естетски…
    Децава, дури и најдобрите на сцената, се страшно еднодимензионални. Нема израз, нема став, нема ЗНАЕЊЕ…. Или као шо би рекол “самиот” Смилен:

    евтини преводи, клишеа ти се школски
    оди на ремонт кај поет-даскал рашо Павловски….

  14. Сатаниел | May 8, 2007 | Reply

    Првите два можеби ти се чинат добри затоа што не знаеш што зелени тресат. Да, спотовите делуваат поградски од оној на Тони (со бадминтонот на Кале и точачето во парк), но рапот е пред се текст, а после слика. Мене ми изгледа дека од горешта желба да го „јачаш соживотот„ ги фалиш зашто се мулти-култи, иако не разбираш што зборат, но и тоа е своевидна дискриминација.
    А дури и на Тони спотчето ако се сфати иронично (кога го бубат девојките и сл.) излегува лоли-бунтовно, иако ужасно пубертетски.

  15. Shepard | May 8, 2007 | Reply

    сатаниел, чисто за урбаниот градски момент ми е. инаку од прилика ми преведоа шо пеат, нишо нарочито не се со текстот, знам. затоа ставени се спотови. да сакав за текстовите, има боље примероци од тони зен :)

  16. ASN | May 8, 2007 | Reply

    Тачно, Сатаниел. Тоа ми беше поентата. Спотот на Тони Е ироничен. И знам со сигурност дека тоа му била интенцијата,затоа што сум разговарал на таа тема…

  17. Алекс Букарски | May 9, 2007 | Reply

    вуно, ти ибам темплејтата, уште таблица множење да побара…следниот пат ко ќе идам да коментирам ќе понесам дигитронче. како и да е. не заебавајте, особено дека Тони Зен е добар рапер. младина чита ебаве.
    нам, најпосле како и во целава сирота македонска култура на книги, филмови, музика, сфе, ни е потребно нешто што не е иронично, метафорично, разни “суптилности“ и други завиени форми на изразување ко да царува света инквизиција…ни е потребен еден саркастичен рапер, за промена. дали за некој уметнички македонски производ сте рекле “уууу бато ова мава дирек во целта?“ полн погодок? курац.
    се нема храброст да се оди до крај. кога сме кај тонизеновата ироничност, проблематично е што треба да постои извесна дистанца за да УКАПИРАМЕ дека се работи за иронија. еве јас не сум укапирал, Вуна не укапирал… АСН не укапирал отпрво, ама попосле пази џанам, Тони Зен лично му соопштил “иронија е брат“! значи не е доволна долга ироничната дистанца на самото дело на Зен, па тој мора дополнително да ја објаснува???
    што се однесува до забелешката на Сатаниел (очигледно еден од ретките луѓе на блогерајов со висока национална свест) за “мултикултурното лицемерие“ е сосема наместо.

  18. ASN | May 9, 2007 | Reply

    Fair enough. Се сложувам….

  19. tha Ca$peR | May 10, 2007 | Reply

    оф-топик: дај стварно напрај ова потешко малку, бар да ми биде интересно коа коментирам… вака 10+5=15.. јас што немам математика ко предмет знам да го решам а камо ли некој што учи 8+4+Х… год. Додај таму корења, дропки, равенки, неравенки…

    А за Тони Зен, немам слушано многу од него, ама освен спотот/песната ко Урбана Димензија – Рап Фанатик, не ми се свиѓа ништо друго, не сакам ваков чил аут рап, досаден ми е, а таа последната добра е, ама тешка комерцијала…

    ама мора да има и такви за да ги поштуваме другите :)

  20. darko156 | May 11, 2007 | Reply

    ОФ топик, де

    Powered by Castpost

  21. darko156 | May 11, 2007 | Reply

    преоптимист бев

    клик тука :)

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment