Матурско вече
Парадата на кичот,
Може слободно да почне
Помпезноста и црвениот ќилим
Нека ме обземат клетно,
Лицемерието пред сам себе
Е навистина поважно од се`
Коцкасти сводови
Дупнати ауспуси
И бедна пијачка во рака.
Парфемите, гелот и потта
Дифузија од прв степен
Дали можеби се изгубив
Меѓу редовите?
Четири години
И четири саати -
Па ќе скршам чаша
И ќе ги израмнам скришум.
Алтер-его или одраз во огледалото
Или само лош сон…
No related posts.


