MkBlogCon

26-ти мај, во културниот центар „Точка“, во организација на Центарот за Нови Медиуми, ќе се одржи првата МК Блог Конференција. Тоа ќе биде воедно и прв поголем 2.0 настан одржан во Македонија.
Предвидени се три сесии:
I – Алатки, сервиси, техники и трикови
II – Блогови и медиуми
III – Блогосфера – подем на мрежното општество
Линк до веста и банерчиња за сите кои што сакаат да помогнат при промоцијата на настанот.
Инаку, како што најави Дарко, првото издание на конференцијата ќе биде на пониско и не толку академско ниво, во смисол на тоа што нема да застрануваме во комуникологизам или да отвараме теми за кои не постојат адекватни локални примери; воедно на конференцијата не планираме класични предавање, туку само воведни излагања за поголемиот дел од времето да може да се развива дискусија на дадените теми; од технички аспект – за подкаст можеби и ќе се снајдеме; и секако, се надеваме на добар одзив кај оние што ги интересираат блогови, социјално вмрежување и воопшто, 2.0 концептот.
No related posts.
1 Comment(s)
2 Trackback(s)
- From Тепај Време » Blog Archive » MkBlogConference | Jun 21, 2007
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


Pincher Barnet | May 12, 2007 | Reply
иначе Скопско ѕидарско е 70 денари, сите други се по 80, има и Стела Артоис
[Translate]