Одговор на прозивките

Центарот за Нови Медиуми е идеја која се роди отприлика пред една година. Јадрото на таа организација се двајца магистранти по комуникологија, еден студент по новинарство и еден студент по политологија.

Веќе се навикнав на прозивки од типот на Бунка и Букарски. Сосема фер е да се стави под знак прашалник легитимитетот на еден настан како што е МК Блог Конференцијата. Не им замерувам ниту за тонот со кој се обраќаат.

Овој текст не би требало да претставува некаков „демант“, затоа што авторите, респективно, не изнеле ниту еден аргумент кој би го побивал (во ред, Бунка сепак има структуирана мислам наспроти фрлањето со дрва и камења од страна на Букарски). Сепак, решив да го пишам текстов затоа што се чувствувам должен да одговорам, најмногу поради тоа што се поставуваат прашања, кои мора да бидат итно одговорени.

Мојата реплика кон Бунка:

Блогот не е множество. Еден блог е единка која припаѓа на многу множества. Множествата не се зависни едно од друго бидејќи материјално тие и не постојат. I’m crazy? Блог-конференција?

Блогот е форма. Еден блог сам по себе претставува само неколку килобајти. Функционалноста и влијанието блогот ги црпи од линковите, вмрежувањето, за да стане интегрална единка од мета-заедницата која ја нарекуваме блогосфера. Блог-конференциите, кои се одржуваат насекаде низ светот претставуваат обид за трансцедирање на дигиталниот јаз, т.е. вмрежување во 3-Д. Но, тие понекогаш добиваат и поакадмески облик; кога се разгледуваат односите блогосфера визави други општествени п(р)ојави и учествуваат не само луѓе кои имаат блогови, туку и експерти од различни општествени науки, или пак активисти во цивилното општество. Неодамна се одржа една ваква конференција во регионот, со завиден број учесници, и афирмирани предавачи. Линк: БлогОпен

Единствено независноста е онаа која му го дава животот на блогот. Многу релативно познати светски блогери се “купени” на ваков или сличен начин, но има еден контраефект, животот на таквиот блог умира одненадеж, ништо не може да го спаси…(токму за оваа пишуваа некои македонски блогери, кои се дел од промотивново делување, контрадикција?). Независноста секогаш се контаминира со вакви и слични активности, и без да организаторите се свесни за тоа, а најчесто не се…

Никој никому не ја спори независноста. Но, не можам да спорам дека формалниот облик на дејствување ти дава определена рамка што мора да ја почитуваш, која ете, на некој начин ти поставува лимит до каде може да одиш (ова го говорам од аспект на човек директно инволвиран во организацијата на оваа конференција, и некои други активности вон Центарот за Нови Медиуми). Тоа е цената на неанонимноста на интернет. Да останев Шепард без име и презиме ќе ја имав истата таа слобода што ја има Бунка. „Менаџирање“ на идентитетот и одредување приоритети. Мојот приоритет е делување во пракса. Затоа и ја отфрлив анонимноста; затоа сум активен во повеќе формални, но и неформални организации.

Кој одделува од својот профит за да овозможи постоење на непрофитна организација, која на некој начин сака да ги здружи блогерите?

Очигледно целта на ЦНМ е мисинтерпретирана. Во продолжение следат целите и активностите согласно Статутот на организацијата:

  • Промовирање и унапредување на новите медиуми
  • Анализа и истражување на новите медиуми
  • Поддршка на медиуми со „open content“ кои им овозможуваат на сите граѓани да „бидат медиуми“ и да партиципираат во создавањето на медиумската содржина
  • Организација и присуство на трибини, семинари, работилници и други форми на дебата за теми и содржини од областа на новите медиуми
  • Промовирање на медиумска едукација како неопходно образование за сите
  • Oрганизација на обуки и семинари од едукативен карактер од сферата на новите медиуми
  • Oрганизација и реализација на издавачка дејност од областа на новите медиуми: книги, брошури, електронски изданија, прирачници, списанија и слично
  • Воспоставување, одржување и развивање на меѓународна соработка со организации, институции и установи со слична или блиска активност и определба со онаа на Центар за нови медиуми

Мојата лична причина за учество во Центарот за Нови Медиуми е тоа што имам амбиции да специјализирам на некоја пост-дипломска програма која ќе го опфаќа односот на политиката и медиумите; сметам дека организација која ќе држи до вакви активности е одлично место за припрема за она што ме чека по дипломирањето. Значи, ЦНМ е многу повеќе од „организација која сака да ги здружи блогерите“, а мојот интерес е многу повеќе од правење кеш или стекнување слава.

* * *

По реакцијата на Бунка, се јави и Алекс Букарски, видно вознемирен од излегувањето на ЦНМ во јавноста. Накусо неговиот пост: „може да се (из)ебете со вашиот нво-активизам. [...] на крај, терајте се слободно у курац!!!“.

Алекс,

За последен пат ќе влетам во лична препирка со тебе: ако ти пречи мојот ангажман вон блогот, тогаш тоа е твој проблем. Твојот аргумент дека сме се „продале“, или дека „ни џитнале проектчиња“, се апсолутно без врска, затоа што нити си прашал за да ти одговорам, нити пак знаеш како функционира организацијата. Воден од предрасудите за невладиниот сектор, ти си тој кој што е конформист и не гледа подалеку од „терањето у пичку матер“ како врвен дострел и најдобар метод за јавно будење. До таа мера си го затворил мозокот, па со таков самобендисан тон викаш „не ти го дадов Бернард Маркс да го копираш“. А сам знаеш дека Бернард Маркс си го купив сам :)

Инаку, естаблишментот јас сеуште ќе го пердашам. Имам образ за тоа, затоа што никому не сум му седнал в скут, како што ти не знам од каде заклучи (а да, заборавив, НВО у старт е продавање на газот). Тоа што работам активно на катаљон проекти не само за ЦНМ, што волонтерски, што за кеш (да Букарски, замисли, за некои работи што ги правам земам кеш!), он и офф лајн, кажува дека сум успеал да излезам од филмот кој за жал ти упорно го живееш со години – непрестајно серење за се` и сешто на сите страни.

Тврдиш дека сум ги прифатил „новите медиуми“ и со тоа сум се вклопил во системот? Прво, нити знаеш нити имаш идеја што јас правам во „новите медиуми“ и кои ми се намерите (за што веќе кажав во одговорот за Бунка) за да можеш туку така да речеш дека сум се продал. Второ, ти немаш капацитет за да разликуваш материјалистички опортунизам од ентузијазам, а јас и немам желба да ти објаснувам. Трето, кога ќе го надминеш лицемерието према сам себе и ќе си го видиш мешето во огледало, па да си го ставиш во контекст на сопствениот живот „вклопувањето во системот“, би ти се згадила цела твоја кариера сосе паричната награда од Хари Костов, затоа што тоа колку си плукан и отфрлан воопшто не е мерило колку си надвор од системот. И Бојан 13ка е плукан, па му е фино и топличко. А на системот му треба Букарски, за да симулира (без т) „револуција“.
За конференцијата пак, како kick-off настан на ЦНМ, ќе морам да те разочарам со фактот дека е целосно no-budget проект (со НВО речник кажано), и сите поситни трошоци ќе бидат крпено-лепено (се разбира, не ја исклучувам можноста да влета некој помагач, пример обезбедување сокчиња за посетителите или рекламирање на настанот, него замисли помагач еј!). Јас најверојатно ќе учествувам на оваа конференција како воведничар во втората сесија, и ќе ми биде мило ако присуствуваш и земеш активно учествуво во отворената дебата на тема „блоговите и традиционалните медиуми“. Ќе имаш солидна можност да го исперкаш естаблишментот.

No related posts.

RSS Feed for This Post15 Comment(s)

  1. ицко | May 12, 2007 | Reply

    хммм… убаво е да има ваква конференција, но затоа треба да има многу блогери (вистински), кај нас познавам толку колку што можам да избројам на една рака. Шо знам…

  2. Shepard | May 12, 2007 | Reply

    тргнувајќи од тоа дека генерално блогот се дефинира како форма, а не содржина, јас не би ги делел на „вистински“ и „невистински“.

    ќе видиме за исходот.

  3. Сатаниел | May 13, 2007 | Reply

    Букарски пак нешто тофта за НВО, а? Како 50годишњаците пред кооперација кога ќе вртат теории за светските завери и самозадоволно си подждригнуваат на лук. „Море ЦИА тебе те плаќа за конференцијава. Си го продаде газот на Американците.„ Шеп, ова не е ниту промислено ниту елаборирано доволно за да го удостојуваш со одговор, со цел пост дури.
    Терај си работа, што од ентузијазам, што за лична надградба и наобрзаба, ќе ти се најде многу.
    Што се однесува до скоклето Букарски, кој после секое серење уште долго пред да пушти вода си зјапа во лајното анти-естаблишментско восхитувајќи се на неговата субверзивност, два збора само: Незрел си и појма немаш од светот. Држи се до своите расказчиња за курови и пички и понатаму, оти за тоа бар те бива.

  4. Алекс Букарски | May 13, 2007 | Reply

    “sada nije vreme prostodušnih ljudi, prirodnih talenata, entuzijasta, boraca za pravdu. sada će nemilosrdni postmodernisti odrediti stepen tvog intertekstualnog neznanja, konceptualist će odrediti dozu tvoje stvalaračke zamućenosti, nečiste privrženosti ne tekstu, već smislu. to jest, ništa se neće desiti, ali neće čitati, ne vredi.

    u takvim uslovima malo ko opstaje, i nije šteta” – Viktor Jerofeev.

  5. dr. Max | May 13, 2007 | Reply

    Сатаниел – Ова за лајнава ти беше добро, секоја чест :)

    Шеп – уживај пријателе, ќе се видиме наредната сабота ;)

  6. Pincher Barnet | May 14, 2007 | Reply

    генерално блогот се дефинира како форма, а не содржина. рече Вуна. а што би било ако на блог конференцијата дојдат. тинејџерските блогови, оговарачкото блогерско друштво на Пинчер Барнет, спортските блогови, и разни други блогери кои не го сфаќаат блогот како поле за културен натпревар.

    не сакаме да се делиме како блогери на прави и криви. ама некао со конференцијава. морално е Пиги.

    што ако после конференцијата разберам дека и не сум блогер?

  7. excellent | May 14, 2007 | Reply

    Пинчер, bull’s eye!

    Вуна, замисли прв ред со Кими и друштво, а одма до неа оние кои пишуваат за Милан и Јувентус, па одма до нив Лост и Вештерки (не ми текнува како се викаше оваа последнава серија, може грешам).

    Да биде уште потажно, зошто во една таква ситуација ВИЕ би имале повеќе право на блогот од НИВ?

  8. Глиша | May 14, 2007 | Reply

    Ми недостига времето кога сајтови правеа вебмастери, коментари се даваа само пред кооперација со пиво, а флејмови се случуваа на usenet.

  9. Жарко | May 14, 2007 | Reply

    Се уклапам ли ја негде у вашата конференција?
    Чисто да знам, оти ретко се врткам у Скопје, за да си планирам со време. :)

  10. Shepard | May 15, 2007 | Reply

    види мејл

  11. excellent | May 15, 2007 | Reply

    Еј, Вуна, бев на сајтот на блогопен. Ги виде ли заклучоците (илити мислењата, сумирани од организаторката) кои ги имаат донесено? Нема да ми замериш што се на српска латиница:

    1. Blogeri mogu i treba da utiču na razvoj blogosfere i edukaciju svih svojih učesnika i kreatora.

    2. blogosfera treba da ima (i već ima ali treba pojačati tu svest među članovima i učesnicima) značajan društveni uticaj koji treba razvijati zajedničkim akcijama.

    3. blogosfera ima snagu da mobiliše druge “snage” koje mogu direktno uticati na društvene promene.

    4. blogosfera ima kapacitet koji može da koristi i za humanitarne akcije.

    Јако, нели? Признај! Ете, им скидам капа за книгите кои ги дале на сигурната детска куќа. Иако да го спомнеш тоа во заклучоците е само по себе жестоко лицемерие и ја става во прашање
    иницијалната идеја.

    Со среќа организацијата и работата на тоа што го правиш. Не е дека не те (ве) разбирам. И немој да сфатиш лично ако дојдам (заедно со сопствените ставови) да се подружиме. Чисто ради дијалог (ваш збор), а не монолог каков што е ова сега.

  12. шлајфка | May 21, 2007 | Reply

    Бунарски, пожелно е да не одиш на никаква конференција, зашто не е баш и пристојно пред сите со тој твој блогерски жаргон.. несакам да наведувам примери, ете доволно се погоре наведените.. Ако сакаш свикај конференција ти кај фонтаната во Битола, може и ќе звучи фраерски..

  13. aNETA aNETA | May 21, 2007 | Reply

    FUCK OFF FOREVER

  14. Револуционерот | Jun 17, 2007 | Reply

    Шепард, шо се замараш со ова дебелово Битолчанче…Во животот има многу побитни на кои што треба да им се обрне внимание…Терај напред и ќе успееш многу, а овој т.н. „писател“, некој погоре спомна ждригачки старци пред коперација ова-она…вистинска асоцијација за истиот…

  15. Badmotherfucekr | Aug 7, 2007 | Reply

    Охоо, напокон дојде времето најјаките пулени на ВРЕМЕ (пред да стане интелектѕуално-(коментар на Вуна)) да се запукаат јавно, и да си ги покажат валканите им гаки студенстки.
    И сега ќе речеш, ете исти се?
    АМА НЕ СЕ. Ова влавчево кое се труди, има и некој ќар од трудот, полека, полека се „оправа“. И за него толку, нек му е со среќа работата па макар и во ЕнЏиО.
    Ама битолецов бе??
    ПАК И ПАК . . . веќе ни „неговите“ не го трпат смрадот кој го шири. Сеуште (на 20 години ејјјј) се фура дека е Буковски, дека е најјак фраер што не ебе жива сила, а се гребе за 100 евра наградичка од оние кои најжестоко ги плука во своите квази-интелектуани натписи?!?
    Костов Х. го плука заедно со банката му (од татко му) а од неговата помошничка награда (парична )прима?!?
    Па ако е и од Буки, многу е, нели? Разбираме ние немаштија, разбираме студентски живот а мерак за убав живот, мерак за пиче скопско бело и чисто, све разбираме , оти и ние сме биле млади и жедни (не као тебе ама сепак), ама ова бе БУКАР е жалосно, и јадно, и бедно. Сега и со Шеп се замераш? Зошто? Затоа шо почнал да заработува?Ма ИДИОТ-пушти го, тоа од ВЛАШКОТО ЛОБИ му е наредено-100 % :)
    Уствари . . што не ебеш бе ти нас, терај си по свое, испсуј уште 2-3 пати, ИСКАРАЈ по битолски, и заспи си во смрадот под кебето ти државно кое не заборавај, го плакаме и ние кои како „ненормални“ работиме и плакаме даноци на државава за да можат таквите ко тебе да студираат(по 7 години) у главниот град и да се курчат дека се „писатели“ на колешките им провинцијалки, барем,додека и тие не ги сконтаат што преваранти се.
    Путујте децо . . да се не љубимо . .

1 Trackback(s)

  1. From site | Oct 23, 2007

RSS Feed for This PostPost a Comment