Стихови

За Моника

Лика и прилика
Како молика
Чубрика, јаглика
Ама курва со сто лика
Рубрика, секси ќоше,
Два трика, фаќа паника
Перика, џвака мастика
Комшијата пика
А курвата вика
Рика, на магарица слика
Крава, ја ебат три бика
Промискуитетна полемика!
Фискална политика!

Куриозитет

Кур, куре, куренце
Куренце дрвено, Пинокио
Кур со јајца, мадиња
Кур влакнест, вуница
Куре палаво, цуре гараво
Куренце на мајка
Куриште на татко
Куре растресито
Куриште меснато
Курчо запеал на
Куровден, празникот.

Љубов

Небесни свили
Се испокинале ноќта
Потечена од спиење
Бубуљица на газот
Здивот ти смрди
А мишката ти е сува
И сепак корне
Крв на чаршафот
Среќа у несреќа
Нозете мои пак
Смрдат натприродно
А сепак во креветот
Парталав и гнасен
Мириса на љубов.

Секрет

Два конца се тегават
Како пајакови свили
Едниот подебел се чини
А другиот нежен
Лаковидна форма
Далеководи и бандери
Ко да врзуваат
А после нив
Те чекаат два балона
И малку пена
Сочно е!
Моментот е сега
Голтај мори,
Задави се!

Маргина

Две прстиња
Исправени стројно
Ноктиња исечени
Неизлакирани а светат
Еден до друг поставени
Благо паралелни
Прстињата две,
Нема отпечатоци
А траен белег се
Гласни се а тишина е
Впечатливи се,
А никој не ги гледа
Прстињата две,
Проклети да бидат
Клаустрофобични!
Прстињата две,
Се мојата маргина
Лево од стихов.

Автоцензура (еротика)

Ми се самоеректираше пенисов
И посакав твојата сочна
Боска да ја милувам.

Твојата бледникава вагина
Ме опива и посакувам
Да пенетрирам во неа.

Мила моја,
Сакам да имаме
Полов однос!

Автоцензура (навреда/национализам)

Мајчина вагина
Дете на незнаен јунак
Хомосексуалецу
Ти Албанецу и Влаву
Потпросечно интелигентен.
Без`рбетнику,
Ја посакувам твојата смрт.

Побожна

Црква, цркна петелот
На олтарот нема кој
Насабајле да кукурика
Попот се успа
А свеќите горат
Пожар!
Црцорат птиците,
А црквата гори.
Мајката на попот
Во црно се зави
Господин господин Цацко
Сега црви ќе го јадат.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment