Бугарскиот воз
Да предупредам, пошто ова е осетлива тема, не планирам да модерирам дискусија у која ќе се јават вжештени глави, што „наши“, што „нивни“.. така да, сите коментари, и цела дискусија можете да ја надврзете на постот на .аНТИ.Уствари, ќе остаам коментари, ама штом се јави бар еден Бугарин да мрчи муда за истории и сл., или некој Македонец да мрчи за Татрство и сл., одма гасам.
Повод уствари на целата дискусија е реакцијата на Бугарската амбасада, да не се користи терминот бугарски воз како синоним за изборни малверзации.
појаснение од .аНТИ: бугарски воз е малверзација со изборните ливчиња – партиски активист некому му дава заокруено ливче кое тој на гласачкото место го уфрла, а надвор на активистот му го враќа празното ливче што го зел од избирачкото место – активистот пак го заокружува и возот си продолжува
Уствари, има милион ствари што се поврзани со Бугарија, а имаат пежоративна конотација.
- Бугар, Бугарин – г`злак, најчесто во (спортски) игри, кога некој на среќа или незаслужено доаѓа до победа
- бугарски кош – коа топката врти три круга околу обрач, па мава у табла, па се мисли дали да влезе или не, па влага на крај
- се онадуе ко Бугарка – „спонзоруша“, нимфоманка, „радодајка“ (исто останата е синтагмата „за две червени“ за сексуалните работнички, професионалки и аматерки)
- бугарска работа – дубара, измама, превара
- има фаца ко Бугарин – за прилично грд човек, со „неестетски распоредени црти“, со голем нос или шо ти ја знам
Исто така, за Бугарите се употребуваат низа навредливи изрази ко што се Татар, Чуваш, Коњ и тн. За Бугарките, имаме стереотип дека се „девојки со големо либидо“ (епа коа не ти дава жената, сонувај ја комшиката).
Јас сеуште употребувам изрази ко „бугарски кош“, или „Бугар еден“ и тако даље.. што дефинитивно не е коректно (еве сеа се жалат, и тоа со право, исто ко да идеш у друга земја па да викаат таму „македонска работа“ за шо знам, подмитување, или „македонски воз“ за кога после изборите некој се жали за фалсификат – карикирам).
Е сеа, ја мислев долго време, дека булгар доаѓа од латинското vulgar (од лат. vulgus, шо значи „за долните луѓе“, невкусно, недостојно и сл. и така си ги правдав предрасудите, али, дал е пропаганда, не знам, ама научно е неиздржано, сепак). Според референс.ком, и нивниот дел за етимологија на имињата на државите, а и на Википедија, стои дека Булгар(ија) корен влече од bulgha, турски збор за животинчето самур (на англ. sable) – мислам дека е дива мачка. Значи треба да ги викаме Самураи.
Еве ви булга:

Иначе, бугарски воз еве на оваа слика:

Не баш адекватна споредба (иначе, од слободна проценка, овие возови се на сименс, задња серија, и за нив карактеристично е шо се најниските возови на свет – подот им е само 5 цм над земјата, немаат „скаличка“) .. а у исто време е сведоштво за тоа колкави комплекси имаме..
Сеа, не знам шо да му кажам на брат ми ко ќе ме тепа на сони г`злачки.. арен предлог даде .аНТИ, да се воведе формата „б`лгарски“ (ја викам „булгарски“ и „Булгарија“ зашто немаме соодветен правопис за `), па така ќе има разлика меѓу Бугарин (г`злак) и Булгарин (жител на Булгарија, нашиот источен сосед). Пошто за бугарски кош нема адекватен синоним
No related posts.
1 Comment(s)
2 Trackback(s)
- From в у н а » Blog Archive » | Feb 11, 2007
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


Димчо | Dec 16, 2007 | Reply
Това с “българския кош” много ми хареса!
Има истина в него
[Translate]