К У М – прототип на перманентна вуна


Се сеќавам, прв пат го гледав филмов пред 12-тина години.. сум имал 5-6 значи.. и онака интересно – пукање, тепање.. ама долго траеше и некое време си станав. Стариот онака, поштено ми рече: filio mio, ќе се каеш ако не го гледаш филмов до крај.. и би, седнав, го догледав, пројде. Вечерта, ми текна на сцените со бацување рака, и дека не сум го укапирал ко што треба.. ама ајде.. поинтересно беше да гледам некој цртан него чичковци во одела.

После 2-3 години, дома ми упадна пак Филмот. И тоа 3 касети! Ги изгледав за 3 дена, и почнав да ја разбирам прикаската. Овие се таканаречени мафијаши, лоши се, ама во приказната добри, стариот е ѕвер, Мајкл е уште поѕвер..

И онака, ептен го запоштуев. Тие касети ги имав привремено (ама ги немам веќе, а неам ни видео), па го даваа и на тв, цела недела, како мини серија, секој ден по пола филм, 6 дена тотал.. и го изглеав, го изглеав, пуу, на памет го научив.

Така, на одреден период, ја си го гледам Кумот. Баш викендов ми паднаа во рака сите три дела, и нормално за 15 саата трите беа готови. А ја без зборови..

Мислам, приказната секој пат ми е интересна. Да тргнам со ред..

Прво, не можам да се изначудам на глумата на Марлон Брандо, Бог да го прости. Абе толку хоштаплерска фаца, а зрачи со таква моќ у филмот.. you disrespecting me and my family.. ежжжж, страв да те фати да не ти искочи од ТВ да те штипне и потапка по обравчето.

После, нормално иде Ал Пачино. Во првиот дел такво детиште, а на крај прав Корлеоне. И како успева да го даде тој демистифицирачки поглед, мирно, ама полно со гнев.. страва.

И Енди Гарсија, како го доловува ќудот на Сани од првиот дел, да паднеш на дупе. Добри се и Констанца (го глуми тој дебелиот што игра во сите мафијашки филмови) и Џои Заза (и тој не ми текнува како се викаше), сите тие старците, едино малку ми е сумљив Роберт Де Ниро, мада се вклопува во сликата прилично добро.

После, деталите. Па, во првиот дел, на свадбата на Кони, и во третиот кога црквата го одликува Мајкл, се појавува истата фаца – слаткарот Енцо! После тоа, Лука Браси во првиот дел како си го вежба говорот, па Мајкл и Аполониа кога шетаат на Сицилија, а по нив бабите, па тој „лошиот“ рекетар у вториот дел, па самата фраза “giving an offer he can’t refuse“, па Френк Синатра, па тие корумпираните ликови, па сите веселби и бапците, пеењето, музичето (download 1,2 MB) и нормално мафијашкото поздравување со бацување у образ и стегање рака.

Исто како е погоден амбиентот.. Сицилија на премин од 19 во 20 век, депресиите у Америка и меѓувоениот период, Америка за време на WW2, Америка у ладната војна.. па современата Америка – корпорациите, па па па.. Онакa некој времеплов – првин колите се онакви со ручка напред – мора да се врти па да се гурне па да тргне колата, па после олдтајмери, па на крај стандардните сплескани амерички коли. Исто и Црнците – кај Роберт Де Ниро се шуња некој недефиниран црнец, после тоа едини црнци се коњушарите кај режисерот, па не ги спомињаат освен два три пати шо ќе се шушне nigers, па ги вреѓаат, и у третиот дел е стасано до тој степен еден црнец да му се шуња на Мајкл и на исто ниво ко другите му бара услуга.. капак на све, фетишот на Марио Пуцо, катедрали, попови, хорови и оргули.

У глобала, трајна Вуна, која се мрси веќе 33 години (првиот Кум е од 1972).

Како атачмент на постов, еве ви ја најбитната тема од кумот во мп3 формат (1,2 MB). Не знам колку е легално, ама мерак ми е да ја клаам.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment