Mumia Abu Jamal

Денес се решив да пишам за Мумиа Абу Џамал – најпознатиот црн новинар кој 2о и кусур години лежи робија за џабе. Неговиот случај е меѓу најважните случаи во светот. Илјадници активисти членуваат во движењето Free Mumia. Официјално, има поддршка од: надбискупот Дезмонд Туту, Нелсон Мендела, Европскиот Парламент, Алис Вокер, Пол Њуман, Маја Ангелу, Дени Главер, Rage Against The Machine, градските совети на Сан Франциско и Детроит, Amnesty International и така натаму. Еве и линк до freemumia.org. Инаку, Zach de la Rocha од RATM, пред некоја година имаше излагање во седиштето на Обединетите Нации, изнесувајќи ги фактите за целиот случај.

Роден е како Весли Кук, ама од религиозни причини го прифаќа името Мумиа Абу Џамал. Во младоста бил истакнат активист на Black Panthers. Подоцна, имал успешна новинарска кариера и станал претседател на Здружението на црни новинари од Филаделфија. Добитник е на многу битни награди. Додека престојувал во затвор, ја напишал “Life from A Death Row”.

Но, кон крајот на 1970-тите и почетокот на 80-тите, FBI врши голема чистка на битните црни активисти преку разни опструкции и монтирани случаи. Еден од тие што се на врвот на тој список бил и Мумиа.

Неговиот случај е вистински куриозитет: во 1981 тој бил такси возач во Филаделфија, покрај новинарството со кое се бавел. И по некоја случајност се погодило, неговиот брат Вилијам Кук, вечерта на 9 декември 1981 да вози во спротивна насока, и да биде уапсен на неколку метра од брат му. Притоа, како Афроамериканец, на него се демонстрирала бруталност и насилие. Мумиа истрчал со пиштол во раката, и по општа туча и неколку истрела, еден полицаец (Даниел Фаулкнер) паднал мртов.

И без многу мислење, осомничен веднаш станал Мумиа.

Факти:
- Полицаецот е убиен со цајкански калибар – 38, а Мумиа имал 44.
- На Мумиа не му е направен тест да се види дали има барут или не, т.е. да се види дали пукал или не. СЕ ПОДРАЗБИРАЛО.
- Мумиа не признал ништо. Единствено, еден ден кога цел искршен и истепан по признавањето за кое не се сеќава, поднел тужба за полициска бруталност. Инаку, медицински е докажано дека не можел да признае затоа што од ќотекот бил во несвест.
- Докторката од болницата изјавила дека видела полицајци како му држат пиштоли вперени во главата (додека лежел во бессознание на интензивна нега) и го тераат да признае. А тој мука немал – си лежел паднат у несвест (и после џандарите не бил глупи).
- Еден од главните сведоци, Вилијам Синглетари, кој бил непосреден сведок, првичната прикаска за невиноста на Мумиа ја преиначил во „ништо не видов“ откако добил закана од полицијата.
- Судијата кој го судел Абу Џамал, Алберт Сабо, е судијата рекордер по смртни казни во САД.
- Јавниот правобранител не интервјуирал ниту еден сведок, и не му биле дадени пари за трошоците на одбраната.
- При судењето, сите приговори на одбраната се одбиени, а на обвинителот прифатени. БЕЗ ИСКЧЛУЧОЦИ!
- Стенографот забележал како судијата вели: I’ll help them fry the nigger. Ама тоа не е во официјалниот стенограм.
- По барање на Обвинителството, 11 црнци биле тргнати од поротата.
- Во Филаделфија, има 120 случаи на смртни казни, од тоа 107 се црнци.
- Мумиа лежи во затвор по 23 часа дневно, веќе 23 години. Првично, осуден е на смрт, но по многубројните жалби, пресудата е променета во доживотна робија.
- Не му се дозволени средби со членови на семејството, а поштата регуларно му е читана и препрочитувана од затворските службеници.
- Мумиа нема криминално досие! (неговата функција во Black Panthers е чисто политичка)
- Друг полицаец од патролата од кобната вечер (Арнолд Беверли), изјавил дека тој го застрелал Фаулкнер, со што де факто Мумиа е невин.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment