Сувомеснато жигосување
Зар да речам дека ми е ќејф
Кога ми се кења да јадам?!
Пролив. Кременадли.
Империјалистички свињи
Па мене ми се повраќа.
Ми се гади сировата крв
И фрактурата од трети степен
На наивниот овчи череп
Од кој тече мозок.
Кртина. Телешка.
Асфалтот е чист но не за долго.
Ногата што се тресе
Е спремна да го зграпчи
Да го стисне и да не го пушти.
Како на скара. Мелено месо.
Раката пак која одела многу
Сака да го нагази знамето.
Отпечатоците свои да ги втисне
Длабоко како жигот
На својот врат.
Пршута. Или копанче.
А останаа само коските.
No related posts.


