Поезијата е вуна 2

Малер

Три месеца те барав
Под дрво и камен
Уште три те запознавав
Пазејќи на финеси
Три месеца додека да те ќарам
Искинав нерви.
И уште три до кревет.
Епа изгубив трпение.
Година цела, и нешто плус
Но мораше ли баш овој ден
Да биде во твојот циклус?!

Гроб

Ископав гроб во дворот
Ама немав кого да ставам внатре.
Затоа убив човек
А сега ме мрзи да го влечам телото.
Помагајте!

Уличките

Кај првата уличка
Има контејнер што смета.
Кај втората уличка
Забранет ти е правецот.
Трета пак
Е глува и слепа.
Најубаво продолжи си пешки.

Извоз

Фабриката чади
Како никогаш до сега
А ене го стариот
Се превиткува и кашла.
Се отвора портата и
Излегува натоварен камион.
Едвај оди.
Во дворот пак
Го товарат црниот мерцедес.
Но камионот беше полн
Како никогаш до сега!

Неблагодарнице

Сто војници загинаа
Во твое име.
Уште двеста војници
Беа ранети дента.
Тристотини војници се вратија
До лакти во крв.
А ти ни „благодарам“ не им кажа.

Љубов

Те возев со кола
Како којзнае што да беше
И без око да ми трепне
Те частев кило крв.
Ми рече дека не требало.
Епа знај дека утре
Нема да се бањам
А за ручек ќе јадам лук!

Незгодно

Главата ми е тапан,
А рамото штрудла.
Грбот ми е кнедла,
А надолу не осеќам ништо.
Од што курот ми е мрсен
Немам избор, освен
Да драпам муда.

Телефон

Ти се јавив вчера,
Не сум требал.
Излегов посесивен.
Не ти се јавив денес,
Кутрата ти.
И сега сум индиферентен.
Пичка ти матер,
Утре ти јави се!

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment