Јас, Сизиф

(опроштајно плачипичкарско писмо во 7 делови)

1.

Ха, ова ме потсеќа на опростувачко писмо пред самоубиство.. „мама, тато, не ме жалете“. Добро, па и е опростувачко писмо. Моето писмо пред да си ја убијам суетата, пред да го изгубам егото, пред да оќорам пред огледалото. Пред мојата индивидуалност да отиде во бестрага, почнувајќи од опашот па се до сивата набрчкана кора.

(Ми текнува, моите пријатели Нуанда, Букаро и Анти, полемизираа за Венко Андоновски и за неговиот лигав карактер – пишува кич митологии а си држи фотеља во исто време.)

2.

Сизиф е ѕвер. Кралот Сизиф го бутка каменот под казна, и секогаш кога ќе дојде до врвот, тој му се тркала надоле.. епа има кондиција тој Сизиф! Но, што е тоа што го тера да го бутка каменот?! Не му се исплати ли да се предаде пред боговите и да се откаже наместо да ја крши кичмата секој ебан ден.. Побогу, па кој и човек да е, ќе се откаже, тој камен е неизводливо да се качи на планината. Олимп е висок и стрмен, а каменот е тежок можеби цел тон..

3.

Но дали целта на Сизиф му е да го качи каменот таму горе?! Дали целта на Сизиф му е да го качи смрдливиот камен, да се потпре на него, да си го забрише запотеното чело, и испечен од сонцето да си офне „ете.. готово“. Дали Сизиф воопшто сака да се ослободи од казната или е перверзен садо мазохист кој ужива во страдањето на сопственото тело и психа?!

4.

Не.. јас викам не. Сизиф е паталец, ама и доста комлексен лик. Сизиф не сака да го качи каменот, неговата цел е да го качува каменот… бидејќи знае дека е неизводливо да го качи на врвот, знае дека Зевс е педер и илеџи, знае дека на пола метар од чекпоинтот ќе му се стркала надоле, знае дека и да го качи, боговите нема да му признаат… тој едноставно продолжува понатаму машки, се прилагодува на условите – го корне и последниот њутн сила од себе, последниот џул енергија и запиња под карпиштето од камен. Едноставно – нема избор. Не се откажува, и смисолот на својата егзистенција го наоѓа во каменот!!! Човекот е снага, има илузии за слободата, сонува да го види каменот на врвот но продолжува да го бутка одново ЗНАЕЈЌИ дека кај и да е, пак ќе му се стркала на почетокот.

5.

Планирам да се запишам на Политички науки. Да бидам политиколог. Да мрсам муда или мудам мрс, исто е. Да лафам за евроинтеграциите и традициите, да глумам елоквентен про – европски ориентиран млад човек… од НВО секторот, со фенси кошула и тренди фризура, нов мобилен и да се обраќам на Вие, да лижам гз на авторитети и да се смеам коа ќе добивамплакети и то..

6.

Сизиф бил понижен. Кралот бил испарталавен, запотен, издрпан.. и сепак се погледнал во огледало. Дали ќе има огледало што ќе ме прифати мене, е тоа не знам. Емотивноста и колективноста го гнасат човекот. Две погани особини, слабости, проклетства.. Сизиф не плачел и бил сам.. а го сметале за проколнат. Јас сметам дека бил среќен. Тивко терајќи си го наметнатиот живот, и уштепотивко сонувајќи го каменот качен на врвот на Олимп.

7.

Се надевам дека Сизиф пред тастатурата ќе продолжи тивко да се цепидлачи и уште потивко да го тупи со Орвеловски пасторали.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment