Првомајска Лакрдија со големо Л
Овците порано беа експлоатирани.. многу експлоатирани.
Имено, ги стрижеа со р`ѓосан брич. Нивната скапоцена вуна ја корнеа душмански, нанесувајќи им и физичка болка и покрај газењето на нивното достоинство. Вимињата им ги ставаа на менгеме. Ги стегаа до тој степен, што во кофата млеко имаше добра количина крв.. навистина болно. Ги силуваа, на нив вршеа содомија од најекстремен облик: додека еден ги држеше роговите на овцата, другиот ја расчеречуваше одзади.. до последниот здив. Потоа се менуваа. На крајот, ги колеа. Ги удираа со секира и ги оставаа да искрварат и да пцовисаат како да не се луѓе, туку животни.
Еден ден, овните капиталци, собраа храброст да кажат „no more“. Сакаа да ги шишаат најбезболно, да ги молзат со усул, да не ги силуваат, туку да водат љубов со нив и да не ги касапат тука нежно да ги убиваат. Го органзираа целото трло, и откако постигнаа согласност, сите започнаа масовно и агресивно да блеат. Блееја и дење и ноќе. Овчарите полудеа, волците оглувеа, а целиот свет се потресе.. но тоа вроди со плод. После неуспешните обиди на овчарите да го скротат трлото, после бесењето на најбучните, одлучија дека најрационално ќе биде да се попушти.. и така и бидна.
Од тој ден, ги шишаа со машинки. Ги молзеа рачно, на волчешкиот кур ставија кондом и наместо колежот, воведоа стрелање.
Тоа беше голем чекор напред за кутрите овчички. Нивната сатисфакција беше видлива и по изразот на лицата, еланот за стрижење и водење љубов, желбата да ги молзат и страста и гордоста со која умираа.
Тој ден, денот на блеењето, не смееше да остане незабележан. На големо нивно инсистирање, тој ден стана празник. На тој ден не се вршеа погоре споменатите процеси на „вадење душа“, туку овците излегуваа од трлото, пасеа каде сакаат, гледаа како телиња во широчините и шетаа од-ваму-до-таму. Така со тој ден-ден-и-пол-два, успеваа да компензираат за 363-те останати дена на болка, напор, пот, крв и гној.
Гледано од страна, мене ми изгледа смешно.. наместо брич-машинка која кубе, наместо менгеме-рака која безосетно стега, волчешкиот кур освен кондомот си е исти кур, а секирата ја замени пушка.. мање више не по врат, по шија.
No related posts.


