Посета на Зоолошката градина

Можеби ќе ви изгледам како психопат или можеби неточен, поблаго кажано, ама ќе си признаам: денес бев во ЗОО! Дури и ладното факинг време не ме спречи, а си пројдов awesome!

Зборот ми беше: мислев дека у државава све смрди! Ама сум бил у заблуда… па Зоолошката е асална! Не е достигнат западен стандард, да се разбереме, но средена е топтан, подобра е од времето кога имаше слон. Башка има и некои accessories, а и по некоја нова животинка.

Нејсе. Мојата посета на ЗОО-то се случи во екстремни услови, на максимална ладно време проследено со снег у 12 саат сабајле! Не бев сам btw, не сум до толку пациент.

Внатре се ми беше некако другачие. Ај да почнам:

Прво се знае… пилињата! Има стандардно кокошки и петли, ама има и некои нови бушави недефинирани нелетечи птици, од Африка и многу личат на нашите кокошки…
И по некој паун и фазан шетаат на слобода, ги пуштиле за празнициве. Карши пилињата има нови лами и камила, ама оригинал камила, едногрба, како на Париз – Дакар тие у пустињата! Којзнае како се снаоѓа на вакви услови. Закон! Има и некои коњи, малце бушави, поголеми од пони а помали од коњ асален… некои арапски ваљда, ОК се. Има brand new овци кои се уште имаат белешки на увцето. И ми блееја некако здивено… на нискокалорична трева се изгледа. А и сеуште се свикнуваат на новата средина. Има и нови кози, едино муфлоните се истите од порано. И не се викале муфлони туку „гривести козорози“. Свашта.

Е сеа идеме у смрдливата но топла просторија. На почетокот стандардно змии и слични рептилчиња. Туку што им требало ова: туриле една анаконда, поголема од мене, коа ја видов напунив гаќите. Колкаво магаре… Што знаеш, могуче е да е попуштено стаклото, ладно е… А даље се ѕверовите. Ама како морбидно изгледа тоа… си мислиш позади вратата те демне нешто диво, очекуваш секој момент да се подаде големата глава на лавот. А низ цела просторија на подот капки и локвички крв. Бљак! Арно ама мирни си седат кутрите. Има и лавови, и тигри, и гепарди и еден пантер, ист ко Багира од Книга за Џунглата. Го посвоиле од некоја фирма и го крстиле Живко. Смешки. Ама добро ги хранат бе… гнетат у велико некои месишта. Ја си викам овие на воче/поворче ги држат ама за празнициве и они омрсиле мустаќот.

После лавовите следат копитарите. Има неколку елени, има и младенчиња што е за поздрав, а има и некое бафало за мене непознато… со многу вуна на стомакот и остри рогови. Мислам дека беше у прашање тибетански јак. Има и некои бизони, од тие старите што чат-пат преживеале… а кравата преживеала бе, таа од секогаш е таму. И понијата (така е веројатно множината од пони) се истите. Си пасат и ќутат.

Отаде копитарите се наоѓаат дивите бишенца. Ама цела гунгула, ко зајци да се а не свињи. И некоја словенска раса се, со жуто крзно. Има еден вепар додуша, како Пумба е, кафеав, ама шатиран.

А медведите се истите од порано… тој што го галев како мал пораснал, другите меци остареле. Волците малце беа индиспонирани… едниот беше расипан, демонстрираше константно кружно движење обратно од стрелките на часовникот, и тоа не престана… ми се сврте мене од што го гледав.

Мршојадците беа интересни… само не знам со кој образ гавраните им влегле у кафез и им го јадеа ручекот. Срамота.

Е сеа идеме до еден битен момент: нилскиот коњ! Па ја толкаво говедо не сум видел, па тоа со галофакс изглеа го хранат. Главата му е колку Југо, а корпусот колку комбе, ама товарно… онакво Жито Лукс. Страва и ужас! Па тоа створење да го пуштиш на слобода цел град ќе испогани!

Има и еден рис. Изгледаше ко да дувал ама добро… се заѕверил у една точка и не мрда. Од време на време ушето му мрда и толку.

Е на мајмуните не им напраиле update. Истите се од пред две години… има само некои бебиња. А па на бебињата им дале играчки и овие си играат! Хардкор!

У средината на ЗОО-то има и еден дрвен замок… не сватив за што е наменет. Уствари кога Шварценегер го турија гувернер, зашто да не турат замок у ЗОО?

Сепак, мене најголем впечаток ми остави фоката. И таа е нова. Ама многу е мила. Освен што е мила и слатка и гледа слатко со очињата, ептен ми е некако интересна. Гњури и кога излегува на површина ја издувува водата… тоа е така некако забавно. Гњури и грбно. Се превртува и скока. Излегува на суво и позира некоја минута. Пак се нурнува и плива. Солзи ми потекоа кога ми текна дека цел живот ќе го пројде у базенот, а луѓе ќе и се ѕверат одозгоре како да е кловн… Шмрк!

На крајот ги гледав патките како играат брканица и се сопнуваат. Си играа на суво зашто водата беше замрзната. Има бааги нови гуски, патки, шатки, лебеди итн.

Забораив да кажам, на влезот, односно на просторот меѓу кокочките, камилата и шатките има љуљашки. Квалитетни се, ги испробав.

All in all, Зоолошката градина е направена бонбонче. Мерак да ти е да шеташ. Средено е се’, како што реков, башка има добра цифра нови жители. И ја очекував животните да ги хранат со некои помии нискобуџетни. Ама ете, секој ден корнфлекс и шумечи им даваат, а имаат и добро мени за ручек. Плус сега празници, па им дале и по некоја мрвка гратис, па и они се луѓе :) .

Како и да е, вреди да се тркне до ЗОО. Кога ќе имате слободно време или едноставно кога ќе ви здосади седењето дома одете и ѕирнете… интересно е. Јас последен пат бев пред 2-3-4 години и мислев дека сега ќе видам лешеви и изгладнети животни. Мислев дека ќе видам кучиња и мачки по кафезите… ама за среќа не е така. Башка љуљашките, мора да ги испробате!

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment