Мужот во акција!

Сега веќе сте запознаени со поимот „Балкански муж“, и со сите пропратни елементи на човекот кој се крие зад тој епитет – со неговите манири, неговите размислувања и вкусови. Затоа без поголем вовед ќе ви прикажам како мужот се однесува на одредени места и во одредени ситуации.

Муж кога гледа собрание

Ова може да се окарактеризира како статичен процес при кој мужот мора да го обави она стандардно седнување на мал седечки објект. Пожелно е да запали цигара и да се препушти на настаните што се случуваат од таа страна на ТВ уредот (кога сме кај телевизиротот, мужот мора да има онаков голем кафеав телевизор без remote control и со manual антена). Мужот ги разбира сите амандмани и сл. бидејќи тој е исклучителен капацитет. Сепак, додека трае досадниот дел од седницата, односно читањето на правните акти, мужот комотно може да се олабави… но кога доаѓа до интересното – дискусијата, мора да биде сконцентриран, да фати страна и да влезе у филм. За кој и да излезе на говорница, мужот прво мора да каже што мисли за него, од кај го знае (мужот како комуникативна личност ги познава сите) и потоа да го бодри или да го навредува. Така на пример, кога збори некој од опозицијата (било која), мужот би требало да го поздрави со зборовите: Брао мајсторе, муда до колена, арно им го клави…, додека при зборење на некој од власта мужот треба да му се спротистави: Хоштаплер еден, ја да го сушам за ди да го влажниш! Од таквите како тебе ни пропажа државата, маму ти е**м!.

Притоа не смее да се заборави дека седницата се проследува со многу емоции и постепена градација на истите која кулминира со ќотек на жената ако не дај Боже му сврти канал…

Мужот во ЊЦ

Секојдневниот сакрален ритуал на мужот е вршењето голема нужда. Поради разните состојки кои ги содржи неговото дневно мени, мужот има исклучиво мека столица.

Затоа самиот процес на какање е многу деликатен. Прво треба да се запази стандардната позиција (слична на седењето на гајба): со подраширени нозе, со трупод благо наклонет нанаред, само што овој пат од мука рацете се ставаат на мевот и се стиска врз него. Поради меката столица мужот има неверојатни болки во стомакот, ама муже и ќе истрпи. Затоа прави разни гримаси и испушта неартикулирани звуци при обавување на овој процес. На крајот, откако си го брише газот (исклучиво со едно ливше, за да уштеди), упатува поглед кон своето дело и го коментира. Обично со зборовите: Па па па, да ти е**м говното, у п***у матер, што сум јал!.

Мужот во продавница

Мужот со продавачот е ко `гз и гаќи. Затоа цел живот плаќа на рабуш. Обично, мужот купува леб, млеко, паштета, цигари, пиво и нешто по желба на домаќинката. Иако ретко купува, продавницата на мужот му е еден вид светилиште, особено ако има гајби на кои се седи покрај тротоарот.

Мужот на пазар

Само во недела! Мужот каго искусен пазарџија си знае кога е пазарен ден. Тој се познава со сите продавачи и секогаш знае на која тезга што има. Битен момент е плаќањето: мужот треба секогаш да се ценка и да ги заштити своите интереси. Па за негови пари станува збор. Така на пример, правиот муж секогаш се кара за цената на кило јабуки. Не можеш ти за јонатан да му наплатиш како за делишес. Не можеш ти прав муж да заебеш: он си има општа култура, си ги знае сите видови на воче и поворче.

Мужот во кафеана

Е ова е мерак. Кафанче, малецко, средено. Мора да има црвен кариран чаршаф и газдата да му е пријател на мужот. За да части една пијачка. Ако му е добар пријател, секој ден го посетува, бидејќи мужот мисли на пријателите. По едно чоканче ракија да мавнат на гладен стомак, да го фатат денот. И мезенце малкуцка, па не оди ракијата сама, не е вода.

Инаку, мужот ако намислил да иде у кафеана тоа и го прави. Иако најважно е да иде заедно со другарите мужови, доколку нема друштво комотно може да иде сам. Па он се знае со сите, ќе се најде некој за пиење заедно.

Кога сме кај кафеаната, многу е битно понашањето на мужот. Би требало да ги познава сите гости, келнерите, куварите… затоа со сите треба да се испоздрави, исклучиво со зборовите: Кај си бе да му е**м мајката, да му е**м. Тоа е за да се покаже учтивост, па мужот е љубезна личност, затоа сите го сакаат. Потоа треба да си ја заземе својата стандардна масичка, со црвен кариран чаршаф. Кога седнува ги засукува ракавите на кошулата/тренерките и како outgoing личност си тера муабет со сите у кафеаната. Првин порачува 2/3 ж`ти, мезенце, па ако е расположен главно јело. Ама откако умре Тито ни за у кафеана пари се нема, беспарица е, нема ко порано, да заседнеш… денес мужот у кафана иде чисто да се социјализира и сл. а мезето и ракијата се пропратен дел од тој процес.

Мужот во школо

Не, мужот не иде на школо да учи. Оди кај глупавите професори да види зошто му ги мучат децата. Инаку, мужот знае многу повеќе од даскалите, ама они се се на Ојле – Дојле, ги бутнале со врски, неспособни за живот и ги ставиле кај децата. Срамота.

Е кога ќе дојде веќе кај класниот/класната, треба да покаже кој е муж. Пожелно е на даскалот да му се развика у фаца, да го фати за врат (или на друг начин да покаже заби) и со својата силна мушка рука да тресне по вратата или најблиската клупа. Да се види кој е кој. После тоа аргументирано се убедува субјектот (класниот) дека детето го бива, ама дека даскалите се неспособни и дека од такви како нив ни пропаѓа државата.

Мужот на доктор

Е ова е редок случај. Обично мужот си знае што да прави. Всушност нему никогаш ништо не му е.

Но, кога станува збор за опасен проблем, мужот раководен од мислата мила душа не се дава како попше си оди на доктор. Најчеста причина за идење на еким му е цирозата или нешто слично. Обично докторите се исти како погоре споменатите даскали, само што кај овие мирно да слушаш. Значи мужот е поспастрен кај докторот, за да остави впечаток како тие од големото добро утро, за да го лечи поарно. Но, со самото идење на доктор, мужот во очите на другарите мужови испаѓа жена и го губи напорно стекнатиот углед. Затоа кога си доаѓа од доктор е депримиран и пожелно е да ја истепа жена му за да му олесни на душата.

Мужот на утакмица

Е ова е милина за гледање. Обично на утакмица мужот иде со дружината мужови (истите со кои седи пред продавница и иде у кафеана). Најчесто се иде на фудбал, се друго е лук и вода. Се влага исклучиво без пари, затпа што мужот се познава со вратарот. Се зазема најстратешка позиција на трибина и се вадат семките од џеб. И почиња акцијата.

Мужот се разбира во фудбал и тоа подобро од тренерот. Затоа кога ќе види дека у прв тим десна полутка игра Мецо а не Буцо почнува да реди: А бе ти дишеш ли бе? Абе продадена душо, на жена ти до даска мамето хоштаплерско! А бе на ќерка ти низ куќа да и шетам мамето нејзино!

Понатаму следи заплетот: судијата место корнер за нашите свирнал гол аут за нивните! Местено е. Ах, судија педер! И одма се почиња: Судија, маме да ти е**м слушаш? Нема да искочиш бе хоштаплер. Да ти дадам довглед бе ќорав? Да ти се серам на ќељавицата бе мрсул! (инаку мужот е многу конструктивен при измислувањето пцовки и навредливи фрази).

После тоа истиот судија, мамето негово, свири крај 30 секунди порано. Тука веќе е кулминација. Се корне столче, се зема замав и се фрла кон судијата. После тоа се симиња доле на терен и се преваспитава судијата. Џандарите ништо не му можат на мужот пошто се знае со началникот…

Така издуван мужот се осеќа испунето поради тоа што изввршил добро дело – го пребил предавникот – судијата. Е сега, малку незгодна ситуација е оваа за жената. Ако нашите изгубиле, добива ќотек, ако е изедначено добива само еден бокс заради глупиот судија… Ама ако тепале, мужот знае што треба! Го обавува она во што е најдобар – сексот.

Мужот во банка

Мужот во банка иде ретко, ама кога иде сите знаат. Па широкоград е тој човек – на жената и носи еден цвет (исклучиво од оние помаранџестите, како ли се викаа), на децата по некое чоколатце, а со другарите мужови два дена пијат и лумпуваат.

Инаку, кога оди во банка мужот е дотеран. – Кошула, панталони и кондури. Се замива под мишка и се зачешлува. Дури и е насмеан и ја бацува жената пред да искочи, иако не е пожелно многу да смекнува, да не помислат другите дека го изгубил мушкото у себе.

Мужот во кладилница

Кладилницата е место кое важи за собиралиште на правите мужови. Тие се упатени во се, па така и во фудбалот.

Се ставаат увек по неколку ливчиња, да не те заебе некој од кај знаеш. Се игра самоуверено, се тураат дерби утакмици, бидејќи како експерт за овие работи мужот е најдобар во кладењето. Се игра во стилот: кец у кец, икс у два, систем шест од седум, со хендикеп, замислени утакмици. Се игра за јака сума бе, тие фиксовите се за жени. Така на пример, прав муж Арсенал – Манчестер ја тура x-2 на едно ливче, а на другото x-1. Само ако не биде икс на полувреме, таа караконџулата дома ќе си го добие!

Мужот во црква

Мужoт си е религиозен човек. Ама не многу. Сепак, оди во црква, исклучиво за празници. Особено мерак му праи ако попот му даде од лепчето. Исто така цела година се чека на Бадник и стандардните огинчиња. Тоа за мужовите е екстаза! Опа иха, ракииче, огинче, дома клецање жената!

Мужот во сообраќајот

Способните мужеви возат кола. Колата мора да биде ретро, односно постара. Најмушка кола е било кој модел на Застава, Пеглица, Варбург, Спачек и старите Лади.

Е сега мужот треба да има и мушки стил на вожња. Така тој многу ретко застанува на црвено, зошто да чека ако може да пројде? Време со пари не се купува. Мужот претицува на пуна лента, врти без жмигавец и се паркира на тротоар. Па муж е, ај некој нека му се спротистави.

Помалку способните мужеви возат точак. Исклучиво Пони, а можеби и чатпат по некој десетобрзинец.

Мужот пред зграда

Мужовите пред зграда се збираат исклучиво за sport & leisure, односно играње или гледање табла.

Колку само инспиративно… Седнале двајца мужеви на клупа и маваат табла. Другите маалски мужови наредени околу нив како деветте круга на пеколот. Одма тука се слушаат навијачи, да ти е**м коцките, не лажи, ова она… како и да е мужовите се профи играчи на табла. Секој има свој стил на игра. Има напаѓачки стил, со два шешбеша па епиек, шешбеш па шешоек, дубара, чекање два кеца и сл.

Исто така, посикусните мужи пред зграда маваат шах. Е за овој спорт има помалку heavyweighters ама затоа покрваво е навивањето. Башка таа неизвесност, потење, коњ на А4, рокада, ловец на Е2… не ми враќај потези, ja вака на времето го тепав Милосављевич. Крш. Башка тука подмладокот гледа, па се караат, па кој губи части пиво, па дошла жената да вика за ручек и попила бокс…

Мужот на Багра… :) just kidding.

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment