Новиот симбол на глобализацијата
До пред некое време кога ќе се спомнеше глобализација, замиот збор потсетуваше на Мекдоналдс или Кока Кола. Денес има мал милион нови синоними за глобализацијата. Еден од нив е и NBA.
Водена од Дејвид (читај Давид) Штерн, ниско човече, со бела коса зачешлана на страна и смешни наочари, NBA се рашири до тој степен што последните големи настани (финалето и ОлСтарот) имаа десетцифрена бројка гледачи.
Долго време кошарката била спорт во сенка. Во САД на пример, до 70-тите кошарката била спорт за поплнување на времето кога нема бејзбол или рагби (американски фудбал ако сакате). Дури и самата NBA била „втора лига“ за кошарка зад ABA. Но, челниците на NBA сфатиле дека можат да направат нешто, и по кусо време дошло до припојување на ABA и NBA под заедничкото име National Basketball Association.
Во 70-тите кошарката доживува голема експанзија. Во 80-тите практично се изедначува со бејзболот и рагбито, а во 90-тите станува спот бр.1 во САД. Колеџ лигата (NCAA) која стартува во `79 исто така доживува невидена експанзија.
Но што е тоа што ја направи NBA можеби и најважна споредна работа на светот?
Квалитот дефинитивно не е. Династиите на Бостон, showtime-от на Лејкерси, Bad Boys циркусот на Детроит и доминирачките Bulls никогаш нема да се повторат. Во моментов, Лигата е можеби и понеквалитетна од 60-тите кога и започнала ерата на shot clock violation (одредено време за напад за да не дојде до „тупење“). Денешната NBA нема водечки ѕвезди, туку сите се ѕвезди. Нема најдобар тим, сите се натпросечни. Нема борбеност, се е до шоуто. А сепак NBA има милијардa активни гледачи низ светот. Денеска NBA заработува повеќе од било кога. Најмногу од продавање дресови и сл. тракатанци, од рекламите и ТВ преносите.
Па нормално да е така, бидејќи само околу 30% од најтврдокорните гледачи на преносите се Американци. Колеџ кошарката во Америка е можеби двојно популарна од професионалната. Ем заради индустријата и хемијата, ем заради 70 странски играчи во моментов во NBA. Како што и нивниот сајт кажува NBA денес е глобална (сајтот има повеќе верзии, а default e верзијата global).
Странците во NBA
Странците во NBA биле непознат поим до средината на 80-тите. На драфтот 1984 Нигериецот со американски пасош, Аким Олајџувон е избран како втор пик и доживува невиден успех во својата кариера. Истото се случува со натурализираниот Јамајканец Патрик Јуинг. Подоцна се појавува феноменалниот Германец Детлеф Шремф кој е најавен како нов Лери Брд. Потоа во NBA доаѓаат и останатите членови на првата генерација странци од Европа – Шарунас Марчуљонис (Литванија), Владе Дивац (СР Југославија), Рик Смитс (Холандија) и Дражен Петровиќ (Хрватска).
Кога Штерн видел каква попуарност доживува NBA во Европа се вчудоневидел. Во 90-тите во Германија натпреварите на Индијана и Сиетл (каде што настапуваше Шремф) биле ексклузивно пренесувани и станле едни од најгледаните спортски настани после фудбалот и сл. Во земјите од бившата Југославија уште поинтензивно започна да вирее кошарката, а во земјите од Советскиот блок кошарката која беше на изумирање, воскресна. Голем успех доживеа и Заирецот Дикембе Мутомбо, кој заедно со Олајџувон допринесе за посветување на внимание на африканската кошарка. Сите странци кои успеаа во NBA станаа легенди во своите земји, маркетиншки атракции и UN амбасадори.
Така во 90-тите влегуваат голем број Европејци во NBA. Не дека се поквалитетни од младите американски таленти (со исклучоци), туку од маркетиншки причини. Тони Кукоч, Дино Раџа, Жан Табак, Арвидас Сабонис, Предраг Даниловиќ и др. им се придружуваат на претходните дојденци од Европа. Дури и земаат учество во сите offcourt активности, како и на Олстар натпреварите и разните егзибициски натпревари.
Кон крајот на 90-тите во NBA влегуваат таканаречената втора генерација странци. Како предводници се наметнаа Стив Неш (Канада), Дирк Новицки (Германија), Передраг Стојаковиќ (СЦГ), Тарик Абдул Вахад (Франција) како и Марко Милиќ (Словенија) и Мирсад Туркчан (Турција) кои од административни причини не заиграа во Америка.
Приказна за себе е Тим Данкан, по потеквло од US Virgin Islands, кој е еден од моментално најдобрите играчи во NBA. И тој официјално е вброен во „странците“ во Лигата.
Од 2000 па наваму, странците во NBA се повеќе се експонирани, а цената ја плаќаат младите американски играчи. Јао Минг, По Гасол, Дарко Миличиќ, Тони Паркер, Андреј Кириленко, Марко Јариќ и уште неколкумина се доста квалитетни, па затоа на драфтот секоја година има се повеќе странци. Догодина се очекува и првиот Македонец во Лигата, Предраг Самрџиски.
Кинезите
Пазар од милијарда луѓе е сонот за суровите капиталисти. Токму таков е азискиот (читај кинескиот) пазар.
Тоа го имаа знаеја Американците. Ама прв нападна Марк Кјубан, ексцентричниот газда на Далас Маверикс. Во 2001-та успеа да го „грабне“ Жи Жи Вонг, центар на армискиот кинески клуб. Иако склучија контроверзен договор, многу испадна исплатлив. Неверојатни цифри на дресови беа продадени во Кина. Кинеските телевизии со суво злато ги платија ТВ-преносите. Потоа Жи Жи се изгуби. Ама дојде Јао Минг, 228 цм високиот мутант. Првиот странец избран како прв пик на драфтот. Неосновано беше избран пред големи имиња на колеџ кошарката (Дру Гуден и карлос Бузер) и најголемата тинејџерска атракција (Амари Стадемаер). Се покажа натпросечен, но далеку од очекувањата. Но, битни се пропратните феномени.
Беше драфтуван од Хјустон Рокетс. Кога потпиша и го покажа новиот дрес, тазе отворените NBA stores во Кина (токму летото 2002) беа преплавени од тазе муштерии. А минатото лето, Рокетси се решија „ненадејно“ да го сменат логото и дресот. И замислете, имало неверојатно голема побарувачка на новите дресови во Кина!
Тука е и Олстарот. Јао лани и годинава успеа да го победи големиот Шекил во битката за гласови. И тоа не во онлајн гласовите, туку во гласовите со ливчиња во партнерските фирми на NBA (Кока Кола, Мексоналдс, Најк…). Значи, кинеските деца ќе си купат патичиња, ќе кснат нешто во Мекдоналдс и ќе гласаат за Јао! Интересно.
The Bron
За да биде гледана, NBA мора да им понуди на потенцијалните гледачи нешто ново. Џордан си отиде, а неговите наследници (Коби, Ајверсон и сл.) потфрлија. Така се решија иднината на NBA да ја препуштат во рацете на едно 18-годишно момче – Леброн Џејмс.
Уште додека беше во средно училиште го даваа на националната телевизија. Уште пред да стапне на NBA теренот доби ДЕВЕДЕСТ МИЛИОНИ АМЕРИКАНСКИ ДОЛАРИ од Најки и уште којзнае колку од други спонзори. Детето сега има 19 години, висок е 205 цм и има околу 110 килограми! Вреќа со стероиди која на тимот на Кливленд им помогна по долго време да ја наполнат салата, односно цела сезона да биде активиран вкупниот гледачки капацитет. Се покажа добро, а книгата за младото скромно американско момче растено со самохрана мајка стана бестселер.
NBA.com
Сајтот на Лигата константно е меѓу топ 10 посетувани сајтови. Од пред некое време има шпанска, кинеска и руска верзија, а годинава allstar04.nba.com страницата можеше да се види на голем број јазици (арапски, српски, француски…).
И за крај…
Само едно мало потсетување на Мекдоналдс турниирите меѓу NBA шампионот и европскиот шампион, натпреварите на почетокот на сезоната во Европа, Јапан и Мексико, и на Space Jam.
No related posts.


