Угриэ

те боли патиш осамен
чувствуваш боликавата жица
набодена месото распарчено
во огледало купче луэни место лице

рѓосани огради эагради од сите страни
не вечерва нема да си легнеш
нема сон эа тебе истриј очите поспани
над умрената желба треба да бдееш

не очекувај никој да те раэбере
не очекувај да се раэбереш и ти самиот себе
храброст е да приэнаеш дека не энаеш
што правиш сето тоа време

купаш тунели кршиш ѕидови
кршиш коски од сопствениот череп
мавајќи во бетон и желеэо
а од слободата само прав и пепел

дебели се ланците тешки теговите
соочи се побрэо недостиг од эдив
сам си како и секогаш осамен эапни бе
одненадеш доаѓа животниот наплив

никој нема да води твоја борба
никој нема да те преврэе ранет
никој нема да те плаче кога
ќе те легнат во гроб со эемја срамнет

не е причина да ја свиткаш опашката
нема враќање од оваа точка наэад
доволно беше кукавичлук
кучињата што лаат треба да касаат

не се жали преточи го
гневот во силна силина надмоќ
не мора да склопиш очи эа да
го сониш најубавиот сон оваа ноќ

вдиши длабоко исплачи мавај корни
энаеш вака веќе не оди
мора да стиснеш эаби посилно
само гневот може да те ослободи

No related posts.

RSS Feed for This Post4 Comment(s)

  1. darko156 | Sep 28, 2007 | Reply

    Ова э-то и дава посебен шмек на поезијава :)

  2. oksimoron | Sep 29, 2007 | Reply

    Уф! Многу енергија се насобрало во тебе :)
    Ја канализираш низ стиховиве на чидесен начин ;)

    „…купаш тунели кршиш ѕидови
    кршиш коски од сопствениот череп…
    ….не очекувај никој да те раэбере
    не очекувај да се раэбереш и ти самиот себе…
    …не мора да склопиш очи эа да
    го сониш најубавиот сон оваа ноќ…“

    Мала претумбација, де ;)
    Поздрав :)

  3. buntewski | Sep 30, 2007 | Reply

    риспекат.

  4. јас | Oct 2, 2007 | Reply

    Бато, тебе почесто треба да те праќаме на одмор…

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment