Антикапиталистичка песна за луѓе со цврст стомак

темно кафеаво така
наликува на кал
запенето во жолти меурчиња
да го искакаат им е жал
внатре семчиња од сусам
парченца магданос
некои чудни конци се тегнат
удирајќи болно на нос
грутки се тркалаат по шољата
потоа доаѓа цврстото „клонг“
снажен прдеж на лентата
казанче златен гонг
пече жари се топи хартијата
разложена од гнасна киселина
сериско производство на гомното
муштеријата веќе зина
пушти вода оп во следна фаза
производство профит растеглив
вкусна храна за децата
на рафтовите со теглички
No related posts.



Shepard | Nov 26, 2007 | Reply
авторот на песната е горд сопственик на Apple MacBook
[Translate]
Vrgood | Nov 26, 2007 | Reply
Нешто го нема епл логото во сликичкава
[Translate]
Sale | Nov 26, 2007 | Reply
Ах Мекчето
[Translate]