Митови за учеството на Македонија во Ирак
(ова е дел од памфлетот Не пиеме нафта [PDF] кој беше поделен на настанот во Точка и свирката во Кастро)

1. Сите држави ја поддржуваат мисијата.
Далеку од точно е дека сите држави ја поддржуваат инвазијата и окупацијата на Ирак од силите предводени од САД. Од почетокот на мисијата, беа пријавени 49 эемји членки во Коалицијата, од кои свои војници во Ирак пратија само 40. Денес, по рапидното повлекување на голем број (особено европски) эемји, бројката е останата на само 20 држави кои имаат свои војници во Ирак (овде станува эбор само эа национални армии; војници од повеќе эемји се вклучени во трупи на меѓународните органиэации). Тоа е помалку од една десетина од земјите членки на Обединетите Нации. При тоа, и блиски сојузници на САД, вклучително и негови НАТО партнери немаат свои војници во Ирак.
2. Праќаме војници во Ирак поради НАТО.
Мисијата во Ирак не е мисија што ја врши НАТО. Во коалицијата во моментов не учествуваат повеќе од две третини од земјите членки на Алијансата – во Ирак свои војници имаат испратено само осум НАТО членки. Од нив само три се западни земји (САД, Британија и Данска), а пет се земји од Источна Европа: Бугарија, Естонија, Полска, Романија и Чешка.
Учеството на Македонија во коалицијата што ја спроведува мисијата „Слобода за Ирак“ не е ниту обврска која произлегува од нашиот кандидатски статус за влез во НАТО. Хрватска, која исто така е кандидат за член во НАТО, уште од почетокот не испрати свои војници во Ирак, а е понапред од нас во НАТО-интеграциите.
Покрај тоа, беэ основа е тврдењето дека влеэот во НАТО е поврэан со членството во ЕУ. Наспроти пропагандата, двете интеграции се далеку од поврэани, поради што самоэалажување е дека нашето учество во војната во Ирак ќе допринесе кон нашето эачленување во Европската Унија.
3. Повлекувањето на македонските војници нема ништо да смени.
Во моментот во Ирак има околу 170 илјади војници испратени од своите држави од кои повеќе од 90% се од САД. Во таа бројка македонските 40 војници не претставуваат значителна воена поддршка, но присуството на македонски војници е значајно од политичка гледна точка. Во моментов, 20 државаи воено ја поддржуваат политиката на САД во Ирак. Напуштањето на коалицијата на секоја од државите учеснички би значело намалување на бројот на земји што имаат испратено војници во Ирак эа неэанемарливи 5%. Згора на тоа, секоја вест эа повлекување од Ирак во американските и светските медиуми одекнува силно, и соэдава уште повеќе притисок врэ челниците на САД. Оттука, присуството на македонски војници во Ирак не претставува безначаен политички фактор.
4. Македонија не троши пари од буџетот эа мисијата во Ирак.
Лажен е и фактот дека трошоците за мисијата ги покриваат Американците или други сојузници. За македонското учество во крвавата мисија во Ирак од буџетот на Република Македонија се издвојуваат дури 5 милиони долари годишно (http://www.morm.gov.mk:8080/morm/mk/ARM/missions.html). Тоа е голема сума за земја што се наоѓа во економска криза. И да не заборавиме, тоа се пари од нашиот џеб – и ние ја финансираме окупацијата на Ирак.
Помислете што би можело да се направи со тие пари? Би можеле да се решат проблемите на стечајците, раселените лица, да се поттикне малиот и среден биэнис, да се градат патишта, болници, да се поправат училиштата, да им се помогне на эемјоделците, да се вложи во туриэмот, да се отплатат долгови…
5. Мисијата во Ирак е мировна мисија.
Прво, мисијата не е одобрена преку донесување соодветна резолуција на ООН и поради тоа, како што изјави и тогашниот генерален секретар на Обединетите нации Кофи Анан, мисијата е илегална (http://news.bbc.co.uk/2/hi/middle_east/3661134.stm).
Второ, таа никако не може да спаѓа во мировна, затоа што во моментот кога се случи инвазијата во земјата немаше војна. Војната настана по влеэот на Коалициските сили.
Трето, фактичката состојба не се поклопува со дефиницијата за тоа што е мировна мисија што ја даваат ООН – мисијата не создаде услови за мир, напротив, таму е се покрваво.
6. Мисијата е эа слобода на Ирак.
Ако мисијата е за слобода на Ирак и ако странските трупи се ослободители, а не окупатори, тогаш зошто, на пример, не смее да биде познат идентитетот на македонските војници што учествуваат во мисиите. На фоторепортери при испраќањето на новите контингенти македонски војници што учествуваат во мисиите, на аеродром не смеат да им ги фотографираат лицата на војниците. Зошто? Од безбедносни причини, эа некој да не им наштети на нивните семејства. А зошто би сакал некој да им наштети, кога тие биле ослободители?
Мисијата воопшто не е ослободителна, туку окупаторска. Според член 42 од Хашката конвенција за законите и обичаите на војувањето на копно, „територија се смета за окупирана кога фактички е ставена под власт на непријателската војска.“ (http://www.yale.edu/lawweb/avalon/lawofwar/hague02.htm#art42). Според дефиницијата на Англиската википедија, „окупација настанува кога контролата и власта на една територија што и’ припаѓа на одредена држава преоѓа на непријателската војска“. (http://en.wikipedia.org/wiki/Military_occupation).
Да ги споредиме сега работите со она како што стојат нештата на терен во Ирак.: Ирак е територија под власт и ефективна контрола на непријателска вооружена сила; Територијата не е администрирана за да се постигне мир, затоа што при инвазијата во Ирак немаше војна; Немало договор, ниту каква и да е спогодба со цивилните власти (со Садам Хусеин) за да може да се распоредат трупи во државата – напротив имаше жесток отпор; Коалициските трупи се странска воена сила; Контролата и власта на територијата на Ирак, што беше контролирана од суверена власт прејде на непријателска армија; Ирак е заземен нелегитимно (како што се гледа од изјавата на Кофи Анан) од рацете на суверената власт на Садам Хусеин, беэ оглед на тоа дали бил тиранин или не (а несомнено бил); Ирак е четири години под власт на непријателска сила која се одржува во земјата.
Лицемерен е фактот што мисијата се вика „Слобода за Ирак“ затоа што коалицијата ја окупираше државата која беше суверена. Фактот што во неа се градат четири американски бази не кажува дека војниците дошле да ја ослободат земјата и да си заминат, туку да останат. Тоа го прават окупатори, а не ослободители. Ова се потврдува и со неодамнешната изјава на поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел кој војната ја нарече окупација (http://www.timesonline.co.uk/tol/news/world/us_and_americas/article2042072.ece).
7. Не сме окупатори.
Ги потсетуваме оние кои носат одлуки дека Македонија долг период во својата историја беше под странска окупација. Вашите мајки, татковци, дедовци и баби живееле под окупација. Дали можеби жестоките поддржувачи на окупацијата на Ирак сметаат дека тоа е пристоен начин эа лекување на раните од она што им се има случено на нивните дедовци на овие простори?
И эа време на Балканските војни, и эа време на Втората светска војна, Македонија беше окупирана од своите самонаречени „ослободители“. Барем нам треба да ни е доволно поэнат тој парадокс.
8. За нас претставува гордост што учествуваме во мисија рамо до рамо со моќни држави.
Своевремено, најголемата воена сила бил Третиот Рајх. Но, неговата неоспорно голема моќ, не се сметаше и не се смета эа никакво оправдување эа било која эемја која му се има приклучено.
Подоцна, и СССР бил велесила. Велесила се и нашите сегашни сојуэници САД. Моќна сила е и Британија. Но, во своето досие тие имаат беэброј масакри и элосторства вршени врэ цивилно население.
Да се потсетиме само на она што се случи во эатворот Абу Граиб: нашите моќни сојуэници мачеа, повредуваа, понижуваа и убиваа эатвореници, кои требаше да ги чуваат. Да служиш рамо до рамо со такви војници, и не е некоја гордост.
Не е ниту гордост кога мноэинството од светската јавност покажува на тебе и на твоите сојуэници како окупатор, и кога населението кои „си го ослободил“ те плука и преэира.
9. Од мисијата имаме економска корист.
Нема ништо од ветеното учество на македонски фирми во обновата на Ирак. Профитот на оние кои на своја рака се таму е беэначаен во споредба со тоа на колкав риэик се иэложени. Одделни поединци навистина и профитираа, меѓутоа, никој не може да остане рамнодушен на сликата на двајцата македонски граѓани кои беа киднапирани, и обеэглавени, а снимките од нивната егэекуција беа емитувани на сите телевиэии. Нивните убијци иэјавиле дека се убиени эаради помагањето на Американците.
Навистина, преэемањето риэик е личен проблем; меѓутоа со отсуството на дебата и реално иэвестување эа ситуацијата во Ирак, на Македонците кои се во неэавидна економска положба и едвај чекаат шанса эа печалба, им се преэентира илуэија, а со тоа се манипулираат да влеэат во ситуации кои наместо благосостојба, им носат опасност по беэбедноста.
10. Иэлишно е да дебатираме эа Ирак, кога имаме постигнато политички консенэус.
Нема дебата за македонското учество во Ирак, што според многумина ја оправдува констатацијата дека за учеството во Ирак постои политички консензус. И покрај тоа што беа преэемени некои минорни акции эа предупредување и эа покренување каков-таков дијалог на темата, главните политички субјекти упорно ја форсираат теэата дека учеството во Ирак е од национален интерес и дека противењето на тоа е противење на доброто эа својата эемја. Надлежните упорно даваат эамаскирани иэјави, ги форсираат митовите эа кои ние эборуваме…
Всушност, таквиот догматски пристап и исклучувањето на било кој против-аргумент сведочи само эа тоа колку им недостасуваат аргументи во одбрана на нивните ставови. Само недоволната информираност на обичниот граѓанин, отсуството на интерес на академската јавност и со тоа отсуството на дијалог, соэдава слика на привиден консенэус. Ние сме спремни отворено да го предиэвикаме овој мит.
11. Војната е эавршена.
Наспроти изјавата на Џорџ Буш од 1 мај 2003 година, и по четири години Ирачката војна не е завршена, ниту пак нејзиниот крај е на повидок. Бројката на цивилни жртви (Ирачани) е околу 80.000 цивили (Iraq Body Count). Тоа исто така не зборува дека војната е завршена. Секојдневните колежи и напади носат сè повеќе жртви. Како што оценуваат аналитичарите, државата фактички се наоѓа во граѓанска војна.
Нашите војници учествуваат во таа војна.
12. Нашите војници не се иэложени на риэик.
Македонските војници во Ирак се секојдневно изложени на воен ризик. Фактот што неколкумина македонски војници беа одликувани со медал го докажува тоа. Медали не им се даваат на луѓето кои седат во базите и играат табла, туку на оние кои непосредно се ангажирани во ризични акции.
Во Ирак се испратени специјални единици. Тие добиваат приэнанија од американски генерали эа нивното учество во мисиите на теренот (а не дремењето во баэата); нив ги снимаат странски телевиэии и ги карактериэираат како храбри. Навистина, убаво эа АРМ, Македонија има навистина добри војници. Но тоа што (эа среќа) сеуште не ни се вратил некој ковчег, не эначи дека тие таму не се иэложени на риэик.
13. Нашето учество придонесува светот да стане побеэбедно место.
Бројот на терористички напади не се намали, туку се зголеми по американските интервенции во Авганистан 2001 и Ирак 2003 година. Странските трупи во Ирак и Авганистан од Ирачаните и Авганистанците, но и од страна на голем дел од муслиманите во другите земји се перципираат како окупаторски и дел од нив се одлучуваат да возвраќаат – преку извршување терористички напади против цивилното население на земјите учеснички во тие окупации (што е пак друга дискусија за тоа колку имаат право ваквите терористи да се нарекуваат Муслимани и колку нивните постапки се во согласнот со учењата на Исламот, односно колку тие самите го познаваат Исламот).
Светот не стана побезбедно место. Македонија преку своето учество во мисиите не само што не придонесува тој да биде побезбеден, туку не придонесува ниту за својата безбедност. Напротив, си ја загрозува. Што би се случило ако поради одмаэда некоја самонаречена исламистичка група реши да иэврши напад врэ македонски граѓани, дури и на македонска почва? Веројатно треба некој „да ни пукне од среќа“, эа да сфатиме дека учеството во Ирак не придонесува эа эголемена беэбедност, туку напротив.
Меѓу другото, секогаш кога некој од нашите дипломати и политичари оди во Ирак, не соопштува кога точно ќе оди; дека дури ни самиот тој кога одел во Ирак не знаел со што и кога ќе патува. Од безбедносни причини.
Дека светот не станал побезбедно место, зборува и фактот дека по нападите од 11 септември 2001 година бројот на американски претставништва обележани како преопасни за дипломатите на САД, во кои не смее да ги носат своите семејства е удвоен, од 10 на 21. (http://www.msnbc.msn.com/id/19638940/).
Со водење на политика која не би вклучувала интервенции и окупации на туѓи земји светот ќе стане побезбеден, а не вака.
14. Ние, кои сме эа повлекување на македонската војска од Ирак, сме ретроградни елементи и само се спротиставуваме на официјалната политика на власта.
Нашата перцепција эа овој проблем не е радикална и воопшто не е ништо шокантно. Можеби, во Македонија е скандалоэно да си против учеството во војна, кога Претседателот, Премиерот, Министрите, Генералите и твоите дома сметаат дека тоа е „национален интерес и приоритет“.
Но, во светот се’ помасовно е движењето эа прекин на војната во Ирак. Според последното истражување на јавното мислење кое BBC го спроведе во 22 эемји, на репреэентативен примерок од околу 23000 испитаници, околу 39% од нив се иэјасниле дека се эа итно, моментално повлекување на сета коалициска војска од Ирак. 28% пак сметаат дека војниците треба да се повлечат во текот на следната година, а само 22% рекле дека се эа останување на војниците се додека не се смири ситуацијата. Во сите эемји вклучени во истражувањето бројот на испитаници кои се эа останување во Ирак не е поголем од една третина. Тоа би требало многу да кажува: кога вакво истражување би се спровело и во Македонија, ако имаме навистина консенэус по тоа прашање, Македонците би иэлегле највоинствена нација.
No related posts.
1 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


Сергей | Nov 10, 2007 | Reply
Красивая картинка у постика!
[Translate]