Крвопии не!
паразитирате паразити додека не се наситите сити ситни души неспособни за живот ако сакаш лет со авто-пилот на друг не сечи му крило што ти се завидило ти ко кокошка в кал преташ вошка за ситна трошка слава полно его патиш за внимание во страв од непознание необјасниво агресивен правиш муабет депресивен се храниш опсесивен со туѓа енергија пиеш на туѓ поток го сееш злото ти пречи што на тлото цврсто стојам кроток не се бојам со секакви бои само модар оток додека ти кроиш план да сопреш некој позитивен проток да го допреш тој масивен ко планина порив не се спори пасивен си од таму твојот гнев на твојот мев гледаат со потсмев си заборавил кој ти даде трошка леб море слеп за стап не се држиш во слап се слизна отиде тап-чо беден во бездна мизерни фрази без образ одиш од еден во друг пораз кородираш во патолошка желба да се биде прв преку мртви тела крв стрелба а не двобој о ти црв-у истреси си првут удри во гради се се’ лаги ти си ништо убиец на добра волја добра надеж ‘рт бе крт без срце предавник на сам себе огаден што си направил со твои раце твој труд светот ти е туѓ па нормално студ кој си ти даваш суд ја сакаш само користа бори се со твоите просторни не пространи демони освојувај во душата слушај ја попушти нека не те дразни плунката празни очи трунка почит кон лулката биди човек а не ѕвер однатре фер види се гниди се и ти една од нив ригиден досаден врзан за нога кога пловам под вода надолу влечеш стока оков триста ока се знае што ќе речеш ама овој пат нема отстапки за твоите сопки замки постапки знам дека не веруваш немаш светиња само тиња за прасиња и твојата желба да го видиш мојот пад и страд само за да бидеш над нема да се оствари затоа не сери престани мина времето на такви педери!
No related posts.



јас | Nov 2, 2007 | Reply
Ова се штанца!!!!
[Translate]
mary_jane | Nov 5, 2007 | Reply
niso pomalce ne ocekuvav od tebe!Bravo mrcino!:)
[Translate]