“Не пиеме нафта” организира настан во Мала Станица

Утре, петок 16.11, со почеток во 13 часот, во Мала Станица (позади Рамстор) во склоп на Peace Unlimited Festival ќе се одржи тркалезна маса на тема “Република Македонија и нејзиното учество во Ирачката војна”. Учество ќе земат професорите Билјана Ванковска, Светомир Шкариќ, Љубомир Цуцуловски, Мирјана Најчевска, потоа претставниците на политичките партии Александар Николоски (ВМРО ДПМНЕ), Игор Ивановски (СДСМ), Ермира Мехмети (ДУИ), како и Рамадан Рамадани, Џабир Дерала, Никола Гелевски, и Жарко Трајаноски и јас како претставници на иницијативата. Модератор ќе биде Роберт Алаѓозовски. Кој е слободен нека намине. Верувам ќе има што да се чуе.

Приликата ќе ја искористиме и за делење на втората подобрена верзија на памфлетот “Не пиеме нафта”, а ќе се делат и беџови со војникот кој наместо калашников држи М16.
Кој може нека дојде – кој не, бар нека ја потпише петицијата.

No related posts.

RSS Feed for This Post2 Comment(s)

  1. Филозоф | Nov 15, 2007 | Reply

    Ќе има ли некој да направи `транскрипт-бест-оф` пејстинг од муабетењето?

  2. Shepard | Nov 15, 2007 | Reply

    ваљда ќе имаме аудио снимак за подкаст.

RSS Feed for This PostPost a Comment