Ај сеа кој е погаден [дебата за абортус]
Да се аргументира забрана за абортус со прикажување клип од постапката, е тотално глупо. Наместо аргументи и критички ставови, се удира на емоции.
Цел град е излепен со плакати на кои има линк од изведување на абортус. Стварно е гадно.
Ама ништо помалку гадно не е ни ова видео, од породување.
И сеа?! Што е погадно?!
Јас лично сум против абортирање (во случај кога јас би бил засегнат, т.е. би сакал да се роди она што јас би го зачнал). Би сакал деца. Многу деца. Сметам дека се богатство. До пред некое време бев изрично против, но што знам, се сменив многу во тој поглед и сум сигурен дека многу порано од моите врсници ќе станам татко. Не би сакал мој плод да биде абортиран, но и не би инсистирал на раѓање по секоја цена доколку нема услови.
Но тоа не ми дава право да им го одредувам животот на останатите. Правото да се абортира е сосема легитимно, во било која околност, не е битно дали се работи за потенцијални аномалии на плодот, или едноставно прагматична одлука да се избере кариера наспроти мајчинство. Нештото што се абортира не е човек, не е личност, не е душа, само мало топченце кое сеуште функционира како дел од телото на мајката (она со клипот е превара, тоа е абортус во шести месец веројатно). Тоа не е убиство. Тоа е едноставна хирушка интервенција, чин кој што се прави поради тоа проценката дека абортирањето би било покорисно отколку раѓањето. На крајот на краиштата, кога некоја трудна жена не сака да стане мајка, зар треба да ја присилуваме на тоа?
Забранувањето на абортусот за мене би бил тотален нонсенс, повредување на личното право на избор, игнорирање на науката на сметка на некои си догми и голем чекор наназад во поглед на почитувањето на Човекот од страна на законот.
Што се однесува до некои други дискусии поврзани со ова прашање, како на пример “одумирањето на македонската нација” – сметам дека крајно лицемерно и кукавички е да се бара вината за опаднатиот наталитет во абортусите, тоа е само мешање во животите на другите. Сите оние кои се потресени поради намалената стапка на раѓања, само еден совет – ПРАВЕТЕ ДЕЦА МАСОВНО! Ич да не ви е гајле за оние што абортираат. Никогаш тие нема да можат да изабортираат колку што вие можете да изродите. Секогаш тргајте од вас. Македонци, размножувајте се! Оплодете се во името на нацијата!
Доколку пак, постои загриженост за огромната стапка на абортуси (некаде чув 70 дневно, што не е малце) заради самиот чин на абортус, тогаш еден совет: порано спречете, отколку да го лечите. Користете контрацепција. Ако не сакаш деца, а ти се води љубов, се знае што треба. Место да лепите плакати против абортус, делете кондоми. И секако, место веронаука – сексуално образование.
No related posts.
7 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


Vrgood | Nov 18, 2007 | Reply
Шеп, чути и прави децу!
[Translate]
Vrgood | Nov 18, 2007 | Reply
Иначе мене не ми е одвратен овој клип, чак и симпатичен само се секирав за бебево, дал е живо по малтретирањетО
А тој блог за абортуси одма избегав.
И ја сум со истиот став ко тебе, моите ќе си ги чувам ако треба,нека буду и деце десет, али ултимативно, тој избор е на мајката.
[Translate]
дамјан | Nov 18, 2007 | Reply
WTF?
од каде идејава за забрана на абортуси? да не сум го преспал доаѓањето на талибанците на власт??
стварно чива е кампањата против абортус?
[Translate]
Новица | Nov 18, 2007 | Reply
ОТ:
Вчера се изненадив на гужва на Илинденска. А тоа да ти било утакмица. Па мање-више на шала реков ако не е на кајмакот не знам што се случува.
Еве сега и со муабетов за кампањата за абортуси ми се случи истото. Немам поим што се случува во градот, ама добриот Вуна е тука да извести.
[Translate]
Igorthze | Nov 20, 2007 | Reply
Заборавив да пишам мејл, па сега ме мрзи да пишувам коментар отпоново. Во секој случај поентата ми беше дека најголемиот број на пролајф застапници (од кои ови домашниве задоцниле едно деценија и пол со дебатава) се во главно религиосни фанатици и тоа мажи. Затоа е лесно да тврдиш дека си против абортус од позиција на маж кој има малку разбирање за различноста на жената.
Да те видам да те зачне девојка ти во тебе дали ќе бидеш против, а?
)) Мала шала, мртво родено, нели?
Интересен ти е примерот со клипот (ме потесети на Романса Икс) и односно како кометирањето на сликата (или видеото) сосема може да го измени контекстот. Но за жал малку луѓе се склони кон правилно логично аргуметирање, така што многу псевдо аргумети им проаѓаат во докажувањето…
Ај те имам у блог пријателчиња, па очекувам повратно испоштување…:)
Поз.
[Translate]
Shepard | Nov 20, 2007 | Reply
јас ова го пишав од позиција на среќен татко на здраво осуммесечно девојче..
шала шала..
[Translate]
mary_jane | Nov 23, 2007 | Reply
лееј последниов коментар ме стресе, шо се десило од коа не сме се виделе?
))шала,него шознам, јас лично сум против, али не до крај, ако моеш да спречиш-спречи ако веќе е касно, боље абортирај него да му го сјебеш животот на детето,својот и на сите останати поблиски…и пеер,шо е со клипчево,види у колку саат сабајле ме згрози
))
ајт
[Translate]