Кихот пее серенада
два саат е со санчо се мотаме низ маало
кој ли беше твојот влез
негде пружен веш и светла горат
фрустрации те нема емитирам бес
комшиите гледаат на криво
натрапници или дедо мраз
не е нова година нема ни да крадеме
туку ќе пееме серенада на глас
се шуњаме оџаци прозорци балкони
упорно душкам по тој мирис
пошто темница прст пред око не глеам
перде страбизам болештина на ирис
ревносно бараме со песна под мишка
ама нема некои лица колку да се важни
стануваат невидливи се кријат
зад слојот пудра и маските тажни
бар леген врела вода или татко ти со пушка
вака безизлез мрскотија извира од самата идеја
„пакуј кихоте песната“ санчо вика
„она е повеќе ветерница отколку дулчинеја“
No related posts.


