Колку може да биде зло
велат хорсаш поарно да се хорсав хорс и не е дрога во споредба со ова што го пробав крај не прашувај само седни пишувај натопено во болка спомени подвлекувај замаглени на што се сеќавам оваа година само јас и четири ѕида колку денови така минаа а уште повеќе идат само едно памтам на срце тропот там там здравје на нула само апот голтни го аха го изеде стапот со уста зината од зевање уште една ноќ непроспана осамнува и сега конечно обвинувам за ведрината зошто ми ја зема од животот најмилото насмевката ми ја симна од лице ми ја одзеде ја загубив посреде ја украде ме заќуте и не е ситница кога животот тица на црвено не стои на зелено не прашува за ситници туку крупни работи ме пореметуваат на подлактици навален ме кутнуваат со стегнати тупаници ме доведуваат до чело меѓу нив напрегнато извичници и прашалници грабливци гледам параноја по угорници камен каменот карпа на глава ми се рони варта во босо стопало шајка влегува добредојдено да ми го одвлече вниманието од треската што ме обзема врескам збеснувам без врска некому а на друг му дошло да прдне и пак нема да се тргне инатот нагон за самоуништување со прст нема да мрдне бори се ако ти значи бори се повторувам сто пати пипам пулс дали го немам пипам пулс на набабрена вена само четири букви спелува без да претерува кажува што му треба да се смири пред да крахира остра болка во грбот ме сопира кај отиде веселоста морам да го загреам месото гори коприва се спепелува мислам се распаѓам на кого припаѓам дали претерувам да бегам или да не помислувам да стегам заби да не ги искршам од што чкртаат и солза капнува се стркалува солза се присетува на последната радост уште една потекува плаче не може да се смири иде јаче и јаче му текнува на леандарот во дојран и пак иде грд спомен посран му текнува како се качува на мостот и пак не му текнува ништо добро човеку па ова е лоботомија на последна станица симни ја тагата теретот распакувај ги лагата илузии сруши вагата натежнала гуши на едната страна тучи кога веќе не се издржува спасувај жива глава давај шанса и шанса и шанса страва ама веќе нема права кобни мигови јаваат за нијанса тажни часови признаваш трагедија во жални стихови дали можеш да се прибереш или митови мртов си во прашање битови жигови носиш печати во ткиво скиснато на сто фронтови не може да се победи признај си скотови демнат од сите страни не биди и ти скот признај си дека си готов дека ти треба помош помогни си скоту сам останат си додека е време оди си
No related posts.



нена | Nov 29, 2007 | Reply
многу, многу ми е жал…
[Translate]
Sale | Nov 29, 2007 | Reply
Ќе праиме муабет…
[Translate]
Nena | Nov 29, 2007 | Reply
пеер,стварно жалам,ама тоа не е правиот коментар.За ова немам што да кажам,не сум толку паметна,извини:)
проблемов е голем а утеха не гледам……………
[Translate]
Shepard | Nov 29, 2007 | Reply
абе поезија е,
што сте сватиле сите толку озбилно?! мислам поезија сама по себе е утеха.. just let it flow..
[Translate]
сека | Dec 3, 2007 | Reply
… поезија или не…у курцу, кај најдов пред спиење да те читам …
„зината од зевање уште една ноќ непроспана осамнува“, еба го … ал не озбилно!
[Translate]