Графит
главата притеснета до ѕидот
кај што вчера цртав графити
менгеме од мрскотија ја стега
за сите поарчени кредити
за некого уметник
ама за тебе варварин див
што само ја погани фасадата
на шуплиот живот сив
пробав со спреј пробав и со боја
не бе не фаќа отпорен ѕид
од прекрасна мека кожа
на бесчуствителен хуманоид
No related posts.


