Пропаѓањето на ЗППКПЈРМ
“Вести во 20 часот, добровечер.
Денес Земјата порано попознатата како поранешна Југословенска Република Македонија крахираше. Според зборовите на портпаролот Карфиол, Бладата на последната беседница, по бладање и по работното време, обременето со караници помеѓу претставниците на секое племе, со голема мука донела одлука за формализирање на крахот на ЗППКПЈРМ, за кој се шпекулираше во кулоарите меѓу новинарите. Искулирано, поопсежно и понежно за останатите настани на денот, претежно поврзани со оваа ударна вест, по рекламите наменети за вашата потсвест.”
Една-по-друга рекламите за прашаци за перење и средствата за олеснато серење се редеа на екранот на неговиот цитоплазма телевизор, кога Јунакот доживеа призор; Земјата крахираше тотално, и банално се самоукина на тој јунски ден на најголемата вруќина – што ли времето на овој народ му носи, кога кутрите Земјани се шетаат голи и боси?!
“Земјаните можат да бидат горделиви и неделиви околу тоа што нашата Земја е првата во светот која крахираше сама од себе, без надворешен фактор да ја сјебе!” – изјави портпаролот Карфиол по рекламите. “Мидерот Фистула Блуевски е задоволен од овој голем достиг” – продолжи тој со восклик – “и на Земјаните им препорачува барем денес да се чуваат, пазат и мазат меѓусебно, додека играорната заедница не изнајде решение за спасение, или Богојавление за спас на територијата и историјата на библиската Земја ППКПЈРМ. Но, без паника, уште утре, ќе има соопштение за судбината на овој народ, изнесена од страна на експертите по тарот”.
No related posts.



Snezana | Dec 24, 2007 | Reply
Супермен не може да ја спаси овојпат, нели?
[Translate]
Snezana | Dec 24, 2007 | Reply
БАЈЧО
[Translate]