Оу колку сум хипик

доста беше нафураност и терање филмови, его трипови,
да си признеш кој си а кој не си,
никогаш не сум пишувал писма за нова година,
но ми се виде како убава можност за нова страница

ви посакувам убаво да си поминете за новогодишната ноќ,
но пред се’ убаво да си ја поминувате секоја ноќ во новата година

нека ве служи здравјето,
служете му и вие нему
баталете ги мониторите
отворете ги прозорите
дишете издишувајте
и исплакувајте се
здраво е

штитете се од пороци
почитувајте си ја младоста,
не дозволувајте секакви отрови
со вас да господарат
и носете капа и шал на ладново

сакајте си ги духот и телото
верувајте, се тоа ќе се возврати

а јас ви посакувам од се’ срце, мир,
внатрешен, во домот, надвор од домот,
кој ќе ви даде трпение за да се справите со сите предизвици
животот не е лесен
носи многу искушенија
ви пожелувам само спокој
и сила да не брзате и избрзувате
да не си ја скусувате можноста да уживате
во тоа што сте живи и мрдате

ви посакувам радост, искрена, детска, наивна
не смеење, туку насмевка, не хистерија, туку топлина
нека ви се случуваат не големи, туку многу мали работи
ситници, апсурдни, за некого дури и глупи и неразбирливи
но кои вас ќе ве разведрат и вратат на правиот пат
разно разни баналности со кои духот ќе ви се исполни

ви посакувам љубов, искрена младешка бескомпромисна љубов,
не телесна, не платонска, не бурна, не страстна,
не еднонасочна, не двонасочна,
туку чиста, отворена, широкограда, поетична љубов
кон она што го правите,
разбирање, солидарност и емпатија
кон луѓето со кои што сте опкружени,
кон оние кои ги среќавате а не ги знаете,
кон оние што сакате да ги запознаете
и особено кон оние кои ви згрешиле,
да ги зезнете со тоа што ќе им простите

ви посакувам слободно време,
за да можете да се остварите,
и да се ослободите од прангите
да можете да творите но и да жалите
што имате толку работи да правите

а најмногу од се’,
би бил среќен кога би видел раце
подадени наоколу
отворени тупаници
гардови раширени во прегратки
и погледни не смуртени, туку пријателски

со целата своја патетичност,
издишувајќи толку длабоко што се замагли мониторот,
ви пожелувам среќна нова година
и се’ најдобро

И СЛУШАЈТЕ БЛУЗ НА СЛЕДНИОВ КЛИК

и секако, не заборавајте,
coito ergo sum

No related posts.

RSS Feed for This Post6 Comment(s)

  1. нена | Dec 26, 2007 | Reply

    абе срцка! ете што прави блузот…

  2. mary_jane | Dec 26, 2007 | Reply

    лееееј сонце, брао =)

  3. Сатаниел | Dec 27, 2007 | Reply

    Вуно ти си ова или си ја украл овогодинешната Божиќна честитка од поглаварот на МПЦ? Сега пустиот ќе нема што да каже, ќе мора нешто да врти за абортуси.
    Ах бре, убаво викаат капиталистине, Божиќ да си се слави на 25 Декември, немаше да го испревариш Стефчо. Тој не, па не.. Така му треба сега. :)

  4. HulaHopa | Dec 28, 2007 | Reply

    кои

    то..

    а?

    ;-/

  5. Sale | Dec 28, 2007 | Reply

    Ооо,блуз…saturday jam session…

  6. Д | Dec 31, 2007 | Reply

    Пер закон е ова… Мислам не колку блузот(лол) но се поштува… :)

RSS Feed for This PostPost a Comment