Апоетично веројатно патетично

драга,

ова не е поезија иако е пишано во стих
затоа што она што го чувствувам
најубаво би го изразил преку крик

ова ни под разно не е дело на поет
затоа што колку и да посакуваш
никогаш не би ти посветил сонет

ова не е рима иако така звучи на прва
згора на тоа мелодичноста и хармонијата
па и ритмичките стапки мене ми се крват

ова не се се строфи организирани во песна
иако секоја од нив наликува на терца или катрен
ова e уште еден споменик на тепиларскиот еснаф
од ен нов нереализиран пастув со кур нецврст ко дрен

No related posts.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment