автор+итар-изам

храброст македонијо гордост чест слога од кога стана храброст бе тоа да се тупаш в гради без борба додека наоколу шеташ во орда назабени запенети јунаци комитски еполети вооружени со рејтинг шут на прва перформанс следи верификација низ анкети колку покажувате покорност кон водачот за овој народ само железна тупаница затвор за влавот за да фати копачот садомазо страст во етерот кој не слуша вести буфтаница по черепот во весник прва страница кој не видел во самица изолиран екскомунициран или во станица стрпан во марица аха да покорност кон водачот ама слатко е и кога ти покоруваш некој друг помодруваш од гнев секој пут па етикета педер џанак комуњар или само човек што размислува со своја глава сопствен став градел па искажува свој збор без страв чудна нарав ама ак’л палав па и чатал сакал-не сакал не ви ласка не се пали на прикаска не е ваш ниту дава газ силно е тоа јас кога ви повишува глас мора нешто да прочитал и постигнал не не се вклопува нити поклонува ниту дозволува не ве слуша не ве гледа и не ве почитува и не поткажува а прашува кажува со прст покажува не му стасува еден ден еден ред еден стих има да напише фермани цели тефтери со белешки но овој пат не смешни писатели во прашање се вредности
No related posts.


