Пореметување од Недостаток на Емпатија

(Ова што следи е адаптиран превод на една статија од пред некое време, што ми остави впечаток – Вики за авторот, кој и не е битен)

Pursuit of Happiness, нагони, потреби, оттуѓување.. срање

Можеби и нема да приметите, но многу луѓе патат од Пореметување од Недостаток на Емпатија.

За оваа проблематика нема да чуете нешто многу од психолозите и психотерапвтите, ниту пак ќе прочитате некоја подетална статија; но пореметувањето може да го препознаете кај другите, или пак кај себе.

Ова пореметување се манефестира прилично силно, но му се прогледува низ прсти, што пак понатаму влијае на менталното здравје, Ваше, и на останатите личности и општеството воопшто. Луѓето кои патат од ова пореметување не се способни да исчекорат надвор од себе си и да се ускладат со она што останатите го искусуваат. Таквата ограниченост пак, претставува извориште на лични конфликти, неуспешна комуникација во интимните врски, или во краен случај – омраза и душманство помеѓу (групи на) луѓе кои имаат различни мислења и интереси.

Примери за луѓе кои страдаат од вакво пореметување, се пример луѓе кои не посветуваат доволно време на бракот под изговор дека им треба време за “себе”, притоа оставајќи го товарот на плеќите на другиот. Меѓутоа, таков тип на луѓе се и оние кои не ги засега, на пример, глобалното затоплување, затоа што последиците од него ќе се случат по нивната смрт, па оттаму тоа и не е нивен проблем. Со слична дијагноза се и луѓето кои генерализираат, и нивните ставови ги базираат на стереотипи и предрасуди.

Всушност, во секојдневниот живот, сите се среќаваме со низа варијации на истиве овие наведени ситуации. Преку ваквото емоционално изолирање, опасноста од Пореметувањето од недостаток на Емпатија, е особена во глобализираното машинизирано и пред се’ оттуѓено општество – (не)емпатичноста игра клучна улога во решавањето и на ситните и на крупните конфликти: од проблемите на интимните врски, кога партнерите се наоѓаат во ќорсокак, па се до вооружени конфликти кои резултираат со голем број жртви.

Чувствувајќи ја болката на Другиот

Мир, Љубов, Емпатија – и по смртта никој не ги слуша твоите зборови.. никој не те разбира..

За разлика од “симпатијата” – која претставува разбирање на позицијата во која се наоѓа Другиот, емпатијата е она што поединецот го чувствува кога навлегува во внатрешниот свет на другата личност. Без напуштање на сопствената перспектива, се искусуваа на емоциите, конфликтите, аспирациите на Другиот. Таквиот вид на поврзување гради здрави врски – што е основа на менталното здравје.

Пореметувањето од недостаток на емпатија, се развива кај луѓе кои се фокусираат премногу на освојување моќ, статус и пари на сметка на воспоставувањето на здрави врски. Една од пројавите што се резултат на ова пореметување е и криминалот – луѓе буквално завршуваат зад решетки во обид да дојдат до некакви придобивки. Но, најтипичниот опис за луѓето кои страдаат од ова пореметување, е дека тие се алиенирани од нивните срца, и го изедначуваат она што го поседуваат (во смисла и на пари, но и на статус, углед), со она што тие СЕ.

Крајниот резултат е дека повеќе и не препознаваме дека сите сме едно, поврзани за-едно. Се гледаме само самите себе си.

Но, кога ќе си го пресечете прстот, реагирате, вриштите, веднаш преземате нешто, затоа што болката во дел од Вашето тело е всушност, Ваша болка. Никогаш не велите “тоа е проблем на мојот прст, што ми е гајле”; ниту пак калкулирате пред да преземете нешто.

Реагирате веднаш, затоа што ја чувствувате болката.

[оригиналната статија продолжува]

Како за крај,

No related posts.

RSS Feed for This Post3 Comment(s)

  1. GoodBytes | Jan 23, 2008 | Reply

    Keep going додека не останеш сам. А освен што ќе останеш сам, од дрвјата во кои ќе заглавиш, нема да можеш да ја гледаш шумата.

    ЈБГ, people are strange, when you are stranger.

  2. Sale | Jan 24, 2008 | Reply

    “Come on people now, smile on your brother and
    everybody get together, try to love one another right now” :)

  3. istoчna | Jan 29, 2008 | Reply

    da,
    pisuvav i jas nesto na ovaa tema inspirirana od postot na dzam
    http://lotosot.blog.com.mk/node/123938

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment