Дебакл

фармерките веќе не ми се под струкот
нагоре пак носам фрак
ќе и` речам да се тргнеме на само од гужвата
јас она и огромното количество мрак

педесетте денари кои ги спремав за такси
веќе ги заменив во суа
и косата дури ми е исчешлана на патец
учев бонтон ќе мрчам наместо да пцујам

влегувам во палатата
спремен за на бал
тука алфи не се шуњаат
сал по некој генерал

на скалите горе лево каде што вчера пиевме пиво
чекори баш како што ме прогонува во сните
за час ги губам разумот и свеста и после една пијачка
и` приоѓам пред сите

се поклонив наместо да ја бацам у образ
прашав „се сеќавате на мене?“
и на големо изненадување таа ми одговори
„секако, вие сте господинот де Гене!“

не само што ме памети
и името ми го знае!
можеби среќата
ќе ми се насмевне кај и да е

„очекував дека ќе ве видам овде“ продолжи таа
и провокативно ми се насмевна
„дали би сакале да прошетаме
драга Ана Андреевна?“

наместо за бившите оваа ми збореше за книги
а јас пак ниеднаш не спомнав секс
муабетот воглавно се основаше на куртоазија
до таа мера човек да си набие комплекс

јас Французин а таа руска војвотка
створени во мајчината од перото на Пруст
во тотална анахроничност на настаните
разменуваме глупи реплики научени наизуст

„дали сте му верна на војводата?“
„да не навлегуваме во мојата интима“
„но знаете дека ве љубам драга, највеќе на свет“
„да, но нешто сепак не ми штима“
„дали можеби проблемот е во мене?“
„не бе, иам добиено“

и кога апсурдот стана појак од нејзиното деколте
решив да си побарам реми
„ај деновиве ќе ти титнам“
по што и двајцата заминавме неми…

No related posts.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment