Да се викаш “Демократска Република” е ко да се викаш.. “Пуф”
ВББ во својот пост набројува неколку историски демократски републики:
Демократска Република Германија (Источна), која го подигна Берлинскиот Ѕид за заштита на пролетаријатот од капиталистичкото угнетување и негово задржување во комунистичкиот рај(х).
Демократска Република Виетнам (Северен)
Демократска Република Афганистан (под туторство на СССР), на чело со другарот Наџибулах подоцна обесен од Талебанците усред Кабул.
Народна Демократска Република Кореја (Северна) каде демократијата цвета
Народна Демократска Република Јемен (Јужен)
Народна Демократска Република Лаос
Народна Демократска Република Етиопија на чело со другарот Менгисту каде луѓето се утепуваа од јадење.
Камбоџа под водството на саканиот лидер Пол Пот во времето на „Полињата на смртта“ го носеше името „Демократска Кампучија“.
Све сами демократски држави каде што народот ужива во придобивките на демократијата. [линк тука]
Да не заборавиме дека “демократски републики” денес, покрај Северна Кореја се и следниве држави на кои заедничка им е заглибеноста во граѓански војни и неисполнувањето на минимум стандарди на едно обично место за живеење, и за чие разбирање е потребно да се исконтактираат лица од Црвен Крст или УНХЦР затоа што само они знаат што стварно се дешава таму:

ДР Конго (поранешен Заир, сотрен од војни и глад, кој сеуште се вообличува како држава, колажот е од ББЦ и се однесува на првите слободни избори и насилствата)

ДР Источен Тимор (одвај држава, утепана, утепана.. исто конфликти, војни, сликава е од бегалски камп)

ДСР Шри Ланка (која со повремени прекини е во граѓанска војна веќе 25 години, слика од бегалски камп)

Sahwari Arab Democratic Republic – у Западна Сахара (нерешен статус, влада во егзил, доста актуелна летоска, војски, армии, натегања и сл., сликава е од бегалски камп)
*****
Инаку, теоретски гледано името “демократска република” е тотална бесмислица.
Демократијата (од старогрчки “демос” и “кратос”, “народ” и “владеење”), во своето изворно значење всушност е само и само власт на мнозинството и затоа се избегнува нејзино поврзување со државното уредување – освен во горенаведените примери. Демократија како политичко уредување била своевремено Атина, каде што право на глас имале 10% од Атињаните (поимотните мажи), и се одликувала со прилична крутост и нетолерантност према различностите и различните мислења.
Демократијата во контекст на политичкото уредување чисто формално одговара само на прашањето “кој владее?” (одговор – народот). Значи, за да постои демократија како облик на политичко уредување, доволно е да се спроведуваат избори once in a while, и тој што ќе освои најмногу гласови на изборите да стане власт. Но, демократијата сама по себе не кажува “како да се владее”. Затоа, формално демократски биле и бившите социјалистички републики и затоа во голема мера своето политичко уредување го обележувале како “демократско” (со значење на “народно”, “владеење на народот”, во буквална смисла).
Затоа, кога демократијата се споменува како западен идеал или вредност, секогаш се поврзува со либералната традиција (либерализмот одговара на прашањето “како се владее?”) а политички се вообличува и врамува со Уставот (т.н. конституционализам).
Републиката пак, (од латински “рес” и “публика”, “работа, владеење” и “јавност”), е концепт кој изворно имал за цел да ја ограничи власта за да се заштитат различните интереси. Република бил Рим, со систем на претставништво, институции и правни норми, кој бил поинклузивен од атинската демократија. Во римската република за прв пат станува збор за легитимитет.
Затоа, република како политичко уредување означува систем кој има за цел да ја ограничи власта, во име на почитувањето на определени слободи и права, кој се заснова на волјата на народот.
Републиката автоматски се подразбира дека е демократска, во смисол на тоа дека “народот владее”. Но таа е и многу поконкретен облик отколку “демократијата” сама по себе, па затоа кога ќе се каже “демократска република”, тоа за малце поупатените звучи апсурдно, редундантно, глупо, а кога ќе се земат в предвид “демократските републики ширум светот” и – во најмала рака тажно.
Инаку, најавен е и протест за денес (вторник) во 18.00 часот на Плоштадот “Македонија”.
UPDATE: и протестот биднал, и у прав патриотски манир, кулминирал со камења по Грчкиот Конзулат и навијачки песни пуни омраза и територијални претензии. Сепак можеби и ДР Македонија е репрезентативно име – баш ко у Конго или Источен Тимор. Сеа да речам дека се каам што сум го споменал протестот би било фејк, пошто не се каам, едноставно ми се уклопи во целата прикаска, а јас имав лоша проценка: изрично сум против било кој вид на насилство и воопшто било каква манифестација на национализам, а ова на плоштад испаднало баш племенско дивеење.
No related posts.



GoodBytes | Feb 19, 2008 | Reply
Не смее да се попушта од уставното име за секаква употреба. Единствено попуштање може да биде име за билатерална употреба со Грција. Тоа, заедно со променетото знаме и устав, им е сосем доволна отстапка за проблем кој реално самите си го генерираа.
[Translate]
Jovan | Feb 19, 2008 | Reply
Во основа земено има две крајности – долгорочно да истраеме со Република Македонија или во наредниов месец да ни го наметнат Република Нова Македонија (вторава варијанта ми изгледа за пореална).
ДРМ е „гладна кокошко просо сонува“. Плус како што убаво кажа, сама по себе е глупост. Тоа е како да сакаш да истакнеш некоја карактеристика и да ја ставиш во името… На пример Добар Вуна, или Сезнаен ГудБајтс. И е израз на комплекс, сопствено неверување во капацитетите за таа карактеристика која ја истакнуваш во името.
[Translate]
nuanda | Feb 19, 2008 | Reply
Погрешно се интерпретира тоа „уставното име“ проблемот не е тоа туку националниот идентитет. Без да предизвикам лавина ама името е рефлексија единствена на националниот идентитет што е ужасно голема грешка која е веќе направена.
Што би се рекло како решение секое име со кое народов си го задржува тој идентитет дури и преку проста интерпретација на зборови и термини – демек Република Македонија – Македонци, Демократска Република Македонија – Македонци – се ќе биде прифатливо како решение кон Грција и Меѓународни организации.
Инаку приказнава со притисокот од Вашингтон потсетува на Рамбуе и преговорите за Косово, со тоа што овојпат ние сме албанската страна:).
[Translate]
нена | Feb 19, 2008 | Reply
не сметам дека изразувањето на “демократска“ во името е знак за комплекс, ама се слагам дека е беспредметно. За Нова Македонија не сум чула дека у моментов е во игра.
Од магнетните полиња може е …:)
Мене ми е поспорна формулата за употреба. Затоа што мислам дека опцијата “промена само за билатерална употреба со Грчка“ отпадна. Мислам дека сега зборуваме и за формула за употреба по меѓународни организации, што ваљда не морам да објаснувам колку е погубно за нас. И колку ,сметам, тоа е една од клучните причини зошто се притисна решавање на споров пред приемот, каде и да е(и ЕУ да беше пред НАТО, исто ќе беше). Доколку влезевме под привременото име, СМЕ станати членки, со ПРИВРЕМЕНО име. Понатаму, политички би преговарале под УН, но од формално исти позиции на мембер стејтс, така? Една силна оска на притисок Грчка би изгубила, доколку беше вака.
Не знам више што да кажам, неделава све на Балканов се реши, а глеам и Кастро се повлече!
[Translate]
SLaCk | Feb 19, 2008 | Reply
Ми се допаѓаат твоите патриотски моменти штета кратко траат-). Добар текст, Република Македонија енд натинг елс!
[Translate]
GoodBytes | Feb 19, 2008 | Reply
Нена, сосем се согласувам со тебе. Ако на некого му одговара решавање на спорот сега, тоа е Грција, додека сеуште имаат со што да не уценуваат. Кога еднаш ќе се изедначиме во политички позиции со нив (а тоа доаѓа неминовно по влезот во НАТО и ЕУ), Грција веќе нема дипломатска тежина каква што има сега. Затоа и овие нивни напори да го напикаат спорот во критериумите.
Инаку употреба на друго име со Грција може, но не и со меѓународни организации и не со земјите кои досега не не признале, бидејќи со тоа се согласуваме на ТРАЈНА состојба. Тоа нас не ни одговара, бидејќи Македонија ќе биде примана во организации под уставно име, а и се повеќе држави ќе не признаваат како Република Македонија – досегашното искуство тоа јасно го покажува.
[Translate]
gemidjy | Feb 19, 2008 | Reply
DRM is evil. Fight DRM on http://www.defectivebydesign.org.
Enlarge your penis by whole 90%! Make your love feel the true hard-on!
Change the name of your country for only $0.2 per month! Reply to this email to get specifications.
[Translate]
Алекс Букарски | Feb 19, 2008 | Reply
Србокомунистички муабетчиња, катастрофа си со архаичните ставови Вуна.
За мене лично прифатлив е предлогот Демократска Република Македонија.
Време е да се оттарасиме и од тоа прашање и да ги затвориме сите национални прашања.
Наци-романтизмот повеќе не е силен и влијателен како 90тите.
Никој нема да земе во предвид неколку илјади маалски фраери, хулигани, националисти и луѓе кои живеат во минатото.
Ова се некои оскудни остатоци кои не се никаква релевантна политичка сила, нема тука никакви “делби“.
Фала Богу најпосле да се свртиме накај Запад и почнеме да се занимаваме со навистина важните прашања.
п.с. “Името не го даваме“ е тешка патетика.
Во преговори сме, а во ниедни преговори не може да се победи 100 процентно, мора да се направи отстапка.
Значи, задоцнети се сите реакции.
Од сите можни отстапки ова се чини е најмалку штетна и ако биде вака, во суштина победивме, се разбира благодарение на благонаклонетоста на Американската администрација, не на македонската дипломатија.
[Translate]
Алекс Букарски | Feb 19, 2008 | Reply
На крајот на краиштата треба да се отвориш во јавноста на чија страна си: Не поддржуваш независно Косово, анти-западни ставови, за името држиш тврдокорен националистички став, а неретко се декларираш како анационален ма тотален анахронизам.
На чии бизнис лобија и интереси им одговора состојбата на постојан статус-кво?
На недефинирани граници, на отсуство на правен поредок? Од каде тој разорен цинизам спрема секоја умереност?
Кој се интелектуалци и “интелектуалци“ реакционерно се однесуваат секогаш кога треба да затвориме и решиме национални важни прашања?
Кому му пречи градење на правна држава, бидејќи таа не може да се гради внатре, се додека имаме политичко-правни проблеми со соседите!
Фрапатно е тоа да произлегува од 21 годишен млад човек, толкаво количество на конзервативизам и копнеж по транзиционениот поредок.
Зошто, нормално, немаш никаква алтернатива за името што би била прифатлива за Грција.
Важно си револуционерно против брат.
[Translate]
Jovan | Feb 19, 2008 | Reply
Букарски, се арно… Ама предлогот не е ДРМ. Туку РНМ.
[Translate]
Алекс Букарски | Feb 19, 2008 | Reply
Две работи се важни, да не забегуваме:
1. Ја коментирам значи бубата на владиниот “Вечер“ и 2. Ставот на Вуната по тој предлог.
Точно, нема официјален предлог за Демократска Република Македонија, но исто така шпекулативен предлог е и Нова Македонија.
Ако излезе официјален предлог Нова Македонија тогаш ќе се изјаснам и по тој предлог.
Сега му одговорам на Владата која очигледно го испитува јавното мнение.
[Translate]
Shepard | Feb 21, 2008 | Reply
trackback:
[...]За жал, дебатата се уште се води главно за името „Демократска Република Македонија“, кое се перцепира како најбезболно решение. Нивото на дебатата сведочи за нашата веќе пословична несериозност, за лекоумната поводливост и за недостигот од критичка анализа. Младиот блогер Анастас Вангели им одржа вистинска лекција, изнесувајќи тврда аргументација, така што јас можам само топло да ви препорачам да го прочитате неговиот пост на њњњ.вуна.инфо.[...]
[Translate]
васил | Feb 21, 2008 | Reply
Мала дигресија,
“меѓународните имиња на овие три држави целосно се разликуваат од нивните домашни имиња: Хеленската Република за целиот свет е Република Грција, нашиот западен сосед за дома е Шќипериа, а за светот е Република Албанија, додека Хрватска светот ја знае како Кроација.”
На аргументот од погоре не можев да не се насмеам, и за жал не можев да го дочитам, иако почнува со добра теза, ама ко прваче поентира на моменти
[Translate]
Solza | Feb 22, 2008 | Reply
Мене не би ми пречело Демократска Република Макединија во смисол на владеење на народна демократија, а не на клетиот капитализам. Нејсе, се што имало назив демократска довело до тоталитаризам и тука немаме разлики. Проблемот со предлозите е во тоа што ниедна држава во светот не се вика НЕЗАВИСНА, ниту УСТАВНА! Како и кај демократска, така и овие два предлога се подразбираат во уредувањето на една република. Стручната јавност знае дека овие предлози се нереални и дека, всушност вистинските предлози на Нимиц се ГОРНА МАКЕДОНИЈА или НОВА МАКЕДОНИЈА. Јас сум за Горна Македонија, тоа е мојот став за решавање на името. НОВА МАКЕДОНИЈА е весник, а и самиот предлог ќе доведе до разгорување на и онака отвореното шише на крајно десничарски идеи меѓу нашиов народ. Или надобро, би можеле да се викаме Северна Македонија. Па секој нека си пишува и нека си продава своја историја на светот.
[Translate]
Jovan | Feb 22, 2008 | Reply
http://jovansblog.dobroutro.com/human-rights/%D0%BA%D0%BE%D1%98-%D1%98%D0%B0-%D0%BF%D0%BB%D0%B0%D1%9C%D0%B0-%D1%81%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0/
[Translate]
укион | Feb 26, 2008 | Reply
Мане би ми пречело се друго што не е Република Македонија. Не може никој да ни го менува името луѓе, свестете се, не размислувајте друго или алтернативно име. Тоа сме ние. Зарем би дозволиле некој со сила да ви го смени името? И нема потреба да размислуваме за општеството какво и да е. Што се однесува до мене може да е и феудализам, ама името не смее да се менува. Ако не попуштиме, само Грците ке си го добијат од ЕУ, а не ние.
[Translate]
кнсис | Feb 27, 2008 | Reply
А бе чоек, што те спомна Бранко Героски во колумна пред една недела? Ни го препорача твојот блог, демек си напишал нешто за името слично со него. Нема врска, за името последниве два месеци ( може и повеќе ) се ОК си пишувал. Да не си избришал нешто? Чудна работа.
[Translate]
Shepard | Feb 27, 2008 | Reply
епа овој пост го препорача, врска неам зашто. ене погоре стаив трекбек.
[Translate]