песна што буквално засмрдува на гомна [а песот не е дома]
кога песот живееше со мене
кога ќе засмрдеше на гомна
ги барав гомната по цел стан
во страв дека тепихот е лом
посран како во најстрашен кошмар
укашкан од сите страни
смеса од месишта
и коски и зрнца на купишта
растечена и упиена во ресите
а две капки течат по лајсните
кога песот живееше со мене
кога ќе засмрдеше на гомна
го обвинував дека пуфа
и го бркав од дома
се колнев дека никогаш
нема да го примам назад
ни под разно и дека ќе го згазам
го пцуев и мразев
шетајќи со затнат нос
кога песот живееше со мене
и кога ќе засмрдеше на гомна
ни на крај памет не ми паѓаше
дека можеби јас сум прднал овој пат
дека се прејадов за доручек
и за ручек и за вечера
требаше порано да ми текне
дека ваква смрдеа може
да предизвика само човек
No related posts.


