Претседателот е снаодлив и претпазлив кога дебатира
Се’ е така апсурдно..
Денес (поправо вчера) претседателот на Републиката беше гостин на Правен, одржувајќи пригодна реч на тема “Доаѓањето на пролетта”. Најмногу внимание посвети на НАТО и името со големо И, но не испушти и да ја прокоментира вонредната ситуација со властодржечката коалиција.

Во вториот дел од неговото излагање, ја искористив можноста да го прашам неколку работи, во контекст на темите кои ги имаше опфатено и исклучиво врз основа на она што тој го говереше. Го предизвикав неговиот став за НАТО и безбедноста употребувајќи некои примери, недоумиците кои ги остави околу суверентитетот вс. делегирањето на суверенитетот поради “нашата” неспособност, и за финансиските аспекти на зачленувањето во НАТО (трошоци за армија и прокламиран неолиберализам – инвестиции и сл. вс. неговиот под претпоставка социјалдемократски идеолошки профил). Ми одговори со типична реторика на заплашување и со одговори-прашања без нешто да се потруди да аргументира и да разглаба. Во врска со првата точка, неговиот аргумент беше НАТО или потоп, поарно НАТО него ли не-НАТО (ама зашто не кажа), втората точка ја прокоментира “и ја се срамам кога одам кога ми викаат не вака така” ама не ја одговори веднаш туку во следниот круг прашања, ваљда дека не му текна ништо асално првиот пат, а и за третата точка одговорот беше нешто во стилот “НАТО или потоп” и “а двеиљади и прва, а, а, а?” и “цената е висока, ама мора да се плати”.
Не дека можеше да се очекува нешто повеќе нити од него, нити од било кој властодржач. Можеби кога се пред избори или пред суд и да се изнуди од нив некоја логика и мисловни целини, но вака..
Во натамошниот тек од дебата пак, речиси сите прашања беа поврзани со Името, а неколку и со владата во криза. Преседателот јасно и недвосмислено појасни дека ова не е време за играње ташак, туку дека се наоѓаме пред историски предизвици, и за тоа беше во право. Следат Самитот во Букурешт, а веднаш потоа и Евровизија.
За Вестите од 2 часот,
долу(п)отпишаниот
No related posts.
2 Comment(s)
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009


Solza | Mar 14, 2008 | Reply
Вуне, грешка што си отишол, тоа е млатење празна слама. Говори во празно, во бившиот СССР постоеле и специјални академии за празни говори. Всушност, што друго би кажал. Истото ќе ти го каже и Груевски, Андов, Петковски, Шеќеринска и остали. Нив не можеш да ги промениш, но можеш да влијаеш на нив. Не кини нерви за нив. Ем ќе влеземе во воена организација, ем ќе си го смениме името, а плус каков страв создаваат меѓу луѓево за иднината на земјава-СЕТО ТОА НАРОДОТ ЌЕ ГО ПОДДРЖИ!
[Translate]
јанко | Mar 16, 2008 | Reply
Солза, а каде тоа не постојат “специјални академии„ за празни говори? Да отвореа и кај нас можеби ќе се снаоѓaа поубаво во дипломатијата.
[Translate]