пророци на невиноста (препев)

Neil Young за сонувачи, Dead Man за толкувачи, Johnny Depp за предигра, William Blake во арпилска мугра, Jim Jarmusch со педигре, Препев крв да ти зовре

пророци на невиноста (не гарантирам за успешност на препевот)

песочен грст низ прсти и да видиш свет
а рајска убавина во дивиот цвет
на длан да ја држиш беконечноста
и во само еден час да ја сместиш вечноста
но црвеногушка заробена во кафез
целиот рај го претвара во бес
гулабарник полн со гулаби и врапци
и пеколни по цело тело те лазат морници
пес на портите на стопанот вие в глад
го навестува уривањето на целиот град
коњ измачен по патот крева во облак прав
рајот од луѓето данок ќе земе крвав
со секое цвичење на уловениот зајак
од мозокот делче почнува да плака
ранета в крило чучулига е
ангел кој одбива да пее
петле подивено и спремно да се бори
силен крик го пречекува сонцето в зори
зад секој волк и секој лав кој вие
во човечката душа пекол се крие
дивиот елен наоколу се шлае
за човекот едно помалку гајле
невино јагне, уште една рожба
му опростува на од месарот ножот
лилјак кој се сели штом падне мрак
го напушта умот кој одбива да верува
ја повикува ноќта бувот на глас
говори јазик на невернички ужас
оној кој ќе му нанесе на врабец бол
никогаш не ќе почувствува од луѓето љубов
оној кој волот колку што може ќе го тера
никогаш нема да биде љубен од жена
невоспитано дете кое муви тепа
в страв ќе падне во пајаковата мрежа
оној кој мачи невин бумбар
ќе ткае мачнина в ноќ без крај
ларвата додека зјае на зелениот лист
го врежува мајчиниот јад и трае низ
ни молец ни пеперутка не убивај ти
за на последниот суд да бидеш чист
а оној кој коњот в борба ќе го води
кон добро место по смртта не ќе оди
просјачки пес и мачка на вдовица
рани ги, згои ги ко прасиња
зошто комарци кои лете зујат
отров од клевета пијат па потем го блујат
змиски отров и оној од дождалец
е потта од на зависта стопало
а од пчелата е отров
на уметникот љубомората
наметката на принцот и парталите на просјакот
се отровни печурки во торбата на стиснатиот
вистина со злобна намера кажана
е полоша од секоја лага излажана
право е и треба да биде така:
човекот е создаден за во среќа и за во мака;
кога што е право знае тој
низ светот се шета безбедно
среќата и маката се проткаени по мера
светла облека за душата да се дотера
под секое чезнеење и под секој јад
тече поток радост ко свилен каиш
да гледаш бебе е повеќе од менување пелени
низ сите овие земјени предели
алатите ги направија и се роди рака
секој селанец разбира и сака
секоја солза од сечие око
станува детенце за век и веков
сјајно е тоа кај жените потфатено
и на сопствен восхит нему возвратено
блеење, лаеж, шепот и рик
се брановите што итаат кон рајскиот брег
детето кое со стапчето наоколу мафта
вели одмазда и смртта ја бара
просјачки партали ветар ги вие
и од рајот успева партали да скине
со сабја и пушка вооружен војник во чета
парализиран ќе го дочека сонцето во лето
пола денар на сиромавиот го прави посреќен
од колку целото злато од брегот на африка
со последната ронка исцедена од рацете на работникот
ќе ја купи и продаде земјата скаперникот
или ако е заштитен од позиција горе
ќе го купи или продаде целиот народ
оној кој си игра со на детето верата
во старост и смрт со него ќе си играат
оној кој ќе го тера детето во сомнеж
в гроб ќе се врти во најголем гнилеж
оној кој верува во вербата на малото дете
нема да пати ниту во смрт ниту во пекол
детските играчки и старските размисли
од две жетви се обраните плодови
препреден и лукав поставувајќи прашања
одговор нема да најдеш туку само страдања
одговор ако даваш колеблив и млак
ја тргаш завесата над знаењето во мрак
најсилниот отров некогаш познат
потекнува од венецот на јулие цезар
ништавило може да го деформира човечкиот род
исто како крнтиен оклоп од железо
кога со злато и скапоцености и плугот ќе го личи
пред уметноста и зависта ќе клечи
загатка или штурецот кој плаче
тешко е сега да се каже
под еметовиот инч и орловата милја
и лажната филозофија изумира
оној кој се сомнева во она што го гледа
никогаш нема да верува по ниедна цена
ако и сонцето и месечината во сомнеж беа
веднаш надвор ќе си излезеа
ако си во страст ќе чиниш добри дела
но не е добро ако страста во тебе влегла
курвата и коцкарот, со лиценца од влада
се здобиле за народната верба да ја градат
ороспискиот плач од сокак во сокак
го ткае стариот англиски бајрак
викот на победникот, клетви на оние кои изгубија
танц пред мртовечката кола на Англија
секоја вечер и секоја зора
некои во мизерија ќе се родат
секое утро и секоја ноќ
некои се раѓаат во чудесна моќ
некои се раѓаат во чудесна моќ
некои се раѓаат во бескрајна ноќ
во лага не тераат да веруваме
затоа што преку окото свое не прогледуваме
она што е родено во ноќ, исчезнува во мрак
кога душата заспива во светлосен зрак
бог се јавува, и бог е светол зрак
за оние јадници кои живеат во мрак
но дали човековата форма е препознаена
од оние кои живеат на двневна светлина

by William Blake

No related posts.

1 Trackback(s)

  1. From Martin Markovski | Dec 23, 2009

RSS Feed for This PostPost a Comment