Два типа на (општествен) карактер при бегство од затвор

Прв тип, својствен за комити, војводи, поети, верувачи, клучни зборови “љубов и идеализам”, историски препознаен како “слобода или смрт 1903″ (Папиљон)

Втор тип, својствен за депресивци, мрзливци, кладионичари, алкоси и џанаци, клучен збор “го боли курот”, во пракса искусен како “независност и транзиција 1990тите” (Даун бај ло)

Првиот тип се одликува со наивно, но чисто сакање на слободата, страдање, жртвување, ризикување, крварење, инаетење и оддавање со душа и тело, и е крајно бесен на секоја пречка до неговата среќа.

Вториот тип се одликува со несакање на слободата, удобно пронаоѓање во статус квото, излежување, дрвење, шлаење, ништавење, кукање, жалење и самосожалување, и располага со заебантскии сераторски вештини.

Првиот тип е заносен, вториот тип е кул.

Првиот тип го јаде, а вториот тип се помирува со тоа дека ќе го јаде.

Првиот тип се буни, а вториот си ќути.

Првиот тип е Влав, а вториот лабав.

Првиот тип е нафуран, а вториот е на хорс.

Првиот тип е во агонија, а вториот во апатија.

Првиот тип предизвикува солзи, а на вториот му се смеат.

Првиот тип гине, а вториот умира.

Првиот тип се бори, а вториот се туфка.

Првиот тип не се предава, а вториот се чуди Роберто Бенини коа ќарил женска.

Првиот тип пати нонстоп, а вториот се снаоѓа.

На крајот, првиот тип полудува, а вториот “нормален” си останува.

No related posts.

RSS Feed for This Post5 Comment(s)

  1. mary jane | Apr 7, 2008 | Reply

    феноменално кажано =) чудно ја се пронајдов на двете места =S

  2. Сатаниел | Apr 7, 2008 | Reply

    Нашиве киднати командоси од УЧК што се во кој тип спаѓаат што викаш? :)

    Не знам за тебе, ама јас пре би скрима фор ајскрима, него да гинам за слобода. Многу идеологија имаш удрено во „анализава„. Разликата е во тоа што, како што кажуваш, првиот тип е наменет за да игра во трагедии – тој да гине а ние на лееме солзи, а првиот ќе игра во комедии, „лузерски„ филмови и шарлатански ќе се подбива со авторитетите, но сепак понекогаш и ќе го доживее хепиендот на филмот, бидејќи комедијата не бара жртви за да направи поента.

  3. Shepard | Apr 8, 2008 | Reply

    де бе пеер (со големо П :) ептен буква-лист си станал

  4. Сатаниел | Apr 8, 2008 | Reply

    Па те гледам таму во први борбени редови заедно со Леви Титови Сили (ака другарите ти од парк), како да не станам, озбилна е работава. ;)

  5. Shepard | Apr 8, 2008 | Reply

    па баш затоа де, во реалноста некој е папи додека скрима фор ајс крима, а некој додека е кул завршува трагично-патетично :)

RSS Feed for This PostPost a Comment