трчам [песна]
[сликата е земена од овде]
трчам
покрај прекрасни мириси
трчам
и не се свртувам за миг
трчам
и не приметувам дали призор си ти
или само си наврела на себе
божествен лик?
трчам
па прескокнувам
заобиколувам
и пробивам ѕид
трчам
во потрага по твојот нестварен лик
трчам па велат
тркачкото одело ми било дар од бога
за да трчам
патикиве ми ги сошиле за нога
незадишан
свеж
немирно те гонам
трчам
но не знам до кога
***
трчам
преку препреки в скок
трчам
а зад мене од сенката тропот
трчам
и за прв пат
чувствувам страв
за прв пат
чувствувам замор
болка и за прв пат
во мускулот напор
***
соочен со себе
зошто
последната препрека е човек
не сакам да ја прескокнам
сакам да сопрам
за навек
сакам да не пројурам
крај неа
да не трчам
туку спокојно да седнам
да не ја одминам
како сите до сега
зошто кој цел живот трча
од животот бега
No related posts.
1 Trackback(s)
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009



