Првиот сериски, да не речам масовен убиец од Македонија
Полицијата денеска осомничи прв сериски убиец во Македонија
Не наседнувајте на грчката пропаганда. Не е кутриот чичко од Охрид првиот сериски убиец од Македонија.
Ние сериски убијци си имаме од многу одамна. Кој е првиот можеби и не се знае точно (можда некој лик од македонскиот неолит?!), но сигурно дека овој е најпознатиот:

Александар Велики Македонски (од Пела), син на серискиот убиец Филип Варваринот Македонски
Освен што бил сериски, да не речам масовен убиец, тој е и регистриран наркозависник, лечен алкохоличар и осомничен за сексуална злоупотреба на деца и животни. Се претпоставува дека извршил повеќекратно кривично дело кражба, измама и проневера на државен капитал. Се товари и за прекршување на неколку меѓународни договори за мир и соработка. Историјата ќе го запамети неговото дело против државата и уставниот поредок, кога со незаверен тестамент де факто предизвика физичка делба на големата империја Македонија како да е пита кашкавал.
Слава му!
No related posts.



iacovibus | Apr 21, 2008 | Reply
* LOL *
Слава Му (со големо М). Нему, и на Букефал. И на нашиве коњи (мислам Букефали).
[Translate]
Jovan | Apr 21, 2008 | Reply
ROFLMAO
[Translate]
Боби | May 8, 2008 | Reply
На висински припреми си или на Криволак?
[Translate]
кнсис | May 15, 2008 | Reply
Зошто сите вие што не разбирате многу историја ( историја како процес, не национална историја )не направите една прес-конференција и ни ги отворите очите дека Ацо бил убиец, пијаница ( нели бе не стигматизираме луѓе со мака во животот ) итн.итн. И на крај да заклучите дека не ги почитувал човековите права, особено со тоа што бил робовладетел.
А да се заангажиравме малку повеќе и ние и вие за денешниве убијци, крадци,разбојници и останато? Не за друго, тогаш и ние ќе сме биле робови или закрепостени селани. Сега барем имаме некаква моќ. Или полесно е да бараме лоши дечки од историјата?
[Translate]