Glocal 2.0 – најава за работилница

Од 8ми до 10ти мај, на Њујорк Универзитетот во Скопје ќе се одржи втората Glocal конференција посветена на нови медиуми и се’ околу нив.

Презентации и предавања кои ќе опфатат широк спектар на теми ќе одржат излагачи од Македонија, регионот, Европа, Америка, Африка, Азија, и Алберт Хофман од оној свет :) шала на страна, погледнете ја програмата, ќе има што да се види и чуе.

На последниот ден, од 14 до 17 се предвидени и две работилници, едната за блогирање, која ќе ја води Милош, другата за напредно блогирање, која ќе ја водам јас.

Во тие три часа ќе обработиме теми како користење и ползување social bookmarking платформи за најразлични цели, оптимизирање за пребарувачките машини, како до user-friendly блог, збор ќе стане и за следење сообраќај и сл., RSS, агрегатори, но се разбира, во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите, може да вметнеме/исфрлиме одредени делови.

За учесници на оваа работилница предвидени се луѓе кои веќе знаат што е блог и како се користи, кои можеби веќе блогираат, и сакаат да разменат искуства и стекнат нови знаења кои понатаму би им помогнале во стекнување што поголем успех во занаетот.

Секој кој што е заинтересиран за учество, нека ми пише на anastas.mk на gmail.com, за да може да го испланираме просторот и текот на сесијата.

Линк: Сајтот на Glocal 

No related posts.

RSS Feed for This Post1 Comment(s)

  1. Gusar | May 7, 2008 | Reply

    Браво, иако и ЗБМ веќе на големо работи на вакви обуки!

1 Trackback(s)

  1. From Glocal 2.0 по вториот ден » Археолошки дневник vol.2 © | May 9, 2008

RSS Feed for This PostPost a Comment