Месечина на дофат

последна проверка пред качување на шатлот
зобгувај се со својот допир вид и слух
последна шанса цврсто да стоиме на земја
и ноздрите да ни почуствуваат воздух

додека полетуваме адреналинска треска
голема е бучавата при напуштањето на тлото
сигурно сме херои во очи на многумина
но знај побројни се тие кои ни го посакуваат злото

левитација по излезот од орбитата
убаво е да се биде пердув
радио врска со остатокот од светот
но веќе не ги слушам наполно сум глув

се препелкаме во кабината и прекрасно е
но остра болка во градиве ме гребе
додека ти имаш боца со кислород на грбот
јас се гушам дишејќи те само тебе

и конечно запловуваме кон крајната цел
јас и ти па ние сме целиот екипаж
шо знам можеби овој пат ќе ни се посреќи
долу на земјата ни остана целиот багаж

а ене ја месечината се насмевнува од далечина
ми го ублажува чувството на аутсајдер
затоа што иако секоја вечер те разголувам
срцето ти остана запечатено во скафандер

при слетувањето на правливата подлога
имавме турбуленции и не излезе се` баш по план
„хјустон имаме проблем се враќаме назад
капетанот се струполи од шатлот ќор пијан“

„мал пад за капетанот ама голем за човештвото“
беа насловите по весниците следниот ден
ете до каде може да те отера љубовта
на месечина да слетувам емотивно растроен

No related posts.

RSS Feed for This PostPost a Comment