Трошка разум во целото безумие: Македонско – Грчки дијалози
Ова не е вест за нова жртва на национализам.
Не е ниту обид да се подгрее националистичкиот сентимент на Македонецот.
Не е ниту повик за каменување на амбасади, супермаркети или што и да е.
Напротив, ова е повик да се земе учество во еден настан со кој можеме да се спротиставиме на целото безумие. Грчките граѓани се пред се’ луѓе, и голем дел од нив немаат никаква врска ниту со државната ретроградна фашизоидна политика, ниту пак со ордите од глупаци кои малтретираат граѓани по патиштата. Воедно, не сите македонски граѓани се вжештени глави кои “мразат се’ што е грчко” и кои едвај чекаат да фрлат камен на канцеларијата со врски.
* * *
Во сабота, на 17 мај, во земјава пристигаат (барем најавени се) 50тина грчки активисти од различна провиниенција, воглавно левичари, антимилитаристи и прогресивци, кои ја признаваат Република Македонија под уставното име и се залагаат за изградување на добри меѓусоседски, меѓуетнички, но пред се’ меѓучовечки односи.
Тие ќе бидат пречекани и од други огранизации и групи на граѓани од Македонија, по што ќе се одржи заедничка трибина под наслов “Македонско – грчки дијалог”, под мотото “Вето за национализмот, ембарго за милитаризмот, надвор од НАТО!”. Настанот ќе се одржи со почеток во 13 часот во Хотелот “Континентал”. Влезот е слободен за секој добронамерник.
По трибината, групата составена од македонски и грчки граѓани ќе се упати кон Паркот на Жената Борец, каде што ќе биде положено цвеќе на споменикот на децата бегалци од Егејска Македонија, како потсетување на тоа каде може да не однесе национализмот.
Мир, љубов, емпатија!
No related posts.
4 Comment(s)
5 Trackback(s)
- From jovansblog 2.0 » Blog Archive » Македонско - грчки дијалог | May 13, 2008
- From Global Voices Online » Macedonia: Bloggers Emphasize Need for Open Communication with Greece | May 15, 2008
- From Global Voices на македонски » Македонија: Блогерите ја нагласуваат потребата за отворена комуникација со Грција | May 16, 2008
- From » Малку за македонско-грчката средба во Скопје и она што се случуваше викендов Вуна [б]е пер: кај што има кила, правдина нема од 2004 | May 19, 2008
- From Martin Markovski | Dec 23, 2009



Верон | May 14, 2008 | Reply
Мене ме интерeсираат активностите на грчките активисти во Грција? Ќе стане збор за тоа?
[Translate]
Shepard | May 14, 2008 | Reply
секако. можеш да дојдеш и да им поставиш прашање.
инаку еве еден блог баш за директна акција во грција:
http://directactiongr.blogspot.com/
овие се троа порадикални, не ги викаме овие
а инаку луѓево што доаѓаат не палат и горат, туку воглавно организираат трибини, издаваат весници, протестираат и сл. има меѓу нив и интелектуалци и студенти и све.
[Translate]
Филип Стојановски | May 15, 2008 | Reply
Многу интересно ова со пингбек. Автоматски е вградено во Вордпресот?
[Translate]
Александар | May 17, 2008 | Reply
Добро бре, не научивте до сега дека ова не проаѓа!!!!! Нивните весници ќе ги земат нашите „будалетинки“ ќе ги исечат како посебен клип и ете ти АРГУМЕНТ.
Во ова критично време вакви работи само како поен за Грција се. 100 пати ќе ве „стрижат“ и по 101 повторно трчате на „стрижка“
Сега за сега треба моралот на народот да биде висок, а не да се плука на Македонија. Кога Грција ќе не прифати како соседи и ќе го признае Македонското малцинство, ТОГАШ може да правиме дискусии за што понатаму.
Да не бидам погрешно разбран, не сум националист, но ако „плукаш“ на својата земја кога не треба си предавник и тука нема двоумење.
[Translate]